Каролина Гочева

Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Таа песна е од Скопје94 ''Кој да ти каже'' со која 13годишното македонско девојче ја освои 3-та награда од публика инаку автор на истата е Кире Костов,на текст на Миодраг Врчаковски.
Што се однесува до песната "Срцето не ќе издржи" таа е од 2000г. од албумот Јас имам песна инаку песната е на Кристина Ковач од Белград како и повеќето песни од тој албум.И искрено многу сакам повторно да соработува со сестрите Кристина и Александра Ковач оти стварно прават добри и квалитетни песни кои траат.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Ај види дали е оваа песна таа?
како МП3 нигде ја нема, јас ја немам
Иначе не знаев дека 1994 Каролина пеела на фестивали, значи девојкава е легенда, старите песни и не и гзнам баш
Пред некој ден кога имаше Евровизија, пред неа даваа снимки од стари песни на Скопски фестивал и баш ја имаше песнава.
Супер е!

Скопје фест 94? Која песна , јас ги имам сите на компјутер, како се вика песната? КАКО ДА ТЕ ОТКАЧАМ?
Моја омилена песна од Карол ми е Срцево не ќе издржи, моја омилена балада, која од скоро време ја слушнав за прв пат
Како да те откачам е од Макфест, од 1993 или 1994 не ми текнува кога точно.

П.С. Еве еден текст од www.dragstor.mk

Каролина сними дует со Никола Сариќ од „О.Т.“
Нашата пејачка и еден од најпопуларните студенти во академијата „Операција триумф“ ја отпеаја во дует рок баладата „Заборави“, која би требало да се најде и на новиот албум на Каролина Гочева, најавен за почетокот на есента

- Се работи за прекрасна балада, која ја направија Мирко и Снежана Вукомановиќ и токму беше нивна идејата да нè спојат мене и Никола Сариќ - изјави пејачката за белградскиот весник „Блиц“.

Понатаму таа му дава комплименти на својот нов музички партнер.

- Многу сум задоволна од соработката со Никола, затоа што тој беше еден од најдобрите кандидати во „Операција триумф“. Мислам дека песната ќе биде голем хит, навистина е добра и лесно влегува во уво.

Каролина и Никола композицијата ја снимија пред две недели во студиото на Владо Георгиев, а според најавите наскоро ќе биде снимен и спот. „Заборави“ е увертира за новото цеде на Гочева.

- Почнав да работам на новиот албум, за кој се надевам дека ќе биде завршен до септември оваа година - вели Каролина.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Mислам дека албумот нема да биде готов се до крајот на годината,и за минатиот албум викаше каролина кога ќе бил готов, па излезе неколку месеци после тоа
Иначе претпоставувам дека утре Каролина ќе се појави во Бубамарата али мислам ќе отпее некоја од песните од Македонско девојче
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Песната Како да те откачам Каролина ја изведе на Макфест94 и ја освои наградата за најдобра интерпретација на 14годишна возраст во конкуренција многу докажани врвни пејачки имиња, а истотака ја доби и престижната награда од Фидоф за најдобар млад изведувач што во Мкд ја имаат своено само Каролина и Тоше во 1997г истотака на Макфест.
Што се однесува до Бубамарата не знам дали ќе се појави а и одамна Бубамара престана да биде престиш да се појавиш таму.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Кажувајте побрзооооооооооооо, нестпрлива сум, како беше облечена Каролина, што рече?
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
На самиот старт на шоуто Каролина ја испеа Умирем Без Тебе, облечена е во светол џинс, бела кошула и црно палтенце, со собрана коса. Кажа дека не планира да стави силикони и не сака да учествува во шоу на Big Brother цело време под камери. Сака да има деца, но сега не е вистинскиот момент за неа, вели дека би пролонгирала уште 1 до 2 години.
После овој разговор имаше мала сцена со гостинот Милан (водителот на ОТ) кадешто и двајцата беа во улога на Тарзан и Џејн. Каролина се преоблече во ултра мини леопардско здолниште, а и Милан имаше тарзанско одело. Импровизираа куса сцена, а Милан ја пофали Каролина за храброста да импровизира и била прилично инспиративна.
Откако пак се пресоблекоа, ја отпеаја Ти и Ја во живо заедно со Милан и водителот од Фламингоси.
Покажуваа слики од детството, Каролина за прв пат покажа слики од матурската каде партнер и бил Кирил Лазаров. Прв бакнеж и се случил надвор од училиштето, а го одбегна прашањето за прво сексуално искуство. (а инаку ја удавија за ова прашање и сал туку се навраќаа на тоа).
Има добиено потпишан дрес лично од Френк Лампард, кога ја пееше химната на стадион.
Шоуто заврши со снимка од концертот во универзална со изведба на песната „О, Јано, Јано.„

 
Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
bezveze ova srbive seks pa seks prost i vulgaren narod .za Karolina bravo sto si go drzi svoeto nivo,ene im gi srpskine pevaljki da im zborat za seks tie i toa samo znaat kako stanale pevaljki ako ne preku seks:tapp:
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Каролина беше супер во шоуто и одлично се снајде на провокативните прашања на Огњен а и на Милан беше постојано насмеана и морам да признаам дека новиот имиџ и е супер и вака со затемнета коса и подобро стои,а што се однесува до фотографиите Кире Лазаров едвај го препознав.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Каролина е мојата најсакана шмизличка:pos2: Колку е само јака на клипов како Џејн, али Фламингоси и Милан како тандем се број 1 за духовитост и хумор и зезање, али Каролина знае да си стои на ставот и да си одговори на ниво.
Јас не знаев дека му била партнерка на Кире, леле супер..... Вака со затемната коса е најубава досега
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Јас не знаев дека му била партнерка на Кире, леле супер..... Вака со затемната коса е најубава досега
а со Кирил најмногу си одговараа и по висината. Кога ги покажа сликите од детството, сите врснички и беа до половината, Каролина беше највисока :)
А со затемната коса и шишки делува некако и помлада.

Вечерва ако следите Златна Бубамара на радио, пишете ако добие награди Каролина. Штета радиово што нема online streaming :(
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
а со Кирил најмногу си одговараа и по висината. Кога ги покажа сликите од детството, сите врснички и беа до половината, Каролина беше највисока :)
А со затемната коса и шишки делува некако и помлада.

Вечерва ако следите Златна Бубамара на радио, пишете ако добие награди Каролина. Штета радиово што нема online streaming :(
За најдобра пејачка изгледа награда ќе добијат Танара и Дани.
Пишав во темата за Калиопи нешто повеќе.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Со кој албум Тамара и Дани ќе добијат таква титула?:pos2::pos2::pos2:
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
вечер сакам Македонско Девојче да биде награден со албум на годината, освен ако не го стават и The Hardest Thing во конкуренција. Ама тој излезе јануари годинава, дали воопшто влегува во игра?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom