Кастрирање / Стерилизирање на милениците

Night

Husky King
Член од
22 август 2012
Мислења
9
Поени од реакции
2
Sakam da prasam kolku cini da se sterilizira edna zenka haska... Planiram odkako ke kupam da ja param nekojku pati so prav haski mazjam, a potoa po nekolku legla da ja steriliziram, pa bi sakal da ja znam cenata za toj potfat...
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.591
Поени од реакции
924
Sakam da prasam kolku cini da se sterilizira edna zenka haska... Planiram odkako ke kupam da ja param nekojku pati so prav haski mazjam, a potoa po nekolku legla da ja steriliziram, pa bi sakal da ja znam cenata za toj potfat...
Мене ми зедоа 1700 денари :)
 
Night

Husky King
Член од
22 август 2012
Мислења
9
Поени од реакции
2
Hahaha, ova me potseti na eden vic za kastriranje: Eden seljak go prasuvat dali e Za za da se kastriraat kucinjata vo Makedonija? On vika :Sto e toa kastriranje o_O ? I ovoj mu vika... Pa da se skopat.
I seljakov vika :A zosto? I ovoj mu vika:Pa za da ne gi napagjaat gradjanite. I seljakov vika : Pa togas jas sum ZA za da im se izvadat zabite! I ovoj vika a zasto zabite ? I seljakov vika : Pa koa kuce trci po mene, trci za da me ugrize, a ne za da me *** ....:facepalm::pos:
 
Член од
12 септември 2012
Мислења
8
Поени од реакции
0
Здраво дечки. Сакав моето кутре еднаш да го спарам чисто заради нејзино здравје но сега читам дека едно парење не е доволно како превентива од разните болести и дека треба или да ја парам на секој/секој втор циклус или да ја стерилизирам.
Што е подобро? Еднаш да ја спарам па да ја стерилизирам или уште пред вториот циклус да ја стерилизирам зошто ако ја парам значи тек после третио циклус би ја стерилизирала а прочитав дека веќе после третиот стерилизацијата не заштитува од болестите на матката и млечните жлезди.
Ве молам за одговор.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.834
Поени од реакции
2.388
Мислам дека постои некоја општа заблуда дека кучката мора да се спари заради здравје. Јас лично не се сложувам со тоа. Парењето обично го препорачуваат поради страв од пиометра,која немора да значи дека ако се кучката спари таа понатаму е ослободена. Стерилизацијата исто така е еден виде на намалување на ризикот од пиометра, или тумори на млечните жлезди, не постои правило, кои можат повторно да се појават,но тоа се многу ретки примери кои се бројат на прсти. Тоа дека после третото терање стерилизацијата не заштитува не е точно, мој колега стерилизираше сега кучка стара скоро 8 години. Не постои никогаш сто постотна гаранција, мегутоа стерилизацијата е еден вид на превенција во секој случај
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
371
Поени од реакции
383
Мојата четиригодишна мачка се котеше по (3) три пати во годината. Првпат се омачи на 11 месеци. Значи, 9 пати по 3 или 4 малечки. Чинот е вистинско доживување: како инсистира да бидеш покрај неа додека роди (ако ти е приврзана) , па како исчистува апсолутно се што ќе излезе од неа и на крај остануваат само малечките, измиени и веќе по еден час душкаат (оти 7-10 дена не гледаат) и се претураат едно преку друго да цицаат. Мајката е друга приказна, колку е предана и трпелива, а кога ќе потпораснат како ги дисциплинира но и си игра со нив и ги учи на потребните боречки и ловечки вештини.

Сепак, со таква хиперпродуктивност, и тешкотиите да се вдомат малечките (кој нема работа нека прави математика) за жал морав да се решам да ја однесам на отстранување на матката и јајчниците. При операцијата се откри дека била полна тумори кои наскоро можеле да и го загрозат животот. За среќа, нејзиниот „матичен“ ветеринар е многу способен и искусен човек, одговорен и професионален до крај.

Сакам да кажам дека одлуката да се стерилизира миленичето не е лесна, но има многу хумани причини поради кои е оправдана. И јас ја сметав иронична теоријата дека со кастрирањето му се подобрува квалитетот на животот на миленикот. Но околностите ме уверија дека има вистина во тоа.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.834
Поени од реакции
2.388
Поттикната од многуте дискусии во врска со стереотипите за овие зафати,како и со проблемот на скитници со кои се соочуваме
секојдневно, би сакала да објаснам што всушност представува стерилизацијата/кастрацијата на животните, и кои се нивните
предности. Дел од ова што е напишано е потпомогнато од колешката Лигеја

Што е кастрација и стерилизација?
- Тоа се хирушки зафати со што се одстрануваат репродуктивните органи на животните.

Многу луѓе имаат сфаќања дека ваквата процедура е опасна или не е хумано да им се направи тоа на животните. Но сите тие забораваат дека прво животните се водени од инстинкти и тие немаат потреби како што имаме ние луѓето. Едно животно во текот на својот живот може и да не остави поколение и кај него нема да настанат никакви проблеми. Од друга страна предноста кај кастрираното животно е тоа што ќе биде помирно, доколку имате женка ќе ги избегнете проблемите со насобирање на потенцијални зетовци пред вратата или несакана бременост. Доколку имате мажјак ќе немате проблеми кога ќе намириса женка во циклус, ќе немате проблеми со постојани борби за доминација со други мажјаци како и мочкање на секое стебленце во паркот.
Потоа, кога веќе сте решиле да добиете легло(бидејќи сакате вашиот миленик да остави поколение?!) се соочувате со проблемот подигање на леглото а потоа и продажба или вдомување на кутрињата. Епа драги мои, не иде тоа секогаш така лесно. Многу често тие кучиња завршуваат на улица, препуштени сами на себе, а ние имаме проблем со преголемиот број на скитници.Сфатете дека кученцата кои што ќе дојдат на свет НИКОГАШ нема да бидат како вашиот миленик, колку и да наликуваат на него!

Друго, тука се и медицинските проблеми, со стерилизацијата се намалуваат шансите за појава на голем број опасни заболувања,како што е пиометрата, многу тешка и фатална болест.

Не сакам да зборувам за унакажувањето на расите,како и за генетските болести кои се специфични за нив, а и те како се пренесуваат поради недоволната едукација на луѓето кои се впуштаат во овој ,,спорт,,.

Следниот пат пред да се впуштите во авантурата со парењето, запрашајте се дали сте во можност на новите животи кои ќе се родат да им овозможите соодветен живот кој го заслужуваат.

На крај, зафатот којшто максимум трае 30-45 мин, кој воопшто не е опасен по животот на вашиот миленик, може да му овозможи
мирен дури и подолг живот. Затоа размислете добро дали вашите аргументи ги надминуваат моите аргументи кога(ако) решите да кажете не за кастрацијата.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43

Ме интересира колку чини ова,зошто размислувам и јас за оваа тема,и во кој период е најубаво да се направи,дали има врска со возраста?
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 14:06 ---

Секој ветеринар си има различна тарифа, ама мислам дека се движи помеѓу 1500 и 3000 денари-груба проценка. Мое мислење е дека кастрацијата може да се прави после третиот месец. Инаку возраста нема некоја врска, имам колега шѕо ја стерилизираше кучката на 8 години, нормално предуслов е кучето да е здраво.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
452
Кучката може да се стерилизира на било која возраст, но најдобро за нејзиното здравје долгорочно е ако се стерилизира по можност уште пред настапувањето на првиот циклус. На тој начин се намалува многукратно можноста од појава на други компликации од тип на тумори на гениталниот тракт, млечните жлезди, и ред други компликации.
На пример грубо кажано, ако се стерилизира пред првиот циклус, можноста за појава на тумор на млечната жлезда на пример сте ја намалиле за некои 80% а после првиот циклус и понатаму само за некои 20% А таквите тумори знаат да бидат доста комплицирани со тоа што може да бидат и малигни, па да метастазираат, итн.... нивното отстранување повлекува нови хируршки интевенции..... ако не планирате да имате малечки,најдобро е да се стерилизира што побрзо. Во секој случај, на која возраст и да е, не можете да згрешите со стерилизацијата, може само да му помогнете на кучето.
 
Член од
4 август 2011
Мислења
35
Поени од реакции
14
Значи вака сакам да добијам совет и мислења од сите вас за да постапам како што треба. Мојата приказна започна вака...Една вечер кога си идев од шетање само што не сум стигнал до прагот слушнав некакво мјаукање,се подвратив и на патот видов едно прекрасно маче кое се тресеше,бидеќи ја обожавам животни ненормално го зедов и тоа ми се пикна во ракавот од елекот и неможев да го извадам па бев приморан да го внесам дома.Послем извесни расправии со моите мачето остана да живее со нас и порасна во вистинска згодна мачка :icon_lol:. Како и секоја мачка остана смачна но нешто не беше во ред се омаче пред време и мачината не поживеаја но затоа втората (бременост :vozbud:) и помина како што треба на свет донесе 3 мачиња кои јас немам можност да ги израснам...можам да ги цувам само 2 месеци најповеќе и планирам да ги раздавам на љубители на миленици но малите мачиња имаат болви.Моите прашања до вас се:
-Што да користам за да ги уништам болвите на малите мачиња?
-Дали да ја кастрирам мачката пошто живеам во стан и неможам да се грижам за секое нејзино омачување?
Вашите совети многууу ќе ми значат. Благодарам однапред :)...И еве слика од мојата мачка која нема име :D
capture-20130701-100743.png
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.834
Поени од реакции
2.388
За болвите можеш да користиш неопетроид и да,кастрирај ја слободно и ќе немаш проблем. :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.283
Мачката е преубава, а тоа што си се заинтересирал за стерилизација е прекрасно. Ќе и направиш нејзе услуга, а пред се и на себе (а да не зборам, за потомствата што би ги оставила). Болвичките кај малите, ако ти е језа сам по дома да ги средуваш, однеси ги во најблиска ветерина, и ќе ги испрскаат со пудра (ја забораив како се вика, секад ја забораам, мене Диме ми ги средува :)). Али пред да ги подариш ѕверовите, прочисти ги и од глисти. После стерилизација, ќе треба да внимаваш само со оброците, да не претеруваш, пошто иако е индивидуално, поголемиот дел од стерилизираните животни се склони кон дебелеење, ако немаат доволна физичка активност.

Мило ми е што совеста кај луѓето се повеќе расте, повеќе се едуцираат во однос на стерилизација/кастрација, а со тоа се спасуваат премногу невини животи :love:
 
На врв Bottom