Она никогаш не коментирала за ниедна нејзина врска, се е масло на новинарите кои добиваат многу ако и те како ги напумпаат вестите, али мене тоа не ме засега, мене најмногу ме интересирало и ќе ме интересира музиката на Каролина, нејзините концертни настапи итн. За Дино ми беше интересно затоа што беше згоден, богат, имаше бутик, сопственик на Јамаха итн. - значи само она што сум слушала, ми било интересно.
А за ова видеово, ау, таа Бубамара беше според мене најубавата, преполна со емоции и дуети. КАРОЛИНА, елегантна како никогаш до тогаш, излезе на сцена, почна да ја пее Љубовта е моја религија, за потоа да и се придружи Владо Јаневски, кој долги долги години пред тоа не се имаше појавено пред јавноста. Крајот на настапот го круниса громогласен аплауз од публиката во Универзална