Не ја слушам редовно, туку само ако ми налета на ТВ. Песните не ми се по вкус, премногу разводнети и шаблонски, не допираат до душа. И покрај толку многу испеани песни, и да се потрудам, не би можела да се сетам на некој нејзин рефрен, онака, да ми влезе во уво и таму да остане. И Тоше на пример не го слушав редовно, ама можам од одма да испеам барем 8-9 различни рефрени.
Има слух, ама нема боја на глас. Башка тоа и пее на нос. Кај неа недостасува и моќност на гласот со која би можела да ја задрма сцената и да удри директно во срце.
Околу изгледот, тело има одлично, ама на лик не ме бендисува, премногу мали црти за такво крупно лице. Има ситни очи, тенки усни, само носето и е убаво. Нема убава насмевка. Кај неа има некоја индиферентна убавина, не предизвикува никакви емоции, не можеш да ја осетиш, јас лично ја доживувам како една права линија. Инаку, стилот во поголем дел и' е ОК, освен во ретки случаи на тотално промашување.
Како личност не можам ништо да кажам, бидејќи не ја познавам. Од она што сум ја гледала на интервјуа, ми оддава впечаток на затворен и дистанциран човек, а таква е и на сцена. И после толку години искуство, сеуште нема кај неа топлина преку која би се поврзала со публиката, не зрачи со енергија, нема аура околу неа, едноставно е премногу рамнодушна.