Дел од интересно интервјуа со поп ѕвездата
МОДНИ ДЕТАЛИ
Обожавам алки, а на лето марами
Задолжително очила за сонце, за кој внимавам и убаво да ми прилегаат но и да бидат некој бренд. Од модни детали би ги издвоила и разни обетки, обожавам алки, носам и ѓерданчиња. На лето многу често носам марами во различни бои, но сакам ремени и секако чанти.
ЧЕВЛИ
Да бидат удобни
Сакам удобни чевли. Јас сум импулсивен купувач па купувам се што ќе ми се допадне, тоа може да е некој бренд но и да се и неафирмирани обувки. Сега на лето најчесто сум во сандали, апостолки, балетанки. Посебно би ги издвоила чевлите на Кавали и на Пјачоти, а што се однесува да патики, кои исто така сакам да ги носам, омилени ми се моделите на "Адидас".
ОБЛЕКА
Пантолони од продавници за мажи
Последниве години не ми се разликува многу стилот на обелкување кога настапувам и кога сум некаде приватно, да речеме на кафе или вечерно излегување. За посвечени момент секако дека носам нешто погламурозно. За мојот стил на облекување се гржи Цаци Паковска која често ми набавува парчиња облека од Италија, а и јас постојано си купувам по нешто кога одам на патувања. Од мојот плакар би ги издвоила широките пантолони, па тоа се вреќести модели, кој ги купувам од продавница за мажи. Ги имам во различни бои, многу ми се допаѓаат и секогаш ги носам. Секако дека носам и куси фустанчиња, здолништа, шорцеви во различни бои.
ЛИНИЈА
Немам проблем со килограмите
Веќе со години имам некој режим на исхрана. Немам проблем со килограмите, затоа што не се поправам па да треба да слабеам и да држам диети. Е сега кило-две варирам, тоа е она што само јас си го приметувам. Секој понеделник се спремам да вежбам, и никако да дојде тој понеделник. Знам по нешто да зготвам, но не сум се уште некој страсен кулинар. Телото го одржувам и со тоа што одам на антицелулитни масажи и терапии со ласер во "Пер Леи".
КОЗМЕТИКА
Со години не менувам парфем
За лицето користам хидрантна хрема на "Диор", а телото го негувам со хидратантен лосион на "Нивеа". Ретко менувам парфеми. Со години го користам Ескада "сентимент", а за вечерните излегувања Армани "код".
Што се однесува до косата, за тоа го имам Сретен. Тој се гржи за бојата на косата, (која искрено вака посветла многу ми се допаѓа), шампоните, маските, за потшишување, фризури за настап...
АВТОМОБИЛ
Шофер почетник
Возам Пежо 207, и тоа е мојот омилен автомобил. Задоволна сум, а бидејќи сум шофер почетник, овој автомобил совршено ми одговара.
ХОБИ
Сакам да скијам
Во слободно време одам и во театар и во кино, сакам да прочитам убава книга, сакам да седнам на кафе или навечер да излезам, но заради обврските ретко останувам до доцна. Зиме одам на скијање. Имам една пасија-секогаш ми е жал да ги фрлам предметите што ме потсетуваат на некој моменти, настани...и тие си се собираат, па имам едно чудо предмети кои си имаат свое значење.
ПАТУВАЊЕ
Во Бразил и Мексико
Сакам да патувам. Се уште заради обврските не знам каде ќе одам на одмор, но знам дека во следниве две години ќе отпатувам во Бразил и Мексико, кои се мои омилени дестинации и кој навистина сакам да ги видам.