Карцином/Канцер/Рак

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Како тоа " мислиш" ? Си пробал некогаш да постиш на вода? Барем еден ден?? Од каде ти е тоа дека паѓа притисокот? Какви компликации? Не ми одговори дали си медицинско лице?

Овдека нема што да се мисли. Или имаш искуство, или немаш. Ти се базираш на претпоставки за кои одма ќе ти кажам дека сепогрешни.
Јас се базирам на лично искуство во постот како и доста информации од други луѓе и прочитани книги на оваа тематика претходно. Лечењето со пост јас не го измислив. Се практикувало со векови и сеуште се практикува. Во светот денес постојат и специјализирани устснови за таа намена. Но сметам дека не е потребно да се фрлаат пари, кога можеме тоа сами да го изведеме во домашни услови. Јас тоа го практикувам и можам да кажам дека резултатите се фантастични. Нема никакви компликации, единствено за време на постот се чувствува зголемен студ. Затоа е потребно да се престојува во затоплени продтории додека се пости. На почетокот на постот се јавива криза во смисла на засилување на симптомите која може да трае и неколку дена но тоа е нормална етапа во процесот на прочистување на организмот и одминува по неколку дена. За време на постот се работи и се живее нормално, телото ги користи сопствените резерви. Јас на пример за време на дводневен сув пост цепев дрва и одев на работа. пешачев по 10 километри. Сепак, треба да се одбегнуваат тешки физички активности при долготрајните пости. Ако треба ќе се земе и боледување. Најважно е излекувањето. Треба да се практикува брзо одење секојдневно од најмалку 5 километри. Доколку пациентот е во состојба. Ако не е , тогаш се практикуваат масажи на цело тело, секојдневно. Целта е да се поттикне циркулација. Пожелна е хидротерапија, исто така секојдневно. Повторно целта е циркулација, за почесто да се исфрлаат отровите.
Ќе повторам за почеток добро е да се започне со кратки пости и веднаш ќе се уверите во благодетите на постот. Кај болните од рак веднаш се подобрува состојбата, болките или исчезнуваат или значително се намалуваат. Пробајте и ќе се уверите.
A кога ќе престанеш да постиш пак иста песна и пак од почетог се додека не те изеде ракот

Полековито е повеќе да конзумираш бадеми,индиски или македонски ореви,банани,јаболки,крушки,киви,портокали,зелка,марула,грав,боранија,јајца,кисело млеко,јогурт сирење од коза ............а месото и неговите производи тотално да ги исфрлиш од менито
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
стави ги линковите да видиме кои се тие што се лечеле/излечиле/подобриле состојбат,нормално дека најважно е излекувањето и секоја помош е добредојдена

мое мислење е дека лечење со тешки постови на заболен човек може само да му ја доискомпликува состојбата,постави линкови цела тема е пред тебе(доколку има нешто овде самопрогласената докторка велков поарно не ми реплицирај)
стави ги линковите да видиме кои се тие што се лечеле/излечиле/подобриле состојбат,нормално дека најважно е излекувањето и секоја помош е добредојдена


мое мислење е дека лечење со тешки постови на заболен човек може само да му ја доискомпликува состојбата,постави линкови цела тема е пред тебе(доколку има нешто овде самопрогласената докторка велков поарно не ми реплицирај)

Ова е последен пат тебе да ти реплицирам.

Сакам да ти биде јасно дека ниту тебе, ниту било кого, не наговарам да го прифати методот на Пост како начин на лекување, ниту пак барам било каква надокнада или услуга за овие мои совети, за да ми се обраќаш со таков стил, небаре азно барам од тебе. Никому ништо не должам, нити мене било кој ми должи нешто. Ако имаш твоја метода/начин на лекување, слободно примени ја. Ако веруваш во конвенционалната медицина, препушти го твоето здравје на докторите. Ако сметаш дека е бескорисно било што да се прави, ништо не прави. Како што кажав на почетокот, имаш слободна волја и прави она што мислиш дека е најдобро за тебе.

Јас не сум доктор, не сум ни билкар, ниту исцелител. Никому ништо не нудам, не продавам. Јас само го споделувам моето знаење во врска со оваа болест, и давам насоки и упатства на оние кои им се потребни и кои се спремни да ги прифатат. Моето знаење го базирам на голем материјал прочитан во врска со оваа област, мое лично искуство со постот како начин на лекување и прочистување, како и искуство на луѓе кои лично ги познавам а кои применувале/аат пост како начин на лекување на канцер. Живи се и се во добра состојба. Но познавав еден куп луѓе кои применуваа се што ги советува докторите - хемотерапии и сл. и за кратко време го напуштија овој свет. Верувам дека секој од нас познава такви. Притоа оправдание на докторите е касно беше, не дојде на време...
Одделувам од своето слободно време, за да им помогнам на луѓето кои ја добиле оваа болест , како правилно да постапуваат кога ќе ги снајде оваа болест. Тоа го правам чисто од хумани побуди. Дали некој ќе ги прифати овие совети, тоа зависи лично од него самиот и од никого друг.


Улогата на постот во лекување на ракот е незаменлива. Прва помош кај болните кај кои за прв пат е утврден канцер, е веднаш да престанат со конзумација на било каква храна, сем овошје и зеленчук во свежа состојба. Појавата на канцерот е во непосредна врска со храната која ја јадеме. Шеќерот , кафето, животинските протеини, белата сол претставуваат „ракетен погон“ за клетките на ракот. НЕВОЗМОЖНО Е излекување на ракот доколку го применувате овој начин на исхрана. Затоа безуспешни се голем број обиди за лекување на ракот со помош на тревки, билки и разноразни препарати. Не дека не постојат тревки кои го уништуваат ракот, туку ракот не може да го уништиме ако од една страна применуваме лековити тревки а од друга страна го храниме ракот , хранејќи се несоодветно. Колкави дудуци се докторите можеме да заклучиме по тоа што ги советуваат пациентите болни од рак вака : „јадете од се по малку“. Тоа говори колку тие не ја познаваат природата на ракот. Конвенционалната медицина НЕ МОЖЕ да го излекува ракот. Во најдобар случај може само да го одложи развитокот на болеста, и тоа пак не е резултат на нејзината делотворност, туку на способноста на телото да се бори извесен период, како и на промените кои болниот спонтано ги внел во својот живот. Но тоа се само мал процент на примери и тие кои ги познавам се постојано на лекови и постојано се болни, еден вид на инвалиди.

Се во животот има своја причина и последица. Ракот е последица на погрешен начин на исхрана и начин на живот како причина кои создаваат токсини во организмот, кои кога ќе постигнат соодветна критична маса, го намалуваат имунитетот на организмот а потоа се појавува и болеста. Ракот е состојба на висока токсичност и значително ослабнат имунитет. Затоа, како прво мора да се исфрлат токсините од организмот и да се појача имунитетот. Друг пат не постои. Се додека постојат токсини во организмот - нема излекување. Но кај болниот постои и последицата - ракот. Ракот е организам во организам (човечкото тело). Ракот е организам кој живее и се храни во човечкото тело како паразит. Се додека не го уништи, усмрти. Затоа мора да го уништиме ракот пред тој нас да не уништи. Хемотерапијата овдека не помага. Не помага затоа што и самата е високотоксична, а тоа е најмалку што му треба на болниот организам- човекот. Хемотерапијата додатно го закиселува организмот , го токсифицира и иако е способна понекогаш да го уништи примарниот рак, ствара погодни услови за развиток на секундарен рак, кој е уште поопасен и поагресивен од примарниот рак. Затоа болните кои првично го совладале ракот со помош на хемотерапија , ракот повторно се јавува за некоја година и тогаш повеќе нема спас. Тоа се немилосрдните факти на статистиката, за кои докторите нерадо зборуваат. Истото важи и за радијацијата и за оперативните зафати.

Но решение постои. Тоа е детоксификација на организмот и создавање на силен имунитет. Здрав и силен имунитет е во состојба да ги уништи клетките на ракот. Постот е тој што врши детоксификација на организмот и развива силен имунитет. Ова е докажано низ безброј примери. Имаш безброј линкови ако само малку се потрудиш и како што ти кажав во претходно на гугал пребарувачот напишеш post , suhi posta , gladovanje. Потроши малку време. Но те уверувам нема да ти помогне ниту еден линк, ниту едно сведоштво, доколку си тврдоглаво убеден дека ова не е начин на лекување. Ниту пак јас имам волја да те убедувам, ако ти однапред си програмиран во главата дека не постои лек за оваа болест. Не за џабе се рекло дека не постојат неизлечиви болести, туку дека постојат само неизлечиви пациенти.

Никој не може да ти го сервира здравјето на тацна. Болеста и исцелението се наоѓа во тебе самиот. Постот бара упорност и истрајност пред се. Постот на свежо овошје и зеленчук не може да го излечи, но може да го стопира или значително да го забави развојот на болеста. Затоа го наведов како прва помош. За болниот да има време да размисли што понатаму. Краткотрајните пости на вода исто така го стопираат развојот на болеста и ги намалуваат болките. Ја подобруваат општата состојба на болниот. Нема да умреш од глад или дехидрација доколку практикуваш вакви пости. Јас редовно ги применувам, а ги применуваат и болни од рак кои ги познавам. Но долготрајните пости се оние кои лекуваат во целост. Тоа е поради фактот што во првите денови на постот се врши силна детосификација, потоа доаѓа до драстично зголемување на имунитетот, додека при крај на постот , организмот го разградува ракот и доаѓа до целосно излекување. Организмот целосно се ослободил од причината и од последицата (ракот) , на болеста. Кај долготрајните пости, постои опасност како „влегуваме“ и како „излегуваме“ од постот, за што веќе ти пишував. Тоа мора да биде многу постепено. Затоа ти го праќам следниов линк, за сите кои сакаат додатно и целосно да се информираат во врска со постот. Постот треба да го применуваат и потполно здрави луѓе затоа што на тој начин благовремено се исфрлаат отровите во организмот, се врши чистење на сите органи и на тој начин се спречува појава на канцери.

http://www.ivantic.net/Ostale_knjiige/Zdrav lje/G.P.Malahov%20-%20Gladovanje.pdf

Ракот е високо профитабилен бизнис. Од лековите за рак фармакомафијата врти стотици милијарди долари на годишно ниво. На фармакомафијата не и требаат излекувани пациенти. И требаат болни луѓе кои постојано ќе бидат под лекови. За да можат да прават милијарди и да уживаат во скапи јахти, „индустријата“ треба да нон стоп „работи“.


Не знам што имаш против Слаѓана Велков. Лично не ја познавам, но имам читано нејзини статии. Не гледам ништо лошо во она што таа го пишува. Јас применувам пост на вода во комбинација со пост на суво, таканаречено каскадно гладовање по Малахов, додека Велков предлага пост на цедени сокови.

Уште еднаш, никој не те приморува да прифатиш било каков метод на лекување. Ти си одлучуваш самиот за себе. Јас чувствував потреба да го споделам она што го знам, да помогнам некому со тоа, некој што има потреба од тоа.
Тоа и го направив.

Поздрав и секое добро, тебе и на твоите најблиски.
 
Последно уредено:
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
побарав неколку линкови од тие искуства на луѓе излечени или кај кои има подобрувања,враќање во нормален живот,добив пост од 300 реченици на празни зборови,каде се делата ??

без аргументи може човек и 200 страни пост да напише (n)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
A кога ќе престанеш да постиш пак иста песна и пак од почетог се додека не те изеде ракот

Полековито е повеќе да конзумираш бадеми,индиски или македонски ореви,банани,јаболки,крушки,киви,портокали,зелка,марула,грав,боранија,јајца,кисело млеко,јогурт сирење од коза ............а месото и неговите производи тотално да ги исфрлиш од менито

Од менито кое го наброја - јајцата, киселото млеко, јогуртот и сирењето од коза, ќе ти бидат ужасна грешка доколку боледуваш од рак. Запомни, основно е да ги исклучиме продуктите кои го хранат самиот рак. Сите животински продукти, и производи кои содржат животински продукти спаѓаат во храна која интензивно го храни ракот. Значи, без разлика дали и колку е здраво козјото млеко, дали јајцата и сирењето потекнуваат од селска средина , тие содржат животински протеини а тоа е идеална храна за ракот. Настрана ги ставаме млекото, сирењето купени во маркет бидејќи се третирани со разно разни конзерванси и се далеку поштетни.
Бананите , јаболката , крушите и портокалите се добри ако ги јадеш сурови, ама не ти препорачувам да јадеш во голема мера , бидејќи содржат овошни шеќери кои, минимално, но сепак и тоа го храни ракот. Семките од јаболка немој да ги фрлаш, јади ги слободно, но добро соЏвакај ги претходно. Кивито содржи помалку вакви фруктозни шеќери. Грав и боранија може, но бидејќи е варена храна нема да ти помогне многу со ракот. Ореви и бадеми исто е ОК.
Зелка, марула - одлично. Акцентот е на зелен лиснат зеленчук во свежа , сурова состојба, кога се работи за ракот, како идеална храна кога се работи за болни луѓе.

Сето ова ќе ти помогне да останеш статус кво во врска со ракот, односно нема да те излечи, но и нема да дозволи ракот веднаш да „разбукта“. Постот е тој што лечи, односно кога ставаме организмот во фаза на гладување. Празен стомак, народски речено. Тогаш, и само тогаш се активираат исцелителските моќи на организамот, самиот да се лечи. Организмот не ја троши енергијата на варењето на храната, туку ја насочува кон детектирањето и решавањето на проблемите во организмот.

Не , кога ќе завршиш целосно со постот , нема пак истата песна, и ракот нема да те изеде. Не, доколку се храниш здраво и живееш здраво. Редовно ќе си постиш краткотрјни пости и еднаш годишно - голем пост. Овојпат ради прочистување на организмот и одржување на оптимално здравје. Отрови се ствараат и од здрава храна и од воздухот кој го дишиме. Но во многу помала мера. Лудост би било повторно да почниш по старо...

Инаку сите луѓе кои се хранат нездраво и живеат нездраво се како темпирана бомба. Не се знае кога ракот ќе нападне. Денес ракот има размери на пандемија.
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Од менито кое го наброја - јајцата, киселото млеко, јогуртот и сирењето од коза, ќе ти бидат ужасна грешка доколку боледуваш од рак. Запомни, основно е да ги исклучиме продуктите кои го хранат самиот рак. Сите животински продукти, и производи кои содржат животински продукти спаѓаат во храна која интензивно го храни ракот. Значи, без разлика дали и колку е здраво козјото млеко, дали јајцата и сирењето потекнуваат од селска средина , тие содржат животински протеини а тоа е идеална храна за ракот. Настрана ги ставаме млекото, сирењето купени во маркет бидејќи се третирани со разно разни конзерванси и се далеку поштетни.
Многу ме интересира од каде ти се 'информацииве' кои ги наведуваш. Некоја студија, научно истражување со конкретни, солидни докази? Еве, конкретно ме интересира кој е механизмот преку кој месото, млекото и млечните производи предизвикуваат штета на организмот? На кој начин го 'хранат' ракот? Кој е механизмот со кој постењето делува врз малигните клетки? Што конкретно им прави на клеточно ниво?
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
начитан е ликот и имал големи искуства,но за жал ништо материјализирано не видовме,линкови,книги,статистики,репортажа од луѓето кои успешно го проучиле и спроведиле ова
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
Многу ме интересира од каде ти се 'информацииве' кои ги наведуваш. Некоја студија, научно истражување со конкретни, солидни докази? Еве, конкретно ме интересира кој е механизмот преку кој месото, млекото и млечните производи предизвикуваат штета на организмот? На кој начин го 'хранат' ракот? Кој е , механизмот со кој постењето делува врз малигните клетки? Што конкретно им прави на клеточно ниво?

Сите врвни институции/личности кои се занимаваат со лечење на тешки болест како канцерот и кои постигнале реални, позтивни резултати во лечењето на канцерот, препорачуваат месото , како и сите производи кои содржат животински продукти ( под кои спаѓаат и млекото и јајцата) , строго да се одбегнуваат. Месото и сите животински продукти спаѓаат во екстремно штетна храна, поготово кога се работи за луѓе кои се оболени од канцер. Така, она што алтернативната медицина го знаеше многу одамна, СЗО ( СВЕТСКАТА ЗДРАСТВЕНА УСТАНОВА) го востанови минатата година, кога го утврди месото и месните производи како колбасите, сланината , чајната и саламите во „група 1” канцерогени производи во кои се наоѓаат тутунот и азбестот т.е. се наоѓаат во највисоката категорија за предизвикување на рак. Црвеното месо пак, го ставија во категорија „2а”, која е ниво подоле и вели дека овие производи се „веројатно” канцерогени.
Како тие го утврдиле ова, кои и какви анализи и испитувања извршиле, лично не знам, но сепак ако сакате да дознаете, би ви препорачал ним да им се обратите. Најверојатно ќе се согласите дека СЗО се реномирана и угледна светска организација која не дава паушални заклучоци. И уште многу ќе откриваат во годините кои ќе следат.
Што се однесува до мене, лично, не ми требаат никакви детални анализи и конкретни докази, за тоа колку е штетно и канцерогено месото. Од проста логика знам знам дека денес се е бизнис, а најмалку се води грижа за потрошувачите - конзументите на месо и нивното здравје. Така, говедата кои се одгледуваат за масовно производство на месо, им се дава храна тертирана со пестициди ( сигурно ќе се сложиш со мене дека не им даваат органска трева , луцерка), па месото кое тие го даваат ќе ги содржи истите тие пестициди и ќе биде канцерогено. Второ, на истите тие говеда, уште од најрана возраст им се шприцаат стероиди како би добиле на маса, во што пократок период ( истово важи и за свињите како и за сета живина што се одгледува по фармите). Трето, ги шприцаат со разни антибиотици како би биле отпорни на разни болести ( во најголем процент говедата од само „роџење бела дења не виделе“ - цел животен век опстојуваат во мизерни услови, ограничен простор и мрак, па затоа не се имуни на болести). Антибиотиците и стероидите кои преку крвта одат во месото, кое потоа ние го консумираме. При самото колење говедото го доживува како голем стрес, односно ареналинот и отровите кои притоа се излачуваат , повторно одат во месото кое ние го консумираме... Сето ова е во директна врска со ракот.
Дали сеуште мислиш дека млекото од ваквите говеда или јајцата од ваквата живина се здрави за јадење?

Сега малку за месото кое го купуваме по маркетите...

Што мислиш зошто килограм колбаси/виршли коштаат околу 100 - 200 денари ( вчера купив купив 1 кг. виршли за мојата мачка од 85 ден.), додека килограм кртина говедско месо - околу 400 денари? Дали знаеш како се добиваат колбасите, виршлите и зошто се толку ефтини? Се зема цело говедо, коњ или др. и така целосно какво што е, сосе опашка, влакна, полови органи, копита, кожа, очи, коски итн.., се става во огромна дробилица и така добиваме грубо мелено месо. Потоа ова се прска со одредена хемикалија, која исто така е токсична, за да се растворат влакната и коските. Потоа се става во друга мелница во која се добива фина паста во која се додадени зачини, засилувачи на вкус и разни конзерванси кои се висококанцерогени и уште се додава одредена хемикалија за месото да одржи убава црвенкаста боја за да биде привлечно за купувачите... истата хемикалија се додава и на кртината која ја купуваме по маркетите.
Слична е постапката и со свињите и со останатата живина.

Но, сето ова што го кажав досега, да го тргниме настрана. Да претпоставиме дека сте пронашле фармер кој одгледува стока на природен начин и истата ја храни со органска храна. Останува уште колењето кое е високостресно за животните, но, и тоа да го оставиме настрана. Месото како и млекото и јајцата содржат животински хормони кои го пореметуваат хормоналниот баланс на човечките хормони и се директна причина за појава на канцер. Животинските протеини се високо ацидозни - ствараат кисела средина, што пак е погодно за раст на ракот. Околу три дена се потребни за месото да се разложи во тенкото црево. За тоа време тоа трули, што претставува одлична храна за ракот.

Појавата на канцер е сплет на повеќе околности, не се должи исклучиво на конзумацијата на месо. Јас не сум институција која врши анализи и изведува конкретни докази. Сите врвни институции/личности од алтернативната медицина, како што е Герсон институтот кои се занимаваат со лечење на тешки болести како канцерот и кои постигнале реални, позтивни резултати во лечењето на канцерот, препорачуваат месото , како и сите производи кои содржат животински продукти ( под кои спаѓаат и млекото и јајцата) , строго да се одбегнуваат, и јас им верувам. Но, ете и СЗО која не и припаѓа на алтернативната медицина , тоа го утврдила.

" EVIDENCE BASED MEDICINE" - медицина заснована на докази, како што себе уште се нарекуваат белите мантили, јас би го потврдил овој назив и уште би додал - СЕЈАЧИ НА СМРТ. Кога се работи за канцерот резултатите им се НУЛА! Катастрофа! Нивните докази кои лежат во неуспехот во лекувањето на оваа болест, се самите пациенти. Се смрт до смрт. И малиот процент на преживеани од хемотерапијата и др. нивни методи се вечити пациенти, цел живот на тешки лекарства.
Како што кажав лично познавав луѓе кои ги применуваа нивните методи, и кои јадеа месо, млеко и јајца, бидејќи тоа им беше дозволено (еден од нив беше мој колега), за да не паднат физички, поради хемотерапијата која е исцрпувачка, сега се два метра под земја.
Она што особено ме радува е примерот на една жена, која лично ја познавам и која е од Македонија, и која скоро го победи ракот со методот на Макс Герсон ( кој во својата основа е терапија на пост на цедени сокови), исклучува секаква примена на месо , јајца и млечни продукти.

Ве молам , погледнете го клипот за Герсон терапија;

https://www.youtube.com/watch?v=aHgaTDrRjCs

Ако некој пред 15 години јавно спомнеше дека маслото од марихуана, лечи рак најверојатно ќе го прогласеа за луд. Денес сите трчаат по ова масло, се организираат трибини, повеќе земји веќе го легализираа итн. Но и ова масло нема да им помогне, во најмала мера не долгорочно, ако во својата терапија не го вклучат барем основниот облик на пост кој се разбира исклучува месо и животински продукти. Не можеме да го заобиколиме постот кога станува збор за лечење на ракот.
Интересен факт е дека за време на долготрајниот пост организмот ги уништува слабите, истрошени и неефикасни имуни клетки, и на нивно место создава нови, здрави и силни имуни клетки. Друга карактеристика е тоа што ваквиот новоразвиен имун систем сам ги детектира болните клетки на ракот без разлика каде и да се наоѓаат во организмот и ги унштува. Се што е неправилно, туѓо, канцерозно ткиво, имуниот систем го пронаоѓа и го уништува. И на крајот организмот го изнесува надвор од телото како отпаден материјал. Но ова чудесно исцелување оди по етапи. Прва етапа е детоксификација , втора - создавање на силен имунитет и трета фаза организмот го пронаоѓа и го уништува ракот. Сето ова е потполно природен процес, односно така Творецот ги создал нашите тела сами да се лечат, ние треба само да створиме услови за тоа исцелување.
Доказ за овој процес се илјадниците излечени пациенти во Герсон институтот во Мексико, каде и постои детална документација за секој излечен пациент. Ако сакате контактирајте ги, сигурен сум дека ќе ви приложат докази.
Доказ е и жената која скоро се излечи, како и уште една друга со канцер на дојка , чие лекување е во тек и која се чувствува одлично, повеќе не чувствува болки, физички е активна. Не применува никакви лекарства. И тоа со само три краткотрајни пости. Сега со нови сили ќе започне нов пост. Предност кај неа е што ја одби и операцијата и хемотерапијата. Кај болните кои примиле хемотерапија лекувањето оди поспоро, во зависност од тоа до која мера хемотерапијата го осакатила имуниот систем. Доказ сум и јас самиот, иако немам канцер, откако започнав да постам, прекрасно се чувствувам. Сила, полетност, затегната кожа, блескаво лице се резултатите од неколку краткотрајни пости.
Најголем доказ за вас ќе бидете вие самите кога ќе започнете да постите. Започнете со еднодневни пости на вода. И постепено зголемувајте. Набрзо и вие ќе се уверите. Како што се уверив и јас. Сите детали ги имате во книгата од Малахов која ви ја пратив.[DOUBLEPOST=1454123735][/DOUBLEPOST]Уште ова да додадам.. Ускуцајте на гугл пребарувачот следново, и ќе добиете книга во ПДФ формат, како една мед. докторка, професорка на мед. факултет го победила ракот на дојка, и што мисли за незините колеги - онколози и хемотерапијата:

kako sam pobedila rak dr lorin dej[DOUBLEPOST=1454123784][/DOUBLEPOST]Уште ова да додадам.. Ускуцајте на гугл пребарувачот следново, и ќе добиете книга во ПДФ формат, како една мед. докторка, професорка на мед. факултет го победила ракот на дојка, и што мисли за незините колеги - онколози и хемотерапијата:

kako sam pobedila rak dr lorin dej
 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ах, добро, штом стигнавме до Лорин Деј, трулењето на месото кое било храна за тие клетки и пишување на медицина базирана на докази под наводници, јасно е сè.
Ја разбирам твојата добра намера, но тоа што го пишуваш е едноставно без потврдени аргументи. Колку и да се обидуваш да објасниш, отприлика звучи како скиентолозите кои ги 'аргументираат' титаните на Хабард.
Како и да е, штом тебе ти чини нека ти е со среќа, но би било добро да не се шири неточна пропаганда бидејќи некој помалку упатен може да поверува и ето белаја.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
Ах, добро, штом стигнавме до Лорин Деј, трулењето на месото кое било храна за тие клетки и пишување на медицина базирана на докази под наводници, јасно е сè.
Ја разбирам твојата добра намера, но тоа што го пишуваш е едноставно без потврдени аргументи. Колку и да се обидуваш да објасниш, отприлика звучи како скиентолозите кои ги 'аргументираат' титаните на Хабард.
Како и да е, штом тебе ти чини нека ти е со среќа, но би било добро да не се шири неточна пропаганда бидејќи некој помалку упатен може да поверува и ето белаја.

Го ценам вашето мислење дека ја разбирате мојата добра намера.

Сега, би сакал, доколку ми дозволите, да ве прашам кои се доказите и аргументите на белите мантили?
Кои се причините/а за појава на рак?
Која/и се причините на толкав број заболени од рак? Денес ракот не бира нација, пол, возраст, напаѓа и младо и старо.
Зошто бројот на заболени лица, рапидно расте од година во година?
Зарем навистина мислите дека ако конвеционалната медицина си ја вршеше добро својата работа во лекувањето на оваа болест, болните ќе имаа причина да бараат спас по разно разни тревари, билкари, бајачи или други алтернативни решенија? Едноставно ќе им ја препуштеа задачата на луѓето кои се професионалци во својата област - онколозите, и ќе продолжеа да се знимаваат со својот живот.
Доволно е само да погледнете во овој форум и кога ќе прочитате - се од црно, поцрно, свеста да ти се замати од судбините на луѓето.
Навистина, би сакал да знам кои се причините за толкавиот неуспех на конвенционалната медицина во лекувањето на оваа болест?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Го ценам вашето мислење дека ја разбирате мојата добра намера.

Сега, би сакал, доколку ми дозволите, да ве прашам кои се доказите и аргументите на белите мантили?
Кои се причините/а за појава на рак?
Која/и се причините на толкав број заболени од рак? Денес ракот не бира нација, пол, возраст, напаѓа и младо и старо.
Зошто бројот на заболени лица, рапидно расте од година во година?
Зарем навистина мислите дека ако конвеционалната медицина си ја вршеше добро својата работа во лекувањето на оваа болест, болните ќе имаа причина да бараат спас по разно разни тревари, билкари, бајачи или други алтернативни решенија? Едноставно ќе им ја препуштеа задачата на луѓето кои се професионалци во својата област - онколозите, и ќе продолжеа да се знимаваат со својот живот.
Доволно е само да погледнете во овој форум и кога ќе прочитате - се од црно, поцрно, свеста да ти се замати од судбините на луѓето.
Навистина, би сакал да знам кои се причините за толкавиот неуспех на конвенционалната медицина во лекувањето на оваа болест?
,,Не е само оваа болест неизлечива''
Постојат многу ,,неизлечиви болести'' а кога ќе ги додадеш и војните се доаѓа до заклучок дека причината за неуспех е намерна со цел што поголема контрола на светската популација.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.807
Поени од реакции
15.728
Shocking: The Cure for Cancer May Have Existed for 40 Years!
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Здраво
Пред некој ден дознав дека на еден човек му е потребено Масло од канабис за лекување на рак.
Знае ли некој од каде може да се набави ова ?
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
97
Поени од реакции
88
Здраво
Пред некој ден дознав дека на еден човек му е потребено Масло од канабис за лекување на рак.
Знае ли некој од каде може да се набави ова ?
Да ти кажам извор не знам, ама можам да те посоветувам дека едно од десет е вистинското мало што ти треба можеби и помалце, внимавај се продава многу големо ѓубре, ќе ги ги земат и парите и здравјето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom