- Член од
- 9 април 2009
- Мислења
- 3.183
- Поени од реакции
- 3.830
more smena na igracite koi za svoite klubovi igraat ko magarinja a za reprezenatacijata se praat zvezdi. naumoski e isklucok!Нас никој не може да не опраи,смена на ФФМ и :sekss:
more smena na igracite koi za svoite klubovi igraat ko magarinja a za reprezenatacijata se praat zvezdi. naumoski e isklucok!Нас никој не може да не опраи,смена на ФФМ и :sekss:
ivankovic ja odbi albanija kolku samo da znaes i rece deka e golema cest da raboti vo bilo koja reprezentacija. toa mozebi i uspealo SAMO DOKOLKU PRESTOJUVA VO skopje i sledi barem po dva-tri natprevario od mak prvenstvoto mesecno, a odi redovno i vo stranstvo i gi sledi ostanatite nasi nternacionalci a i dovede nekoi novi decki!!! :tv:Прво беа велигденски, сега се првомајски празници, многу оправдувања зошто изборот на селектор на македонската фудбалска репрезентација застана на првата точка.
Интересно, но иако Македонија е 64-та на ранг листата на ФИФА, забавената процедура е интересна за повеќе стручњаци, па и странски медиуми.
Францускиот Лекип објави дека зад затворени врати ФФМ одлучила селектор да биде Бранко Иванковиќ. Хрватскиот стратег, сепак ја демантираше веста.
Иванковиќ за хрватските медиуми за кои ја отфрли информацијата на обично добро информираниот Лекип, открива дека нашата федерација се уште нема стратегија, дали ќе назначи в.д. тренер или селектор на подолг рок.
Според неговите сознанија таа дилема ќе биде решена во текот на идната недела.
Екс тренерот на Динамо и некогашен селектор на Иран и помошник на Блажевиќ во најдобрите денови на хрватската репрезентација себеси се смета за сериозен кандидат за прв стручњак на Македонија, но и на Албанија со чија федерација исто така разговарал.
Иванковиќ е изненаден од многуте понуди што ги има, за него е чест и привилегија да се биде селектор, но преферира да работи во клуб.
Информациите, пак, од ФФМ се дека до среда нема да има решение врзано со селекторската функција.
ZNAJME DE ZA TO!!!Аврам Грант селектор на македонската фудбалска репрезентација
среда, 29 април 2009Кирилица дознава дека е остварен контакт помеѓу Аврам Грант и челниците на Фудбалската Федерација на МакедонијаКирилица дознава дека контактот со ФФМ е направен преку федерацијата на Израел. По првичниот контакт поранешниот тренер на Челзи и лично контактирал со челните луѓе во федерацијата на Македонија. Ова претставува нов момент во трката по селекторското место на македонската фудбалска репрезентација. Името на Аврам Грант е секако најзвучното досега од сите кои излегоа на виделина во последните неколку недели. Потсетуваме дека во игра се неколку странски претежно регионални тренери и тројца наши стручњаци. Со најновиот момент во потрагата по селектор, ФФМ ќе има можност да избира и помеѓу еден експерт кој најверојатно би не чинел нешто повеќе. Аврам Грант поголемиот дел од кариерата го минал како тренер и менаџер на репрезентацијата на Израел. Со различни екипи во Израел успеал да освои неколку првенства и купови, истовремено успешно справувајќи се и со обврските во националниот тим.
Грант во 2006-та година заминува во Англија и ја превзема функцијата технички директор на фудбалскиот клуб Портсмут, за потоа во 2007-та да стане фудбалски директор на Челзи. По само два месеци, со оставката на Мурињо, застанува на чело на гигантот Челзи кого го носи до финалето на Лигата на шампионите, финалето на Лига Купот и со кого до последен ден се бори за освојувањето на титулата во Премиер лигата.
Македонската фудбалска репрезентација со доаѓањето на Грант би добила врвен стратег, кој со своето непроценливо искуство може да допринесе во успешното привршување на квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во 2010-та година, каде веќе на 6-ти и 10-ти јуни треба да настапиме против Норвешка и Исланд.
najdobro biu bilo nekoj od Germanija,da vovedit nekoja disciplina+motivacija vo reprezentacijata i FFM pa tek togas da se nadevame na nekoj podobri rezultati,a ne ko ovie do sega mesto da gi motiviraat igracite tie gi zaplasuvaat bilo da sme igrale protiv Anglija ili Andora.....
Негативно во тоа да биде домашен селектор е Македонскиот синдром на врски. Ке се ставаат играчи во прв тим заради што некојси пријател негов син му играл во Пелистер или некаде во Бугарија добро па ај да му врати услуга. Или пак од нашиве си имаат миленици меѓу фудбалерите па ке форсираат еден па ист. Подобро странец кој нема кој да му упикува врски а и нема да ги знае лично пред тоа играчите доволно за да ги фаворизира.Се знае најдобро решение што е да си се постави домашен стручњак кој ке ги познава нашите играчи и нивните способности и кој ке знае каде играат нашите фудбалери и нивната моментална форма!!!