Здраво на сите
еве да споделам едно искуство со ракот на панкреас на татко ми, не дај боже на некој да треба, ама барем имајте референца и претходни искуства.
После 2-3 месеци испитувања во БТ заради болки во стомакот (џигерот бил, хеликобактер дрн дрн), конечно во мај 2016 се откри тумор на панкреас и се оперира (Випл метода). Прогнозите беа добри, категорија 2Б, малце хемотерапија и топ ќе биди.
На државна не ни знаеја за моменталниот стандард за хемотерапија во овај случај, Гем-Кап протокол, сакаа само Гемцитабин да му даваат:
https://www.oncologynurseadvisor.com/asco-2016-annual-meeting/adjuvant-gemcitabine-capecitabine-new-standard-of-care-for-resected-pancreatic-cancer/article/501230/
ОК ја поднесе, без никакви компликации, помина 5 циклуси, до Дек 2016, тумор маркери ОК (во меѓувреме земавме суплементи како ТХЦ масло, алое вера мешавината, сода со лимон, семки од кајсии итн итн.)
Неколку месеци релативно стабилно, за пак пролетта 2017 да се појават болки во кичма и стомак. Направен ПЕТ/КТ и покажа зафатени (параортално) лимфни јазли. Ајде тура зрачење на државна, Август 2017.
Септ 2017 продолжува хемо на државна, Гем-Ох протокол. Првата тура ја поднесе лошо. Му реков да ја прекинат, зошто таков протокол (Гем не се дава одма после зрачење и цитостатик не е препорачливо да се повторува, ама ајде, не сум доктор). Пак отиде за втора тура, му намалил докторот. Потоп. Тешка дехидрација, онесвестици, повраќања. Нормално прекинавме хемото, отиде на терапија за освежување (инфузии и прехрана). Се накрена. Уште еден ПЕТ/КТ после 1 месец, зафатен џигер, лев надбубрег (Окт 2017). Онкологот на државна крева раце, вели толку е, нема можности. Татко ми е во добра физичка состојба.
Нов/Дек контактираме со болници во ТР, СРБ, СЛО и БГ. Се решивме за Аџибадем во ИСТ, отидовме, професионално примени, препорачан протокол Абраксан хемо. Почнавме Јан 2018, добро го поднесуваше, меѓутоа почна да осеќа слабост и омалаксаност, и болки (се појавија и пред хемото, едноставно организмот како да му се гасеше). Цело време со суплементи како Бета Глукан, Куркума, ТХЦ/ЦБД масло, керозин итн итн.
После 6та инфузија абраксан, легна (крај на Феб), и толку беше. Го однесовме на онкологија, лежеше таму 1 недела, прими крв, му потече ногата (Клексан), тие велеја ќе се кренел за 2-3 дена, нов човек. Ко видоа дека нема ефект од клексанот, и тие не знаеја што и како, го однесовме на Кардиологија во Сист, снимката покажа 2л течност во бели дробови, емболија, итн итн. Полежа неколку дена во Сист, го исчистија, го зедовме дома и после 1 недела мачење и болки пушти душа дома.
Е сега, неколку препораки и поуки за сите што (не дај боже) ќе се сретнат со оваа гнасна болест:
- Во Солун (Диабалканико) ни препорачаа прво хемо па после операција, за скроз да се намали туморот пред операција. Сепак се одлучивме за советите на локалните специјалисти.
- За жал стручноста за оваа болест на државна, на онкологија е многу лимитирано. Првиот протокол јас си го инсистирав, вториот чист промашај.
- Сите странски специјалисти кои ги контактиравме повторуваа дека човекот го изгубивме после компликациите со втората хемо, не смеел тој протокол да се применува.
- Единствено што не пробавме и ќе се каам за тоа е алтернатива терапија и испитувања во Солун преку Биомед Скопје (не давам линк, ќе ги најдите). За жал ние ги најдовме кога веќе беше многу касно.
- Кубанските варијанти исто не стигнавме да ги пробаме. За жал тоа што контактирав натаму немаше долго време одговор или некои терапии кои беа чудни во најмала рака.
- Пробавме се од природни препарати и лекарства, масла канабис, Вит Б17, сода, алое, куркурма, масло црно семе, цвекло и моркови, и шо уште не. Не се подавајте на фантастични приказни од интернет, ова е најгнасна форма на рак, то се 1 на милион случаи.
- За оваа болест прво што прочитав е дека нема лек, нема надеж, и нормално си велиш ајде бе ќе барам, ќе прашувам. Нашето искуство покажа ова за жал е точно, едноставно ништо не тргна на подобро. Користејќи стандардна медицини за жал опциите се лимитирани и неуспешни. Доколку некој советувам, би рекол да се заобиколи стандардна медицина и да се пробаат нови методи (генетика, молекуларна или слично). Самите медицински постапки (хемо или зрачење) наведуваат дека процентот на успешност е минимален и се мери во месеци, верувајте не вреди пред очи човекот да ви умира секој ден малце по малце.
Ако на некој му е корисно, ОК, ако не, преминете на следниот пост.