Каролина Гочева

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
На радио денес слушнав за некаков голем концерт на Каролина во Скопје. Дали знае некој за што се работи и за кога се планира?
Не успеав сето да го слушнам зошто пуштив кога завршуваше емисијата.
На топ листите по радијава, Капка под небото песната е на прво место. Дефинитивно песната ми стана една од најомилените од албумот.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Каролина Гочева оваа сабота ќе биде гостинка на четвртата емисија на Дора 2011, Хрватскиот избор за песна на Евровизија.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
Беј Д Фиш и Каролина снимија заеднички сингл


Еден од најактуелните бендови кај нас - Беј д фиш, сними сингл со Каролина Гочева. Синглот Ideal Woman ќе биде промовиран на 14-ти февруари (понеделник) точно на пладне, кога ќе биде пуштен бесплатно да се превземе на веб страните на MTV (www.mtv.rs , www.mtv.com.ht и www.mtv.si).
Фронтменот на групата Огнен Анастасовски околу соработката вели дека албумот го работат како мјузикл во кој секој ќе игра одреден карактер, а Каролина одлично се снашла во нејзината улога: "Снимањето беше супер. Каролина ја изработи својата магија и си отиде. Јас се чудев првите половина час, потоа и се јавив и и' кажав дека е феноменално. Потоа дојде и Васил Ѓуроски кој целосно откачи на песната, а остатокот од бендот кажа: неверојатно!".

Каролина била пријатно изненадена од поканата, бидејќи како што таа вели се: "потполно различни артисти. Но, веднаш ја прифатив поканата бидејќи сум голем фан на бендот. Верувам дека сите ќе бидат задоволни од оваа необична комбинација".
Инаку Ideal Woman ќе биде дел од албумот Just an Idea, кој ќе биде двоен албум претставен во два дела - едниот во јуни а другиот кон крајот на годината.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
НЕСАНИЦА е песната која ја изведе Каролина на најголемиот хрватски фестивал Дора за избор на песна на Евровизија. Каролина настапи на отварањето на вечерта. Звучеше најдобро, секоја чест.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
"Беј д фиш" и Каролина во дует



Од вчера е пуштен новиот сингл на "Беј д фиш" насловен "Идеална жена" (Идеал Њоман), целосно испеана од поп-ѕвездата Каролина Гочева, со која оваа група за првпат во својата десетгодишна кариера соработува.
-Почнав да ја работам приказната за албумот којшто ние го нарекуваме мјузикл и се случи освен двата главни карактери да ни требаат и други, па испаднаа на крај да ни требаат пет карактери. За еден се сретнавме со Каролина и рековме ајде да пробаме. Ја прашав дали некогаш глумела, таа рече не, а јас и кажав е па тогаш супер, ни јас никогаш не сум бил режисер. Ова го велам затоа што целиот албум е концепиран како мјузикл и Каролина пред се требаше да одглуми карактер од приказната, вели Огнен Анастасовски, лидерот на групата.
Каролина исто така е изненадена од понудата, но и од добро завршената работа.
-Многу пријатно се изненадив што ме побараа да соработуваме пред се поради тоа што сме потполно различни изведувачи. Но веднаш прифатив затоа што сум голем фан на бендот. Песната е нешто сосема поинакво од она што мојата публика е навикната да го слуша од мене, но убедена сум дека сите ќе бидат задоволни од оваа необична комбинација, вели поп-ѕвездата.
Албумот ќе биде двоен, со над осумдесет минути музика. Издавач на овој двоен диск ќе бидат "Круг" продукција и ПМГ рекордингс од Скопје.
Оваа песна е втор сингл од албумот за кој во претстојниов период е планарано да се сними и спот. Следниот настап на бендот е закажан на отворањето на "Скрим фестивал" на 18 февруари во "Метрополис арената" во Скопје.​
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
На 16 април македонската поп дива Каролина ќе прави солистички концерт во спортската сала Борис Трајковски.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086


Ваква вест заслужува посебно внимание на форумов. Браво Каролина. Не се пропушта концертот. Уживање :vozbud:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
денешен Дневник објавува
Каролина на 16 април во арената „Борис Трајковски“


Поп-пејачката Каролина Гочева на 16 април ќе одржи голем солистички концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На настанот ќе го промовира својот албум „Капка под небото“.
Гочева е актуелна со синглот Ideal Woman, направен во соработка со електро-рок групата „Беј д фиш“.​
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Ш О К А Н Т Н О
Каролина во октомври пред матичар







 

Kajgana Shop

На врв Bottom