Нели до нова година ќе ви ја легализираа за медицински цели?
Имаше вест дека и Карелата лечи канцер, како па да не.
Многу забуни има помеѓу луѓето во толкувањето на зборовите - термините и резултатите од испитувањата, па затоа е мнгоу тешко да се дојде до заклучок што работи а што не, бидејќи има премногу вариации, а канцерот е премногу комплексен.
Дел од забуната доаѓа од погрешно преведување на термините во медицината, инхибицијата се превердува како лечење, ин витро испитувањата се постираат како доказ иако немаат допрична точка со реалноста и ефикасноста, или испитувања во кои нема пласебо контрола генерално - се тоа е маркетинг булшит.
Така што ако одредена билка - супстанца, екстракт или било што има ефект, истиот ефект ќе биде лимитиран и ограничен
ОД МНОГУ различни фактори.
1. Годините и состојбата на пациентот
2. Фазата на болеста
3. Дали канцерот во подоцна фаза ќе стекне отпорност на третманот, и ќе се рашири.
4. Каква достава (абсорција) се постигнува и се користи во третманот
Пример, ако на пациент му дадеш Турмерик, во доза од 2 грама на ден онака само прашак да голтне со вода без масло, црн пипер, наместо во напредна липосомска форма, или најдобро од се во повеќе разни форми на достава (третман преку повеќе трансфер механизми во телото) тогаш ќе се дојде до заклучок дека истиот е не-ефикасен, или дека е ефикасен ако правилно се користи, се разбира ако канцерот на дадените пациент не е во напредна фаза - ова е само едно објаснување зошто толку многу различни ставови, искуства, има за одредени третмани на канцер.