Многу ме интересира од каде ти се 'информацииве' кои ги наведуваш. Некоја студија, научно истражување со конкретни, солидни докази? Еве, конкретно ме интересира кој е механизмот преку кој месото, млекото и млечните производи предизвикуваат штета на организмот? На кој начин го 'хранат' ракот? Кој е , механизмот со кој постењето делува врз малигните клетки? Што конкретно им прави на клеточно ниво?
Сите врвни институции/личности кои се занимаваат со лечење на тешки болест како канцерот и кои постигнале реални, позтивни резултати во лечењето на канцерот, препорачуваат месото , како и сите производи кои содржат животински продукти ( под кои спаѓаат и млекото и јајцата) , строго да се одбегнуваат. Месото и сите животински продукти спаѓаат во екстремно штетна храна, поготово кога се работи за луѓе кои се оболени од канцер. Така, она што алтернативната медицина го знаеше многу одамна, СЗО ( СВЕТСКАТА ЗДРАСТВЕНА УСТАНОВА) го востанови минатата година, кога го утврди месото и месните производи како колбасите, сланината , чајната и саламите во „група 1” канцерогени производи во кои се наоѓаат тутунот и азбестот т.е. се наоѓаат во највисоката категорија за предизвикување на рак. Црвеното месо пак, го ставија во категорија „2а”, која е ниво подоле и вели дека овие производи се „веројатно” канцерогени.
Како тие го утврдиле ова, кои и какви анализи и испитувања извршиле, лично не знам, но сепак ако сакате да дознаете, би ви препорачал ним да им се обратите. Најверојатно ќе се согласите дека СЗО се реномирана и угледна светска организација која не дава паушални заклучоци. И уште многу ќе откриваат во годините кои ќе следат.
Што се однесува до мене, лично, не ми требаат никакви детални анализи и конкретни докази, за тоа колку е штетно и канцерогено месото. Од проста логика знам знам дека денес се е бизнис, а најмалку се води грижа за потрошувачите - конзументите на месо и нивното здравје. Така, говедата кои се одгледуваат за масовно производство на месо, им се дава храна тертирана со пестициди ( сигурно ќе се сложиш со мене дека не им даваат органска трева , луцерка), па месото кое тие го даваат ќе ги содржи истите тие пестициди и ќе биде канцерогено. Второ, на истите тие говеда, уште од најрана возраст им се шприцаат стероиди како би добиле на маса, во што пократок период ( истово важи и за свињите како и за сета живина што се одгледува по фармите). Трето, ги шприцаат со разни антибиотици како би биле отпорни на разни болести ( во најголем процент говедата од само „роџење бела дења не виделе“ - цел животен век опстојуваат во мизерни услови, ограничен простор и мрак, па затоа не се имуни на болести). Антибиотиците и стероидите кои преку крвта одат во месото, кое потоа ние го консумираме. При самото колење говедото го доживува како голем стрес, односно ареналинот и отровите кои притоа се излачуваат , повторно одат во месото кое ние го консумираме... Сето ова е во директна врска со ракот.
Дали сеуште мислиш дека млекото од ваквите говеда или јајцата од ваквата живина се здрави за јадење?
Сега малку за месото кое го купуваме по маркетите...
Што мислиш зошто килограм колбаси/виршли коштаат околу 100 - 200 денари ( вчера купив купив 1 кг. виршли за мојата мачка од 85 ден.), додека килограм кртина говедско месо - околу 400 денари? Дали знаеш како се добиваат колбасите, виршлите и зошто се толку ефтини? Се зема цело говедо, коњ или др. и така целосно какво што е, сосе опашка, влакна, полови органи, копита, кожа, очи, коски итн.., се става во огромна дробилица и така добиваме грубо мелено месо. Потоа ова се прска со одредена хемикалија, која исто така е токсична, за да се растворат влакната и коските. Потоа се става во друга мелница во која се добива фина паста во која се додадени зачини, засилувачи на вкус и разни конзерванси кои се висококанцерогени и уште се додава одредена хемикалија за месото да одржи убава црвенкаста боја за да биде привлечно за купувачите... истата хемикалија се додава и на кртината која ја купуваме по маркетите.
Слична е постапката и со свињите и со останатата живина.
Но, сето ова што го кажав досега, да го тргниме настрана. Да претпоставиме дека сте пронашле фармер кој одгледува стока на природен начин и истата ја храни со органска храна. Останува уште колењето кое е високостресно за животните, но, и тоа да го оставиме настрана. Месото како и млекото и јајцата содржат животински хормони кои го пореметуваат хормоналниот баланс на човечките хормони и се директна причина за појава на канцер. Животинските протеини се високо ацидозни - ствараат кисела средина, што пак е погодно за раст на ракот. Околу три дена се потребни за месото да се разложи во тенкото црево. За тоа време тоа трули, што претставува одлична храна за ракот.
Појавата на канцер е сплет на повеќе околности, не се должи исклучиво на конзумацијата на месо. Јас не сум институција која врши анализи и изведува конкретни докази. Сите врвни институции/личности од алтернативната медицина, како што е Герсон институтот кои се занимаваат со лечење на тешки болести како канцерот и кои постигнале реални, позтивни резултати во лечењето на канцерот, препорачуваат месото , како и сите производи кои содржат животински продукти ( под кои спаѓаат и млекото и јајцата) , строго да се одбегнуваат, и јас им верувам. Но, ете и СЗО која не и припаѓа на алтернативната медицина , тоа го утврдила.
" EVIDENCE BASED MEDICINE" - медицина заснована на докази, како што себе уште се нарекуваат белите мантили, јас би го потврдил овој назив и уште би додал - СЕЈАЧИ НА СМРТ. Кога се работи за канцерот резултатите им се НУЛА! Катастрофа! Нивните докази кои лежат во неуспехот во лекувањето на оваа болест, се самите пациенти. Се смрт до смрт. И малиот процент на преживеани од хемотерапијата и др. нивни методи се вечити пациенти, цел живот на тешки лекарства.
Како што кажав лично познавав луѓе кои ги применуваа нивните методи, и кои јадеа месо, млеко и јајца, бидејќи тоа им беше дозволено (еден од нив беше мој колега), за да не паднат физички, поради хемотерапијата која е исцрпувачка, сега се два метра под земја.
Она што особено ме радува е примерот на една жена, која лично ја познавам и која е од Македонија, и која скоро го победи ракот со методот на Макс Герсон ( кој во својата основа е терапија на пост на цедени сокови), исклучува секаква примена на месо , јајца и млечни продукти.
Ве молам , погледнете го клипот за Герсон терапија;
https://www.youtube.com/watch?v=aHgaTDrRjCs
Ако некој пред 15 години јавно спомнеше дека маслото од марихуана, лечи рак најверојатно ќе го прогласеа за луд. Денес сите трчаат по ова масло, се организираат трибини, повеќе земји веќе го легализираа итн. Но и ова масло нема да им помогне, во најмала мера не долгорочно, ако во својата терапија не го вклучат барем основниот облик на пост кој се разбира исклучува месо и животински продукти. Не можеме да го заобиколиме постот кога станува збор за лечење на ракот.
Интересен факт е дека за време на долготрајниот пост организмот ги уништува слабите, истрошени и неефикасни имуни клетки, и на нивно место создава нови, здрави и силни имуни клетки. Друга карактеристика е тоа што ваквиот новоразвиен имун систем сам ги детектира болните клетки на ракот без разлика каде и да се наоѓаат во организмот и ги унштува. Се што е неправилно, туѓо, канцерозно ткиво, имуниот систем го пронаоѓа и го уништува. И на крајот организмот го изнесува надвор од телото како отпаден материјал. Но ова чудесно исцелување оди по етапи. Прва етапа е детоксификација , втора - создавање на силен имунитет и трета фаза организмот го пронаоѓа и го уништува ракот. Сето ова е потполно природен процес, односно така Творецот ги создал нашите тела сами да се лечат, ние треба само да створиме услови за тоа исцелување.
Доказ за овој процес се илјадниците излечени пациенти во Герсон институтот во Мексико, каде и постои детална документација за секој излечен пациент. Ако сакате контактирајте ги, сигурен сум дека ќе ви приложат докази.
Доказ е и жената која скоро се излечи, како и уште една друга со канцер на дојка , чие лекување е во тек и која се чувствува одлично, повеќе не чувствува болки, физички е активна. Не применува никакви лекарства. И тоа со само три краткотрајни пости. Сега со нови сили ќе започне нов пост. Предност кај неа е што ја одби и операцијата и хемотерапијата. Кај болните кои примиле хемотерапија лекувањето оди поспоро, во зависност од тоа до која мера хемотерапијата го осакатила имуниот систем. Доказ сум и јас самиот, иако немам канцер, откако започнав да постам, прекрасно се чувствувам. Сила, полетност, затегната кожа, блескаво лице се резултатите од неколку краткотрајни пости.
Најголем доказ за вас ќе бидете вие самите кога ќе започнете да постите. Започнете со еднодневни пости на вода. И постепено зголемувајте. Набрзо и вие ќе се уверите. Како што се уверив и јас. Сите детали ги имате во книгата од Малахов која ви ја пратив.[DOUBLEPOST=1454123735][/DOUBLEPOST]Уште ова да додадам.. Ускуцајте на гугл пребарувачот следново, и ќе добиете книга во ПДФ формат, како една мед. докторка, професорка на мед. факултет го победила ракот на дојка, и што мисли за незините колеги - онколози и хемотерапијата:
kako sam pobedila rak dr lorin dej[DOUBLEPOST=1454123784][/DOUBLEPOST]Уште ова да додадам.. Ускуцајте на гугл пребарувачот следново, и ќе добиете книга во ПДФ формат, како една мед. докторка, професорка на мед. факултет го победила ракот на дојка, и што мисли за незините колеги - онколози и хемотерапијата:
kako sam pobedila rak dr lorin dej