Dali moze da se izleci ili spreci rakot na dojka
ГЕНИЈАЛНА МЕТОДА ЗА ЛЕЧЕЊЕ НА РАК
Да, ракот на дојка се лечи, исто така се лечат и се излечливи сите видови на канцер. Се зависи од волјата на болниот да се излечи, односно да биде истраен во терапијата која ќе ви ја приложам. Најпрво да ви кажам дека оваа терапија не е компактибилна со методите на конвенционалната медицина, односно методите на хемотерапија и радијација. Предност во излекувањето имаат болните кои не биле подвргнати на овие методи, поради тоа што овие методи го деградираат имуниот систем, а силниот имунитет пак е основа во лечењето на ракот. Што не значи дека болниот кој примал хемотерапија не може да се излечи, но кај него излекувањето ќе оди поспоро. Болните кои се во тек на овие методи, најдобро е да завршат/прекинат со истите, и потоа да почнат со природната терапија и целосно и исклучиво да се посветат на истата.
Ракот се појавува како последица на долгогодишен погрешен начин на живот - погрешна исхрана, физичка неактивност, присуство на зрачење во местото на живеење/работење, континуиран стрес, земање лекови кои не се на природна база. Покрај ова, фактор за болеста може да бидат и слаби гени, односно некои луѓе се раѓаат со поголема предиспозиција за развиток на рак, поради тоа што наследиле слаб генетски материјал од своите родители. Но и ова е поврзано со начинот на живот и исхраната. Самата хемотерапија и радијација како и оперативните зафати најчесто се причина за развиток на постојниот и појава на други видови на рак ( ова доколку пациентот ги преживее истите, кои се високо токсични и штетни за организмот - најголем дел од пациентите умираат од овие методи, не од самиот рак, што е статистички докажано). Доколку ги преживее и се покаже дека се „успешни“, болниот веќе е со деградиран имунитет и со двојно повеќе шанси повторно да развие рак за некое време. Затоа ве советувам во потполост да ги исклучите.
Ракот се појавува како причина на овие две состојби - ТОКСИЧНОСТ и НЕДОСТАТОК. Кога велам токсичност, мислам на тоа дека со текот на годините поради погрешниот начин на живот/исхрана во телото се создале токсини, кои организмот не е во состојба да ги исфрли и кои со тек на време создаваат болест. Кога велам недостаток мислам на тоа дека со текот на годините поради погрешниот начин на живот/исхрана во телото се јавува болест поради континуираниот недостаток на клучните , суштетсвените, за животот витамини , минерали и ензимски соединенија.
За да ја „преобратите’ болеста која веќе ја имате, потребно ви е да поседувате три работи - да имате голема волја, голема вера/надеж и голема одлучност да ги промените вашиот начин на живот и исхрана. Овие работи се битни за да го издржите - Постот - најдобрата терапија за ракот. Пари не ви требаат, постот дури и заштедува пари, затоа оваа терапија ја нареков генијална, а има потекло уште од Ведите на стара Индија.
Постот е најголем „убиец на ракот“ поради две работи. Прво, поради тоа што го чисти организмот од токсичните материи, меѓу кои и тешката вода, и второ, рапидно го зголемува имунитетот. Ова пак доведува до целосно разградување и уништување на ракот. По завршување на постот организмот се наоѓа во една „нова’ состојба, целосно прочистен и подмладен, така што човекот се чувствува дури и многу подобро отколку што бил и пред да ја добие болеста. Се ослободува и од „ останатите “ болести. Сите органи се прочистени од токсините и работат беспрекорно, што е нужно за да имате оптимално здравје.
Пред да зпочнете со Пост, ве советувам целосно да ја прочитете книгата на Малахов - „Гладување“. Јас само ќе ви дадам некои насоки кои ги сметам за битни за практикување на постот.
Доколку на гугл пребарувачот напишете post ili suhi post ili gladovanje ќе видите дека постојат повеќе видови на пост, но јас ќе ги спомнам следниве: пост на цедени сокови, пост на вода и пост на суво. Притоа да споменам дека постот на цедени сокови е полесен, постот на вода е потежок и најтежок е сувиот пост. Сходно на тоа, постот на вода има поголема сила на лечење од постот на цедени сокови, а пак сувиот пост „буши“ онаму каде што другите - (пост на цедени сокови, пост на вода ) не можат. Да се пости на вода, се подразбира - да се пие исклучиво чиста дестилирана или уште подобро чиста изворска вода - до 40 дена, и ништо друго да не се конзумира, додека сувиот пост подразбира, на не се конзумира никаква храна, ниту течности (ништо да не се јаде или пие) одреден број на денови. Меѓутоа за се постојат припреми, односно тренинг на организмот пред да започнете со ваквите видови на Пост. Потешко ќе му биде на оној кој никогаш не постел, односно не ги постел ниту христијанските пости.
Сега ќе ви кажам како јас го практикувам постот. Најдобро е, да се започне е 2-4 недела да се биде само на овошје и зеленчук ( јас практиткувам 2-3 дена, но јас немам рак), потоа неколку дена да се биде на цедени сокови. Потоа почнува оној вистинскиот пост - постот на вода и сувиот пост. Јас лично имам практикувано: еден ден пост на вода, потоа еден ден сув пост, па пак ден на вода и ден сув пост, неколку пати. Кога ќе завршите, не смеете веднаш да премините на нормална исхрана, туку тоа го правите постепено, два три дена на цедени сокови, па два три дена на салати (зелка, морков, цвекло), овошје и зеленчук, па постепено , со мали оброци се враќате на нормална здрава исхрана која не содржи животински продукти, бело брашно, шеќер, бела сол. Во принцип колку денови сте постеле, толку денови треба да трае и „враќањето назад“ - кон нормална исхрана. Доколку не го практикувате овој режим на враќање кон нормална исхрана, може да биде опасно по вашето здравје.
Морам да ви напоменам дека неколку дена по започнувањето на постот симптомите на болеста се засилуваат, односно се јавува период на криза. Ова е поради тоа што во крвта масовно се ослободуваат токсини кои организмот не може да ги исфрли веднаш, па се јавува општа малаксаност, нервоза, тегоби, срцебиење, глад итн. Најважно е да го издржите овој период на криза и да продолжите со постот. Некои практицираат и клизми во дебело црево, поради фактот дека наглото ослободување на токсини во крфта може да доведе до труење на организмот. Во тој случај најдобро е да се вратите на свежи овшје и зеленчук на неколку дена, пред да продолжите наново. Потоа настапува нормализирање на состјбата, дури и не чувствувате многу глад. Пред самото излекување се јавува уште една, посилна криза односно симптомите на болеста уште посилно се чувствуваат. Чиста розе боја на јазикот и силна „волчја“ глад се знаци дека телото е прочистено, и дека полека треба да отпочнете со процесот на враќање кон нормалниот режим на исхарана.
За почеток, за да се уверите во делотворноста на постот, во повеќе наврати, практикувајте кратки пости, како на пример само еден ден на вода. Практикувајте 36 саати пост на вода - после вечерата во 18 часот не јадете ништо. Наредниот ден испијте само 2 литри дестилирана вода во текот на денот и ништо друго до утредента. Повторете за еден ден. Следно, ден пост на вода , наредниот ден сув пост - ниту капка вода. Се до следното утро кога ќе започнете со мали лесни оброци од салата од зелка и моркови. Потоа, постепено се враќате кон нормалана исхарана.
Ниту овој краток пост нема да ви биде лесен. Затоа на почетокот ви реков дека ви се потребни 3 работи: силна волја, надеж/вера и одлучност. Но, ако издржите, ке видите дека после овој краток пост ќе немате болка или болката ќе биде значително намалена а вие ќе се чувствувате полесно иподобро. Јас со помош на овој краток пост, пред две недели ја излечив настинката, која иначе знае да ме држи со недели. И најважно од се , ако го издржите, ќе увидите дека ова е патот кон вашето чудесно исцелување.
Вие имате слободна волја и ваше е да одлучите каков пост ќе прифатите и дали ќе прифатите да постите воопшто или да се лекувате по природен пат или пак ќе ја прифатите ковенционалната медицина , па според тоа ефектите од лекувањето ќе бидат само ваши, без разлика дали ќе бидат успешни или неуспешни. Затоа ќе ве замолам никого да не обвинувате за тоа кој пат ќе го одберете и какви благодети или последици ќе трпите поради вашата одлука. Ова е моја хумана желба да помогнам на болните од оваа болест, која јас сметам дека е излечива и дека Бог никого, дури и болните кои се најсиромашни, не ги оставил без да им подаде рака на помирување, исцеление и спасение.