Катанец си отиде, според вас кој од домашните стручњаци треба да го наследи?

Кој да го замени Катанец на селекторската функција?

  • Ѓоко Хаџиевски

    Гласови: 29 15,3%
  • Бобан Бабунски

    Гласови: 9 4,8%
  • Драган Канатларовски

    Гласови: 11 5,8%
  • Никола Илиевски - Џиџи

    Гласови: 15 7,9%
  • Бошко Ѓуровски

    Гласови: 6 3,2%
  • Чедо Јаневски

    Гласови: 57 30,2%
  • Ѓоре Јовановски

    Гласови: 15 7,9%
  • Потребен е странски селектор

    Гласови: 47 24,9%

  • Вкупно гласачи
    189
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Прво беа велигденски, сега се првомајски празници, многу оправдувања зошто изборот на селектор на македонската фудбалска репрезентација застана на првата точка.
Интересно, но иако Македонија е 64-та на ранг листата на ФИФА, забавената процедура е интересна за повеќе стручњаци, па и странски медиуми.
Францускиот Лекип објави дека зад затворени врати ФФМ одлучила селектор да биде Бранко Иванковиќ. Хрватскиот стратег, сепак ја демантираше веста.
Иванковиќ за хрватските медиуми за кои ја отфрли информацијата на обично добро информираниот Лекип, открива дека нашата федерација се уште нема стратегија, дали ќе назначи в.д. тренер или селектор на подолг рок.
Според неговите сознанија таа дилема ќе биде решена во текот на идната недела.
Екс тренерот на Динамо и некогашен селектор на Иран и помошник на Блажевиќ во најдобрите денови на хрватската репрезентација себеси се смета за сериозен кандидат за прв стручњак на Македонија, но и на Албанија со чија федерација исто така разговарал.
Иванковиќ е изненаден од многуте понуди што ги има, за него е чест и привилегија да се биде селектор, но преферира да работи во клуб.
Информациите, пак, од ФФМ се дека до среда нема да има решение врзано со селекторската функција.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830

ivankovic ja odbi albanija kolku samo da znaes i rece deka e golema cest da raboti vo bilo koja reprezentacija. toa mozebi i uspealo SAMO DOKOLKU PRESTOJUVA VO skopje i sledi barem po dva-tri natprevario od mak prvenstvoto mesecno, a odi redovno i vo stranstvo i gi sledi ostanatite nasi nternacionalci a i dovede nekoi novi decki!!! :vozbud::tv:
 
Член од
9 април 2007
Мислења
1.276
Поени од реакции
977
Аврам Грант селектор на македонската фудбалска репрезентација
среда, 29 април 2009
Кирилица дознава дека е остварен контакт помеѓу Аврам Грант и челниците на Фудбалската Федерација на Македонија
Кирилица дознава дека контактот со ФФМ е направен преку федерацијата на Израел. По првичниот контакт поранешниот тренер на Челзи и лично контактирал со челните луѓе во федерацијата на Македонија. Ова претставува нов момент во трката по селекторското место на македонската фудбалска репрезентација. Името на Аврам Грант е секако најзвучното досега од сите кои излегоа на виделина во последните неколку недели. Потсетуваме дека во игра се неколку странски претежно регионални тренери и тројца наши стручњаци. Со најновиот момент во потрагата по селектор, ФФМ ќе има можност да избира и помеѓу еден експерт кој најверојатно би не чинел нешто повеќе. Аврам Грант поголемиот дел од кариерата го минал како тренер и менаџер на репрезентацијата на Израел. Со различни екипи во Израел успеал да освои неколку првенства и купови, истовремено успешно справувајќи се и со обврските во националниот тим.
Грант во 2006-та година заминува во Англија и ја превзема функцијата технички директор на фудбалскиот клуб Портсмут, за потоа во 2007-та да стане фудбалски директор на Челзи. По само два месеци, со оставката на Мурињо, застанува на чело на гигантот Челзи кого го носи до финалето на Лигата на шампионите, финалето на Лига Купот и со кого до последен ден се бори за освојувањето на титулата во Премиер лигата.
Македонската фудбалска репрезентација со доаѓањето на Грант би добила врвен стратег, кој со своето непроценливо искуство може да допринесе во успешното привршување на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2010-та година, каде веќе на 6-ти и 10-ти јуни треба да настапиме против Норвешка и Исланд.
 
ZNAJME DE ZA TO!!!:vozbud:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Бранко Иванковиќ ќе биде тренер.Преговорите се завршна фаза.
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
чеде ако го отпушта од звезда најдобро ќе биде да ни биде селектор,а ако остане тогаш најдобро е да дојде иванковиќ.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Иванковиќ е повеќе од очигледно дека ке биде нашиот иден селектор. Дојде тука па со медиуми ова она. Готово. Финито. Решено. Он е.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Мислам дека Ѓоре Јовановски би можел нешто да направи.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
148
Поени од реакции
3
Вујадин Станојковиќ,со оглед дека играше за онаа добра генерација на Вардар,во силниот Партизан,а има и кфалификации и светско првенство во дресот на Југославија во 1990 во Италија.За истата репрезентација ги изигра и кфалификациите за еуро 1992 кога земјата беше дискфалификувана поради санкции.Помошник тренер на Катанец и мислам дека ова е едно огромно искуство со оглед и на фактот што некое време беше и тренер на Македонија Ѓ.Петров.Овие другиве се сите од рангот на Катанец.Ништо повеќе,ништо помалку.Вујадин заслужува да стане селектор по мое субјективно мислење.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
najdobro biu bilo nekoj od Germanija,da vovedit nekoja disciplina+motivacija vo reprezentacijata i FFM pa tek togas da se nadevame na nekoj podobri rezultati,a ne ko ovie do sega mesto da gi motiviraat igracite tie gi zaplasuvaat bilo da sme igrale protiv Anglija ili Andora.....
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
najdobro biu bilo nekoj od Germanija,da vovedit nekoja disciplina+motivacija vo reprezentacijata i FFM pa tek togas da se nadevame na nekoj podobri rezultati,a ne ko ovie do sega mesto da gi motiviraat igracite tie gi zaplasuvaat bilo da sme igrale protiv Anglija ili Andora.....

Да да , или од Бразил да гледаме малку атрактивни потези мене тоа повеке ми се свига!!!:vozbud:

:uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo::uvo:

Абе луге дај озбилите се малце и не трескајте туку така зелени колку да се пише нешто.
Се знае најдобро решение што е да си се постави домашен стручњак кој ке ги познава нашите играчи и нивните способности и кој ке знае каде играат нашите фудбалери и нивната моментална форма!!!
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Се знае најдобро решение што е да си се постави домашен стручњак кој ке ги познава нашите играчи и нивните способности и кој ке знае каде играат нашите фудбалери и нивната моментална форма!!!
Негативно во тоа да биде домашен селектор е Македонскиот синдром на врски. Ке се ставаат играчи во прв тим заради што некојси пријател негов син му играл во Пелистер или некаде во Бугарија добро па ај да му врати услуга. Или пак од нашиве си имаат миленици меѓу фудбалерите па ке форсираат еден па ист. Подобро странец кој нема кој да му упикува врски а и нема да ги знае лично пред тоа играчите доволно за да ги фаворизира.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom