Карцином/Канцер/Рак

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Рак

Ракот настанува кога нормалните клетки во телото ќе почнат неконтролирано да се размножуваат. Може да го зафати било кој дел од телото. Некои видови рак може да се лечат.


Биопсија

Биопсијата е медицинска постапка при што се зема примерок од ткивото на пациентот заради испитување и поставување дијагноза на болеста. Постојат повеќе видови на биопсии зависно од поставеноста на ткивото кое се испитува.

Заштита од сонце на снег

Зимските активности, како што е скијањето може да доведат до изгоретини заради УВ зраци кои се многу појаки на планините отколку на морко ниво, а исто така и се рефлектираат од снегот. Носете заштитна капа и очила за сонце и крем за сончање со широк спектар SPF 30+.

Коскената срж

Крвните клетки се произведуваат во коскената срж, која е мека, желатинеста материја која се наоѓа во шуплината на коските. Болести на коскената срж делуваат врз создавањето на крвните клетки. Во некои случаи, пресадувањето коскена срж е најдобриот лек.

Леукемија

Леукемија е рак кој ја погодува с'ржта на коските. С'ржта на коските ги создава крвните клетки. Во Викторија годишно околу 470 лица се дијагнозираа од оваа болест. Постојат различни видови леукемија. Лекувањето се состои од кемотерапија, радиотерапија или пресадување на клетки.

Лимфодема

Лимфодема е потекување на одредени делови од телото, предизвикани од проблеми со лимфните жлезди. Може да се јави после операција, особено операција од рак особено ако се применувала и радиотерапија. Лекувањето се состои од масажа, завои, вежби, лекови и операција.

Меланома

Меланомата е најопасниот вид рак на кожа. Околу 1500 жители на Викторија заболуваат во текот на годината. Меланомата може да се јави како нова точка или како промена на постојно мозолче или пега.

Нехоџкинсоновата лимфома

Лимфниот систем е дел од имуниот систем кој го штити телото од инфекции. Нехоџкинсоновата лимфома означува неколку видови рак на лимфниот систем со што се намалува одбрамбената сила на организмот. Една е од најчестите болести која зафаќа околу 800 жители на Викторија секоја година.

Објаснување за ракот

Ракот е болест на клетките на телото. Се смета дека причината е оштетување на гените, кое предизвикува клетките да се однесуваат ненормално. Може да го намалите ризикот од заболување од рак со водење на поздрав живот.

Пушењето е водечка причина за смртноста

Пушењето предизвикува повеќе болести и смртни случаи отколку било која друга дрога. Еден на две лица кои пушат целиот свој живот ќе умрат од тоа, половината од нив на средна возраст. Во 1995 год. повеќе од 18000 луѓе умреле во Австралиа од болести предизвикани од пушењето.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Рак на белите дробови

Белите дробови се два сунѓерести органи сместени во градниот кош. Постојат два главни вида рак на белите дробови: рак на малите клетки и рак кој не е на малите клетки. Околу 2000 жители на Викторија заболуваат од рак на белите дробови секоја година. Повеќето видови рак на белите дробови се предизвикани од пушењето.

Рак на бубрезите

Бубрезите се дел од мочниот систем. Ракот на бубрезите обично се јавува кај лица постари од 55 години. Почесто се јавува кај мажите отколку кај жените. Лекувањето се состои од операција, зрачење и кемотерапија. Околу 560 жители на Викторија заболуваат од оваа болест во годината.

Рак на градите

Ракот на градите се јавува кај една на 12 жени во Австралија. Тоа е вториот најчест рак и обично најчеста причина за смрт од ракот кај жените во Австралија. Најповеќе се јавува кај жените на возраст над 50 години. Лекувањето може да биде со операција, терапија со зрачење, хемотерапија и хормонско лекување.

Рак на грлото на матката

Грлото на матката (cervix) или грлото на утробата, е дел од женскиот систем за размножување. Ракот на грлото на матката се утврдува кај 180 жени во Викторија секоја година. Обично трае долго време додека да се развие ракот на грлото на матката, тоа е една причина зошто почесто се јавува кај жени на возраст над 40 години.

Рак на желудникот

Ракот на желудникот почесто се јавува во земјите во развој, што значи не е честа болест во западните земји. Се претпоставува дека причината е исхраната и тн. Helicobacter infection, или комбинација од двете.

Рак на желудникот – како да се избегне

Околу 75% од причините за добивање рак на желудникот може да се избегнат со правилна исхрана и вежби. Правилната исхрана се состои од зеленчук, храна со помалку маснотии, помалку калории и повеќе целулоза. Редовните вежби и ограниченото консумирање алкохол, исто така може да помогне.

Рак на кожата – важно е да се открие рано

Секоја година во Австралија умираат 1200 луѓе од рак на кожата (skin cancer). Меѓутоа, ракот на кожата може речиси целосно да се спречи; 95% од заболувањата од рак на кожата се лекуваат ако се откријат рано. Преку редовна проверка на кожата треба да откриете ако се појават некои сомнители грутки или точки.

Рак на кожата – заштитете ги вашите деца

Ракот на кожата (skin cancer) настанува поради изложеност на ултравиолетовото зрачење од сонцето. Многу е важно да ја заштитите кожата на вашето дете од изгоретини и изложеност на сонцето. Тоа ја намалува опасноста да се појави рак на кожата во подоцнежна возраст.

Рак на кожата – опасности и рани знаци

Забележано е дека во светот најмногу заболувања од рак на кожата се јавуваат во Австралија. Едно на секои две лица родени во оваа земја ќе заболат од некое заболување на рак на кожата во текот на нивниот живот. Секоја година 1200 Австралијанци умираат од една болест што речиси наполно може да се спречи.
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
44
Eve interesen podatok, zosto ne postoi Rak na srce?
Bidejki rak moze da nastane kaj kletki koj brzo se delat, a kletkite na srceto ne se regeneriraat, zatoa ima na se rak osven na srce, e zatoa ima infarkt i drugi milion cuda:)
 
Член од
27 август 2005
Мислења
109
Поени од реакции
1
Има една м'глјавина в с'звездие Taurus - Ракообразната,№1 по каталог на Месие,не можах да намерја снимка в Интернет.Винаги с'м се чудил дали тја е дала името на болестта или болеста - на неја.

Иначе каквото ти е писано - нјама м'рдане.Ако те чака рак на 45 години,ништо не те спасјава.А нај-лоша е левкемијата,при нас много деца боледуват и повечето умират.Трагедија,не винаги и операција помага.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Рак на коските

Рак на коските може да биде примарен рак (се јавува во коските) или секундарен рак (се јавува на друго место од телото и се проширува на коските). Примарниот рак е еден од најретките видови во Викторија. Се лекува со операција, радиотерапија или кемотерапија.

Рак на матката

Материцата е дел од репродуктивниот систем на жената. Ракот на материцата се јавува кај 400 жени во Викторија секоја година и најмногу ги погодува жените постари од 50 години. Овој вид на рак е исто така познат како рак на утробата, рак на материцата, ендометриал рак и рак на кожата на утробата.

Рак на мозокот


Мозокот и рбетниот столб го сочинуваат централниот нервен систем. Туморите на мозокот може да бидат малигни (канцерогени) или бенигни (не канцерогени). Отприлика 340 жители на Викторија добиваат малигни тумори на мозокот секоја година. Тие ги погодуваат возрасните на сите возрасти и се еден од видовите на рак кој се јавува и кај децата.

Рак на мочниот меур


Мочниот меур е орган каде што се собира мочката. Ракот на мочниот меур е редок кај лицата помлади од 50 години, а најчест е кај лицата на возраст над 70 години. Повеќе од 800 жители на Викторија заболуваат од оваа болест секоја година. Пушењето е најчестата причина за оваа болест.

Рак на панкреасот

Панкреасот е жлезда која се наоѓа зад стомакот. Таа лачи ензими за варење и важни хормони. Ракот на панкреасот е почест кај постарите лица, а пушачите имаат поголема можност да се разболат отколку непушачите. Околу 430 жители на Викторија заболуваат од оваа болест секоја година.

Рак на простата

Од рак на простата заболува еден на секои 18 мажи во Австралија и е честа појава на возраста над 65 год. Ракот на простатата може да се лекува на повеќе различни начини, вклучувајќи операција. Последиците од лекувањето се различни и може да вклучуваат немање контрола и импотенција. Во повеќето случаи болеста не е смртоносна.

Рак на простатата

Ракот на простатата е малиген тумор на обвивката кој расте во жлездата на простатата. Се јавува кај мажите на возраст преку 65 години. Во две третини случаи не претставува опасност по животот. Повеќето од мажите со рак на простатата умираат од сосема друга причина.

Рак на тестисите


Ракот на тестисите не е многу распространет. Во Викторија, околу 130 мажи заболуваат секоја година. Најчесто се јавува кај мажи на возраст меѓу 25 и 44 години. Раното откривање и лекување може да доведе до излекување скоро на сите случаи.

Рак на црниот дроб

Ракот на црниот дроб може да биде примарен (се јавува на црниот дроб) или секундарен (се јавува на друго место во телото и се проширува на црниот дроб). Примарниот рак на црниот дроб е еден од најретките видови рак во Викторија. Секундарните видови рак се најчестите видови рак.

Рак на јајниците

Јајниците се дел од репродуктивниот систем на жената. Постојат четири главни вида рак на јајниците, кои најчесто ги погодуваат жените на возраст после 40-та. Во Викторија околу 400 жени заболуваат од рак на јајниците секоја година.

Ракот и азбестот

Азбестот е минерал кој се состои од влакна кои може да се вдишат во белите дробови. При подолготрајна изложеност азбестот може да предизвика низа болести, вклучувајќи го и видот на рак кој брзо се развива, наречен месотелиома.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Ракот и наследноста – најнови испитувања

Една поопсежна студија за стапката на ракот меѓу близнаците ги потврди постојните верувања дека повеќето видови рак се предизвикани од фактори од средината отколку од генетски причини. Беа проучувани повеќе од 44000 пара близнаци од Данска, Финска и Шведска. Видовите рак со најголема стапка на генетско потекло вклучувале рак на: простатата, дебелото црево, стомакот, дојките и белите дробови.

Ракот и храната

Некои видови рак се појавуваат поради нашата секојдневна исхрана. Ракот на желудникот, цревата, белите дробови, простатата и матката се појавува ако исхраната има многу масти, а малку растителни влакна. Меѓутоа, нема одреден доказ дека некои видови храна предизвикуваат рак или можат да помогнат при лекување на ракот.

Ракот не е една болест туку повеќе

Ракоте е општ термин кој опфаќа повеќе болести. Секој вид се разликува по зачестеноста, траењето, третманот и исходот. Некои видови лесно се откриваат и лечат, додека за други најважна е превенцијата.

Резултатите од пап тестот може да бараат лекување

Секоја жена на возраст меѓу 18 и 70 години, а која имала сексуални односи, би требало да направи брис еднаш на секои две години. Брисот открива промени на клетките на материцата пред да се развие рак. Промените, обично, не се рак, туку се предизвикани од природни фактори кои се губат или лесно се лекуваат.

Реконструкција и отстранување на дојките

Операцијата е најчестата постапка при ракот на дојките. Во зависност од туморот може да треба да се отстрани дел или целата дојка. Некои жени се подвргнуваат на постапка на реконструкција на дојките како би го имале истиот изглед на дојките пред операцијата во нормална облека.

Самоиспитување на градите

Важно е жените да го знаат нормалниот изглед, чувството и формата на нивните дојки како би забележале ако дојде до некоја промена. Повеќето од промените во дојките не се канцерогени, меѓутоа сите невообичаени промени би требало да се проверат на лекар.

Солариум

Многумина во Австралија користат солариуми со погрешна претпоставка дека овие апарати обезбедуваат безбедно поцрнување на кожата. Всушност, тоа не е точно. Испитувањата покажале дека ултравиолетовото зрачење од солариумите ја зголемува можноста за добивање рак на кожата. Тие исто така можат да предизвикаат оштетување на кожата, како изгореници од сонце, иритираност на кожата, црвенило и потекување.

Справување со болките од рак

Болките од рак се обично постојани. Начинот на справување со болките е земање лекови, вклучувајќи парацетамол, како и лекови кои содржат и лекови кои не содржат опиум. Одмор од терапија – како медитација, масажа и јога – може исто така да помогне за намалување на болката.

Хоџкинсовата болест е еден вид лимфома


Лимфниот систем – системот на потните жлезди, дел е од заштитниот систем на телото кој се бори против воспаленија и инфекции. Хоџкинсовата болест (Hodgkin's disease) е рак на потните жлезди, тоа ја намалува способноста на телото да се бори против воспаленија и инфекции. Тоа е по редок вид рак и во 1997 год. околу 121 лице жители на Викторија беа заболени од него.

Чајот може да биде корисен за здравјето


Некои испитувања покажаа дека чајот може д ризикот од срцеви заболувања. Заштитните состојки во чајот се група состоа спречи некои видови рак и да го намалијки тн. катехини. Меѓутоа, некои други испитувања не ги потврдија претходните наоди. Испитувањата се во тек.
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
12
Postojat li konkretni upatstava za nacin na ishrana ili caevi koi se upotrebuvaat vo tekot na lecenje od rakot(ili kako prevencija),ili kako sto veke napisa zavisno za kakov tip na rak stanuva zbor ...takva e i prevencijata?!

Dali e tocno deka makrobiotskata ishrana mnogu pozitivno vliae pri lecenjeto od ovaa bolest?
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
ROZA напиша:
Dali e tocno deka makrobiotskata ishrana mnogu pozitivno vliae pri lecenjeto od ovaa bolest?
Да, точно е.
Макробиотската исхрана се користи при лечење на рак на дојката и матката. Овие заболувања настануваат кај жените додека се тие во пред-климакс-постклимаксниот период. Несоодветниот третман од повеќе аспекти може да доведе до овие заболувања кај жените во тој период.. :|
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
12
Fala na odgovorot!
Iskreno da ti kazam so strav ja otvoriv ovaa tema zatoa sto kon rakot kako bolest gledam so doza na nedoverba vo odnos na izlekuvanjeto...napisanoto vleva nadez ... samodoverba i borba mora da ima!
Mnogu mili osobi si zaminaa so taa dijagnoza...i sekogas se prasuvav i seuste se prasuvam zarem ovaa visoka tehnologija ne moze da napravi nesto poveke!?
Bi sakala da slusnam deka konecno i za sekoj tip na rak ima soodveten lek...
Te pozdravuvam!
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Не знам Роза.. не знам што да ти кажам. Дедо ми умре од рак денеска сабајлето :place:скршена сум, полу-жива сум.. во еден момент дури и нерва ме фаќа што воопшто го отворив топиков! :(
Кога ќе сум поокеј ќе се обидам да најдам нешто..
извини ама сега не можам да ти одговорам на прашањето. :cry:
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Дедо ти почина? :eek:
Сочуство :(

@ROZA
http://www.torexin.co.yu/
Разгледај
Превенција постои и тоа како!
Се надевам ќе најдеш нешто корисно
 
Член од
18 септември 2005
Мислења
318
Поени од реакции
12
The`bItCh напиша:
Не знам Роза.. не знам што да ти кажам. Дедо ми умре од рак денеска сабајлето :place:скршена сум, полу-жива сум.. во еден момент дури и нерва ме фаќа што воопшто го отворив топиков! :(
Кога ќе сум поокеј ќе се обидам да најдам нешто..
извини ама сега не можам да ти одговорам на прашањето. :cry:


Socuvstvuvam so tebe!
Tuka sum ke se citame!
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Од пред неколку дена универзитетски професор од Кембриџ објави дека е изолирана нова супстанца изолирана од клетките кои се веќе „заразени“ со рак а која спречува формирање на нови клетки „заразени“ со рак. Едноставно, болеста ја спречува конкуренцијата. Ова не е лек ама во иднина од тука може да се очекува агенс кој ке ја доведе болеста во некое „послушно“ ниво. И тоа е нешто.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Двојно е зголемен бројот на жени заболени од рак на дојката. Ракот на дојката и на гениталиите се најчеста причина за смртност од малигни заболувања кај жените, предупредуваат стручњаците.


Зголемениот број на нови случаи е поради раното откривање, велат на институтот за онкологија. Сепак, застрашуваат податоците што во секоја од последните 4 години се регистрираат по 500 нови случаи.

Според стручњаците, лекувањето на една пациентка во трет стадиум на болеста чини околу 19.000 евра, додека на почетокот на болеста 600 евра. Поради тоа од примарно значење е подигањето на свеста на пациентките.

Иако во државата има пет мамографи од кои еден во Скопје, мора да се работи на раното откривање на ракот на дојката која доколку на време се открие е излечива болест, порачуваат лекарите.

„Жената треба еднаш годишно да си ги провери градите”, изјавува проф. д-р Тихомир Крцковски, директор на Клинички центар.
Покрај физичкиот недостаток после операцијата, видливи се и психичките трауми кај жените.

„Овој тим на стручњаци треба да се прошири и во смисол на психолошки третман на пациентите. Донекаде веќе има некои иницијални чекори за психолошка и социјална рехабилитација на овие пациенти”, изјавува проф. д-р Андреа Арсовски, директор на торакална и васкуларна хирургија.

Поради скапото болничко лекување на клиниката за онкологија започнаа да функционираат дневни болници, а и цитостатици има доволно.

„Во моментов е во завршна фаза инсталацијата на т.н. акцелераторска линија”, вели проф. д-р Снежана Смичкова, директор на институтот за радиотерапија и онкологија.

За да им помогне на жените во раното откривање на оваа болест, здружението „Животна искра" издаде ЦД и аудио касета со чија помош жената ќе може да направи само-преглед на дојките.

За жал, за овој сериозен проблем се зборува само еднаш годишно во рамките на месецот на подигање на свеста за ракот на дојката поради затвореност кон јавноста на раководниот тим на клиниката за онкологија.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Кучињата со нивниот јако изострен мирис би можеле да намирисаат карциномно ткиво - е заклучокот од истражувачката мисија спроведена од страна на Michael McCulloch од Пине Стрит Фондацијата од Калифорнија.

Ова истражување покажало дека истренираните кучиња можат да детекритаат карцинот на белите дробови и рак на градите во раниот стадиум на болеста.

Истражувачите приметиле дека ткивото на ракот испушта молекули различни од оние на здравото ткиво, а тоа е токму она што би можеле да го намирисаат кучињата со нивниот јак осет за мирис.

Меѓутоа никој до сега не спровел целосно истражување на оваа област - додаде Мајкал. За целта на неговото истражување се употребени пет кучиња истренирани да препознаат здраво и болно ткиво.

Кучињата научиле да лаат на болните пациенти со што потоа се наградувани со парче вкусна храна. Кучињата до сега индентификувале 55 пациенти со рак на белите дробови и 31 пациентки со рак на дојка. Кучињата во 90% од случаите давале точни информации. Овие резултати се многу сериозни и покажуваат дека кучињата би можеле многу да помогнат за рано откривање на карциномот кај луѓето.


Навистина интересно..:coffee:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom