jasisamojas
Не ми треба титула
- Член од
- 26 ноември 2008
- Мислења
- 762
- Поени од реакции
- 423
Откажан концертот на Каролина во Охрид
Концертот на Каролина Гочева, кој утревечер требаше да се одржи во Антички театар во Охрид, е откажан. На истиот ден Гочева ќе настапи на плажата „Куба либре“ каде што ќе настапи со песните од поп-албумите. Од „Авалон продукција“ известуваат дека причина за откажување на концертот се ангажманите на членовите на бендот, кој е специјално составен за проектот „Македонско девојче“ со кој Каролина требаше да се претстави на Антички.
- За жал, и покрај сите напори поради годишните одмори, бендот не е во можност да се состави. Не сакајќи да им пркоси на еминентните критичари и да не дава свој придонес во минимизирањето на културните вредности на Охридско лето, „Авалон продукција“ одлучи концертот со поп-репертоарот на Каролина да се одржи на плажата „Куба либре“ - велат од продукцијата.