Кастрирање / Стерилизирање на милениците

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.902
Plashlivi? Jas koga go zemav moeto kuche, se plasheshe od laenje, t.e ushte od 5 nedeli se plasheshe.
Lu mi e svedok, vide kolku beshe isplashena od nejzinata dobermanka. Po mesec dena, pochna da se druzhi so kuchinja duplo pogolemi od nea bez problem. Go napraviv moeto kuche plashlivo?
Krevko? Ne dozvoluvam vo soba da mi spie, a ne pa na krevet! Si znae kade i e mestoto. Povekjeto vreme spie na beton iako ima ogromno krevetche samo za nea. I ako ne e prirodno seto toa, zoshto voopshto chuvame kuchinja, shto ne si ostanat vo divina?
Sepak ima razlika ovie planinskive kucinja se soocuvaat so goveda od mali so se desetina pati poteski od niv gi vodat tocno kade sto treba bez niedno da izmrda ovie ovcarskive se soocuvaat so glutnica volci ako nemaat hrabrost ke umrat... nemaat izbor... se hranat so toplo mleko i bajat leb i pak imaat prekrasno krzno i se mnogu zdravi. Kako i da e sekoja ti cest kako go gledash kuceto samo so nametnuvanje na avtoritet ke te slusa cel zivot.
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Sepak ima razlika ovie planinskive kucinja se soocuvaat so goveda od mali so se desetina pati poteski od niv gi vodat tocno kade sto treba bez niedno da izmrda ovie ovcarskive se soocuvaat so glutnica volci ako nemaat hrabrost ke umrat... nemaat izbor... se hranat so toplo mleko i bajat leb i pak imaat prekrasno krzno i se mnogu zdravi. Kako i da e sekoja ti cest kako go gledash kuceto samo so nametnuvanje na avtoritet ke te slusa cel zivot.
Eve kje zemam primeri: Avstraliski ovchar. Na ovie kuchinja instinktite za chuvanje na ovci im se budat duri od 8 nedeli, i zaradi toa, ne se preporachuvaat za semejstva so mali deca- kje pochnat da gi chuvaat decata kako ovci. Erdel terier (jas chuvam primerok od ovaa rasa). Instinktite za lovenje kaj moeto kuche se javija od 3-4 meseci shto e najnormalno kaj Erdelite. Znachi bukvalno se shto se mrda, kje brka, zatoa ovie kuchinja treba da se chuvaat vo dobro zagradeni golemi dvorovi, vo sprotivno kje go brkaat zhivotnoto i kje se izgubat. (Toa isto taka vazhi i za drugite rtovi) Epanjol Breton (chichko mi chuvashe vakvo kuche). Ushte od 8 nedeli brkashe ptici, kako sekoj normalen Bretonec.

Instinktite ne mozhat da se skrotat kaj kuchinjata, tie zhiveele, zhiveat i kje zhiveat vo chopor. Ne postoi razgaluvanje na kuchinjata, tuku samo dopushtanje n niv da go prevzemat choporot. I tie shto si mislat.deka gi razgaluvaat svoite kuchinja- ne gi razgaluvaat, tuku im sluzhat, robovi im se.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.902
Eve kje zemam primeri: Avstraliski ovchar. Na ovie kuchinja instinktite za chuvanje na ovci im se budat duri od 8 nedeli, i zaradi toa, ne se preporachuvaat za semejstva so mali deca- kje pochnat da gi chuvaat decata kako ovci. Erdel terier (jas chuvam primerok od ovaa rasa). Instinktite za lovenje kaj moeto kuche se javija od 3-4 meseci shto e najnormalno kaj Erdelite. Znachi bukvalno se shto se mrda, kje brka, zatoa ovie kuchinja treba da se chuvaat vo dobro zagradeni golemi dvorovi, vo sprotivno kje go brkaat zhivotnoto i kje se izgubat. (Toa isto taka vazhi i za drugite rtovi) Epanjol Breton (chichko mi chuvashe vakvo kuche). Ushte od 8 nedeli brkashe ptici, kako sekoj normalen Bretonec.

Instinktite ne mozhat da se skrotat kaj kuchinjata, tie zhiveele, zhiveat i kje zhiveat vo chopor. Ne postoi razgaluvanje na kuchinjata, tuku samo dopushtanje n niv da go prevzemat choporot. I tie shto si mislat.deka gi razgaluvaat svoite kuchinja- ne gi razgaluvaat, tuku im sluzhat, robovi im se.
Za ova si totalno vo pravo inache si odbral prava rasa Erdel terierot mi e megju najubavite od terierite :)
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Da, no i najkomplicirani za chuvanje se. Osobeno mazhjacite. Zatoa se preporachuva kastriranje, vo sprotivno kje begaat i nema da bidat tolku privrzani za gazdata koga kje im bide vreme za parenje.
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
„Кај некастрираните кучиња, нагонот за репродукција е многу силен. Женките и мажјаците се многу мотивирани да пронајдат партнер. Женките по правило имаат циклус двапати годишно, па и тие и мажјаците во тоа време ќе настојуваат да се пронајдат еден со друг за да се спарат

Мажјаците се во состојба да поминат многу километри за да дојдат до женка со која ќе се парат
Некои се подготвени да совладаат неверојатни препреки, од далечина до високи огради. Стерилизацијата на кучињата, и на мажјаците и на женките, е добар начин со кој самите можете да спречите создавање несакани животни кои потоа завршуваат на улица.
Мажјаци
Мажјаците предничат во бегање поради парење. Тешко е да им го ограничите движењето и, ако се наоѓа женка во близина, особено ако е плодна, тие ќе направат сѐ за да дојдат до неа. Оние што не можат да излезат од дома, често одбиваат да јадат, поради тага ќе почнат и да плачат или ќе станат невообичаено мирни. Решение за овој проблем е стерилизација, бидејќи така кучето ја губи мотивацијата за бегство и престанува неговата фрустрација.
Мажјаците се во состојба да побегнат и да поминат многу километри за да дојдат до женка со која ќе се парат. Ако не ја најдат на својата територија, ќе отидат и подалеку. Тоа носи многубројни опасности, тргнувајќи од тоа да не можат да се вратат дома, да завршат во стационар или да се вратат потполно исцрпени, повредени и со заплеткано крзно.
Женки
Интересно е дека женките во текот на циклусот произведуваат феромони кои мажјаците можат да ги намиристаат и на оддалеченост од пет километри. Затоа не се чудете ако вашата кучка во тој период има повеќе додворувачи.
На врвот од циклусот кучката ќе биде многу заинтересирана за мажјаци, па исто така ќе се труди да дојде во контакт со нив.
Кога циклусот ќе помине, најдобро е да ја стерилизирате“.

Ова е напишано од ветеринар и се сложувам со напишаното. Што имате вие да кажете за ова?
 
Член од
17 мај 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво, ми треба совет од некој со добро познавање на ветерината или со слично искуство. Имам женка пекинезер (всушност, повеќе личи на тибетски шпаниел и е со маалку поголем раст од повеќето пекинезери кои сум ги видела, меѓу кои и мајка и :D). До сега не е парена и дилемата ми е дали да ја парам или да ја стерилизирам. Не сум против стерилизација кога навистина треба, но не би сакала јас да и одземам нешто од природата дадено, заслужува барем еднаш да осети како е да биде мајка. :unsure: Од друга страна, сум слушнала за неколку случаи каде пекинезерките умреле на пораѓај затоа што не можеле да ги извадат малечките, па не знам колку често се случува. Не би си простила ако не можи да се породи. :( Има ли некој начин да дознаам дали ќе може да има нормален пораѓај (нели, како кај бремените жени што се мери карлицата и ако се заклучи дека не можи нормално да се породи се оди на царски :icon_lol:)?
 
Член од
25 јули 2014
Мислења
28
Поени од реакции
8
Eдна работа не ми е јасна. Во претходните постови читав добри и лоши искуства кои сте решиле да ги "цензурирате". Зашто?

Нели треба да се учиме од туѓите искуства. Спомнете ги ветеринарите кој ви ги осакатиле милениците како и оние кои професионално работеле.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Eдна работа не ми е јасна. Во претходните постови читав добри и лоши искуства кои сте решиле да ги "цензурирате". Зашто?

Нели треба да се учиме од туѓите искуства. Спомнете ги ветеринарите кој ви ги осакатиле милениците како и оние кои професионално работеле.
Bi se slozila so tebe, no do odreden stepen. Veterinarnoto iskustvo e individualno i veterinarite znaat da napravat greshka- lugje se. Sepak zivi sushtestva se vo prashanje a ne samo masini koi treba da se popravat i vo medicinata/veterinata ne postoi neshto sto e egzaktno 100%. Veterinarot moze da napravi sve kako shto treba i bez nikakva greshka, a zivotnoto da ne moze da go izdrzi toa. Ako iskustvoto od eden veterinar se pokazuva kako negativno vo nekolku navrati, ondak, da, smetam deka treba da bide spomenat, no samo edno negativno iskustvo, ne znaci deka veterinarot treba da bide prozvan.

Se izvinuvam za latinicava.
 
Член од
25 јули 2014
Мислења
28
Поени од реакции
8
Во право си, но не зборувам за тие случаи. Мислам дека и ние сме свесни за тоа дека и они може да погрешат. Но во случајов со Мајло, немам коментар и ме чуди зашто не ги спомне со име. Јас исто имам миленик и може да отидам кај тие касапи по грешка.

Исто така има доста ветеринари што не се замараат со совети, не се услужливи, туку само сакаат да ти ги земат парите.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Абе праша као компир на пазар да купуваш.
Зависи од ветеринар и од големина на куче.
Па веќе имаме пишувано на темава само ме интересираат цени од до кај повеќе ветеринари од ваши искуства,а според имево очигледно е пинч чувам...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.947
Поени од реакции
73.659
Веројатно многупати се дискутирало на оваа тематика на форумов, меѓутоа општата тема за мачките е некако обемна и тешко е да се најдат соодветните одговори :icon_mrgr:

Во изминативе години чував неколку мачори и сите имаа трагична судбина по само 1-2-3 години живот. Живеам во куќа, меѓутоа мачорите покрај тоа што седат во куќата, голем дел од времето минувале и надвор. Со оглед на тоа што сите сум ги вдомувал од улица, сеуште го имале тој див дел во себе и не се однесувале како целосно домашни мачори кои цел живот би го минале затворени или најдалеку би оделе во границите на куќниот двор. Најголемиот дел од нив се движеле на радиус од 100-тина метри околу куќата, но сепак во три случаи мачорите ми беа отруени, а последниот го згази кола.
Две од нив не одеа ни 20 метра од куќава, но зимно време од општина фрлаат отров по улиците и ги снајде трагична судбина. Од тоа што сум читал, една од работите кои може да ти помогне да мачорот ти стане "подомашен" е да му се направи кастрација, со што хируршки би му се отстраниле тестисите и повеќе ќе го нема тој нагон за бркање мачки, обележување територии, борби за територии и мачки со други мачори итн.
На тој начин, многу поверојатно е дека мачорот ќе седи или во куќата или во нејзина непосредна близина, па помала е шансата да му се случи незгода од гореспоменатите типови.
Не сум читал многу на оваа тема, веројатно имам и некои грешни констатации, па затоа би сакал да ги чујам вашите мислења :icon_mrgr:

На темава би сакал да чујам искуства на сопственици на миленичиња кои извршиле нивна кастрација.
1. Дали е вистина дека мачорот ќе почне да губи интерес за обележување територии и борби со други животни?
2. Дали во почетниот период по кастрацијата, мачорот би се однесувал потромаво или похиперактивно во куќата? Дали ќе почне да седи како мртво пувало без воља за живот и ако е така, колку отприлика би траела оваа фаза?

Од друга страна, се поставува и едно морално и етичко прашање :icon_mrgr:
Со кастрација, многу веројатно дека би му го продолжиле животот, или барем би ги намалиле шансите да му се случи некоја незгода која настанува додека се оддалечува од домот. Но, гледано од негова перспектива, му ја ускратуваме шансата да си го живее животот како што би го живеел ако не е кастриран. Да си брка мачки, да се размножува, да се бори со други мачори итн. На некој начин себично би било да му ги скратиш сите овие фази низ кои би минал во животот и веројатно многу повеќе би уживал, отколку да седи мирно до тебе :icon_mrgr:

Новиов мачор кој го чувам во моментов е во периодот кога дома доаѓа само за јадење и веднаш изгледува да се бори и да брка мачки. Можеш да го тргнеш мачорот од улица, но не и улицата од него :P Скоро со секој мачор имам вакви проблеми во јануари, февруари и дел од почетните летни денови. Од последната битка излезе со повреда на ногата по која не можеше да гази на истата неколку денови. Му ја предложив идејата за кастрација на татко ми, но он не се согласи ни под разно да се направи нешто такво, од моралните причини кои ги набројав погоре.

Ваше мислење и искуство на оваа тема? :icon_mrgr:
Истотака, колку чини еден ваков зафат во Македонија, каде е најдобро да се направи и дали е опасен по животот на самото маче? :D
 
Член од
10 февруари 2016
Мислења
5
Поени од реакции
3
Уште еден добробит од кастрирањето кое не си го спомнал - е намалување на улични мачки.
Кога ти го пушташ твојот мачор надвор да брка мачки и да се пари, он прави нови мачиња кои ги раѓаат нестерилизирани мачки. Тие мачиња остануваат на улица ако мачката е улична, многу ретко се вдомуваат ако мачката/мајка е домашна, а најчесто познавајќи го нашиот менталитет или остануваат фрлени покрај некој контејнер, или врзани во ќесе и од мост доле во Вардар.
Мојот мачор е кастриран на старост. Имаше 4 години кога го кастрирав. Домашен мачор си беше и преддтоа не излегуваше надвор, но кога му идеше периодот беше неподнослив и ми бележеше територии дома.
После долго истражување мислења се решив да го кастрирам, кога видов дека тоа е поздраво за нив и дека нема многу да им промени во животот, плус дека они не се парат од потреба туку од инстинкт и нагон.
Можам да ти кажам дека добро се поправи откако е кастриран, не е мртво пувало напротив приметив дека откако е кастриран многу повеќе си игра и шансите да се разболи од полови болести се многу помали.

Додека ти се гордееш што имаш алфа мачори, тој надвор прави мачиња кои најчесто остануваат невдомени.
Мое мислење.:toe:
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Прво одговор на прашањата.

1. Да, дефинитивно. Јас во главно и затоа го кастрирав мачорот. Ми прскаше низ цел стан, плус знаев дека ако го оставам така евентуално ќе избега.
2. По операцијата е апла тромаво, нормално ради инекција и анестезија. Во следните неколку недели ќе му треба време да се опорави. Ќе биде и те како помирен. Али евентуално ќе спласне тоа и ќе се врати на старите навики. Воопшто нема да има трајна промена во неговиот карактер, освен тие недела-две додека уште го држи од операцијата. Не, воопшто нема да стане тромав и досаден, освен ако од старт не бил таков :D

Е сеа, друга битна ствар. Уопште не треба да се секираш за одземање на „машкоста“ и скратувањето на неговото право да го живее животот „како што сака“. Не сум експерт за ова, но сум зборел со психолози кои ми имаат кажано дека една од работите кои ги разликуваат луѓето од животните е тоа што животните имаат само емоции, а луѓето имаат и емоции и чувства. Емоциите кои тие ги имаат се ептен базични и не се класифицирани онака како што ние сме ги поделиле. Тие чувствуваат само 4 емоции, радост, тага, страв и гнев. Како и да е, животните комуницираат меѓу себе „мјау мјау„ и „аф аф“, но не „општат“, не дискутираат и не разменуваат мненија како што тоа го прават луѓето. Тоа значи дека едно животно не може на друго да му опише како е да се чувствува нешто кое другото животно не го чувствува. И затоа кај нив не може да се развие класифицирање на „чувства“ и таа напредна свест која постои кај луѓето. И сега, како во случајов, ако мачорот си живеел некастриран, па по некое време си го кастрирал, тој нема да има чувство „еј, ме заебаа“, односно нема да знае дека нешто му било одземено. Воопшто го нема тоа во својата свест. Едноставно тој ќе си биде кастриран, и ќе си го живее животот нормално, како така да треба да е. Токму од овие причини, некое животно никогаш не може да биде „виновно“ за своето однесување и затоа треба да постојат здруженија за животни, али ајде, тоа е друг муабет.

Такада за кастрација од морален аспект воопшто не треба да се грижиш. Дури, кога би направиле чекор напред, кастрацијата е многу поморален избор. Не му одземаш радост ти на него на никој начин, бидејќи тој го нема чувството на онаа „среќа“ каква што ние ја познаваме. И тој никогаш нема да е „среќен“ или „тажен“ во однос на тоа дали е кастриран или не. Напротив, ќе си живее природно. А со тоа што ќе го кастрираш, ко што рече членот над мене, ја ускратуваш можноста уште 10 мачиња да се родат заради таа негова потреба и да гледаш уште толку мачиња како ги трујат и ги газат по улица. Ова уште поакцентирано е кај кучињата. Секојдневно има луѓе кои не ги разбираат овие работи и се бунат зошто имало премногу кучиња на улица, зашто „дививе кучишта напаѓале и касале“, а за тоа ги прават виновни самите животни. Животните немаат никаква вина, туку ние луѓето како најсупериорен и најнапреден вид на планетава ја имаме одговорноста да го заштитиме светот околу нас. Секоја животинска постапка е одраз на човеково делување, и човекот и само човекот треба да преземе одговорност за ваквите дејствија. Доколку повеќето луѓе ги кастрираат и стерилизираат домашните миленици, ќе има многу помалку улични животни, а со тоа и многу помалку инциденти. Само ние луѓето можеме да влијаеме врз ова, да помогнеме или да одмогнеме.

Такада воопшто немај гајле, на никој начин кастрација или стерилизација на домашно милениче не е лоша постапка :)

П.с: Цена за мажјак е околу 1000 денари и е многу едноставна операција, а за женка е околу 2000 и е малце покомплицирана, но сепак најчесто нема големи проблеми.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom