Каролина Гочева

Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
мислам дека сум на добар пат да исконтактирам со АВАЛОН, веќе ми се пружи една мала прилика, и тоа ќе го предложам, не сум го размислила досега, супер идеја, али АВАЛОН ми рекоа дека со новата веб страна, ќе им се пружи можност на обожавателите да исконтактираат со својта поп ѕвезда и идол
Али од таа можност, ништо нема како што гледам на оваа веб страна
 
S

StormRage

Гостин
мислам дека сум на добар пат да исконтактирам со АВАЛОН, веќе ми се пружи една мала прилика, и тоа ќе го предложам, не сум го размислила досега, супер идеја, али АВАЛОН ми рекоа дека со новата веб страна, ќе им се пружи можност на обожавателите да исконтактираат со својта поп ѕвезда и идол
Али од таа можност, ништо нема како што гледам на оваа веб страна
нашле тебе да те зафркавет !? најверојатно нишо од то ќе немат...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.431
Поени од реакции
7.805
Мир меџу животињама, љубав меџу људимааа
И би :locked:

Повторно отварање на темава ќе има дури коа ќе оладите, и нормално ако некој побара да биде отворена оваа тема а нема ник: Алекс, Дијаманте или Караман
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
www.karolinagoceva.net - Новата веб страна на Каролина
исто така во новиотр број на Свет Каролина е на насловна и има ексклузивно интервју
таму зборува дека во школо Кире Лазаров со кого учела ги имал сите петки, дека не простува прељуба и дека не носи само скапа облека
Зборува и за студентите од Операција триумф, за популарноста на Александар Белов, има слика нејзина со Дадар на промоцијата на филмот за Тоше и вели дека во филмот Тоше е прикажан онаков каков што беше
Доста интересни работи, од кои заклучив и уште еднаш се уверув во нејзината умереност, одмереност во изјавите, точни прецизни изјави кои ги изградила врз основа на долгогодишната кариера

НАСКОРО - нов поп албум
 

Anele

princess without a crown*
Член од
3 јануари 2009
Мислења
135
Поени од реакции
4
Ima stil curata, ne e vulgarna vo oblekuvanje, zdrvena malku, pesnite...hmm nisto posebno, ne e nesto na gas( da me izvinite) da padnis:toe:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Интервју со Каролина


Каролина Гочева постојано предизвикува интерес во јавноста и тоа од неколку причини. Едната е тоа што го издаде својот албум “Македонско девојче“. Другата поради што албумот направи голем бум, третата неодамна се врати од зимувањето во Сент Мориц, четвртата нејзиното момче, петатта...За неа велат дека е најпопуларната и најитригатната пејачка која конечно научи да се носи со својата естрадна карма. Иако неодамна направи неколку успешни концерти и е во подготовка на нов поп албум душегрижниците и понатаму полемизираат за случувањата во животот на Каролина надвор од естрадната сцена.

Неодамна, со твоето момче Дино се вративте од зимување. Бевте во Сент Мориц, како си поминавте?
Да, бев во Сент Мориц, како и минатата година. Се разбира дека одморот на секого му годи, особено по таков напорен период каков што имав до крајот на минатата година. Се одморив, скијав, а качив и некое килце.

Бевте сами или повторно со друштво?
Со драги пријатели.

Каков скијач си?
Мислам дека сум доста добар скијач, така велат другите.

Се опуштивте ли, потрошивте ли малку повеќе пари, со оглед на тоа што добро заработи минатата година?
Се опуштив, а потрошив толку колку што ми дозволуваат можностите. Сигурно не милион денари како што вие напишавте дека сум потрошила минатата година. Тоа е огромна сума за наши услови.

Дали ти годеше што беше рекордер по хонорарот за новогодишниот настап, од сите наши пејачи?
Се разбира, но да знаете бројката што ја објавивте за мојот новогодишен хонорар, не беше сосема точна. И се разбира, нема да ви ја откријам вистинската сума. (се смее)

Не стигнавме да те прашаме како си помина на настапот?
Одлично. Публиката во Црна Гора ми е една од омилените и секогаш уживам кога настапувам каде било во Црна Гора, затоа што одлично ме прифаќаат.

Интервјуто го правиме во Битола, моментално си тука кај твоите. Колку често ги посетуваш?
Секој послободен период го користам да дојдам во Битола. Најмногу ме опушта домашна атмосфера и затоа најголемиот дел од времето го поминувам дома. Особено сум среќна кога сите се собираме на заеднички семеен ручек и морам да признам, како што поминуваат годините, се повеќе ми недостасуваат тие мали работи што го сочинуваат секојдневието, и затоа им придавам голема важност. Се разбира, сакам да излезам и со другарките. Ова е мојот роден град, и нормално е тука да ми е најубаво.

Како ги поминуваш деновиве, освен што навиваш за ракометната репрезентација и за твојот пријател Кире Лазаро?
Деновите ги поминувам потполно релаксирано, не размислувам на ни една од работите што ми причинуваат стрес и нервоза. Се разбира, ги следам натпреварите на нашата репрезентација и се гордеам со мојот школски другар Кире Лазаров.

Со Кире се знаете од средно училиште, каков ученик беше тој?
Со Кире заедно учевме во гимназијата “Јосип Броз-Тито“ во Битола, во четврта 6. Беше одличен ученик. Со сите петки! (се смее)

Колку си задоволна од тоа како се продава твојот последен албум?
Првиот тираж помина многу добро, тоа го покажаа и моите два успешни концерти во Скопје и Битола, очекувајте уште еден тираж а јас во меѓувреме ќе работам на нови песни.

Зошто се реши да правиш концерт во “Универзална сала“, а не во “Борис Трајковски“, на пример?
Затоа што албумот “Македонско девојче“ има тивка, нежна музика и бара посебна акустика, што сала од типот на “Борис Трајковски“ не може да ја понуди. Мислам дека со овој концепт понудив нешто потполно ново во мојата кариера, а и во целокупната македонска музика. Публиката што беше во “Универзална“, можеше да го чуе и најтивкиот шум, секој тон и мислам дека уживаше исто колку и ние кои бевме на бина.

Ти си му кума на еден од твоите менаџери, но тие се и твои деловни соработници. Како досега да не сте се скарале за работа?
Се разбира дека се караме како и сите луѓе кои работат заедно, но нашите кавги се позитивно конструктивни. (се смее)

Кога да очекуваме од тебе нов поп-албум?
Размислувам интензивно на таа тема, а наскоро ќе се “фрлам“ на работа. Се уште не сум ги собрала сите песни, но имам веќе неколку многу добри и многу наскоро ќе почнам со снимање.

Дали ќе го правиш само на македонски, или ќе го препееш и на српски?
Како и трите последни албуми, и овој албум ќе биде наменет и за поранешните ју-простори, па значи ќе биде и на српски и хрватски.

Ти беше единствената пејачка која се појави двапати на “Операција триумф“. Од која причина те поканија двапати?
Точно, јас бев двапати на “Операција триумф“, првпат беше на првата Гала кога пеев со нашиот Александар, а вторпат некаде при крајот, кога пеев со Нина, Ана и Соња. Не знам која беше причината што ме поканија по вторпат. Веројатно беа задоволни од мојот прв настап.

Мислиш ли дека Александар Белов ќе стане ѕвезда? Би снимила ли дует со него?
Мислам дека Александар е голем потенцијал. Тој е многу талентирано, убаво младо момче, но најважно од се е што е многу воспитан и скромен што беше и една од причините за сите толку да го засакаат.

Што мислиш за другите преставници?
Со Нина имав можност да пеам и за неа можам да кажам само пофални зборови. Се разбира дека убави работи имам да кажам и за Аднан и Вукашин, кои исто така стигнаа до финале. Им посакувам да направат голема кариера, затоа што сметам дека заслужуваат.

Какво е твоето генерално мислење за овогодишниот избор на песна за “Евровизија“? Мислиш ли дека Белов повторно ќе биде фаворит на публиката?
Не сум запознаена со деталите и изведувачите околу овогодишниот избор, но веќе слушнав дека го спомнуваат неговото име во некои прогнози.

Ретко те гледаме на македонските фестивали, ама често знаеш да се појавиш на некој од интернационалните, која е причината?
Одамна не сум била на некој интернационален фестивал. Последен беше “Радискиот“ во Белград минатата година. Едноставно, не го гледам веќе моето место на некој од фестивалите, а забележувам дека слично размислуваат и некои од моите колеги, кои имаат повеќегодишно искуство.

Која од твоите колешки ти е најдобра пријателка, доколку воопшто постои таква?
Не ја гледам естрадата како место каде што би можела да најдам искрен, долгогодишен пријател. Повеќето што тврделе дека се неразделни, сродни души и слично, по некое време си вртат грб и се озборуваат на секој чекор. Моите најдобри другарки не се личности од јавниот живот, и со нив речиси никогаш не разговарам за мојата работа.

А, со кои не се дружиш, немој да ми кажеш дека со ниту една не си скарана?
Па токму поради ова што ти го кажав погоре и не сум скарана со никого. Се разбира, некои ми се драги, некои не толку, но со никого не сум се испокарала за да не можам да си кажам ни најобично - здраво.

Ги следиш ли трач муабетите од соседството? Мислиш ли дека Беквалац го изневери Дача со Новак?
Чув нешто на таа тема, но се разбира дека не верувам. Можеби затоа што многу ја сакам Наташа Беквалац, па не сакам да верувам во тоа.

Каков е твојот став кон прељубата?
Во никој случај не ја оправдувам. И мислам дека не би простила такво нешто, доколку ми се случи.

Како би реагирала доколку Дино се појави на некоја насловна страна со некоја позната “цица“?
Не би реагирала никако. Една слика не значи ништо. Се разбира, позата е многу важна. (се смее)

Колку сте љубоморни еден на друг?
Во нормални граници. Најголема казна за некој што ја работи мојава работа е до себе да има искомплексиран љубоморен партнер.

Твоето момче го бркале многу жени, а тебе многу мажи. Дали уште сте фатални еден за друг?
Не знам зошто ме прашуваш вакво нешто, па јас никогаш не сум била фатална, така што ниту еден мој партнер не бил со мене затоа што сум фатална.

Каква си кога ќе се вљубиш?
Среќна и исполнета.

Последниве години пејачките како да се натпреваруваат, изјавувајќи која колку пари дала за некое брендирано парче гардероба. Што мислиш за таквото експонирање?
Не се сеќавам јас некогаш да сум кажала колку пари сум платила некое парче гардероба, ниту пак мислам дека тоа е нешто со кое треба да се фалам. Мене не ми се допаѓа таков вид на експонирање, како ни вашиот натпис од пред некој број дека сум добила на подарок од момчето бунда од нерц. Дечко ми навистина сака да ми подарува убави работи, но конкретно, бундата за која пишувавте, си ја купив сама, и не е од нерц! (се смее)

Кое е најскапото парче што го имаш ти во твојот ормар?
Не знам зошто е толку тоа важно, а и само на нашиве простори го поставуваат тоа прашање. Не сум забележала некој да ја прашува Бијонсе кое е најскапото парче кое го има. Или можеби се лажам?! Имам работи кои се брендирани, но немам никаков комплекс од тоа да си купам и некое парче за 10 евра и со огромно задоволство да си го носам.

Сето тоа чини многу пари, како стоиш финансиски?
Морам да кажам дека на нашиве простори од музика многу тешко се заработуваат пари, и навистина треба многу труд и работа за добра заработка. Јас сум цело време некаде на пат, така што сите оние кои мислат дека оваа работа е лесна, бидејќи само си “шеташ и си пееш“, нека знаат дека не е така. Инаку, финансиски стојам солидно. (се смее)
 

Rock Girl

Liber, libertas!
Член од
11 август 2007
Мислења
500
Поени од реакции
28
Мене ми е слатка Каролина, има многу убав глас, а и песните не и се лоши иако не ја слушам.:)
 
Член од
14 јануари 2009
Мислења
359
Поени од реакции
21
Ја ценам за гласот, способноста да си ги интерпретира песните, како и нејзината панбалканска афирмираност.
И мене ми пречат некои работи околу нејзиното прикажување во медиумите, но сепак славата си го прави своето. Погледнете ги само Бритни или Роби Вилијамс и ќе сватите дека има и бетер.
Омилени песни: Милениум со тебе, Ружо ружице, Ајде да летаме, Птицо малечка, За нас(не знам дали точно така се викаше, зборувам за песната од Скопје Фест 2000).
 

DeepPurple

* Belly Fairy *
Член од
16 јануари 2009
Мислења
121
Поени од реакции
10
Воопшто не ми се допаѓа пеењето на Каролина, о многу слабо се покажа во пеењето во живо а ја сметав за подобра.И мнооогу е слаба, а инаку она е едно од најдобро облечените звезди во Македонија
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Па она каква е и што се има направено веќе е излишно да се говори а и своето реноме,статус и квалитет одамна го потврдила и докажала така да безвредно е повеќе да се расправа за тоа.
Инаку да ве информирам дека поп дивата Каролина има нов имиџ кој го промовираше во Белград на концертот на Iron Maiden,а со тоа стартува и нејзина нова кампања за промоција на нејзиниот нов музички материјал поточно нов албум а наскоро ќе следува и првиот сингл како најава за нејзиниот нов албум којшто најверојатно ќе биде во некој поп-рок фазон.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
Па она каква е и што се има направено веќе е излишно да се говори а и своето реноме,статус и квалитет одамна го потврдила и докажала така да безвредно е повеќе да се расправа за тоа.
Инаку да ве информирам дека поп дивата Каролина има нов имиџ кој го промовираше во Белград на концертот на Iron Maiden,а со тоа стартува и нејзина нова кампања за промоција на нејзиниот нов музички материјал поточно нов албум а наскоро ќе следува и првиот сингл како најава за нејзиниот нов албум којшто најверојатно ќе биде во некој поп-рок фазон.
па да ја затворат темата тогаш,или тука има место само за фалење?
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Па она каква е и што се има направено веќе е излишно да се говори а и своето реноме,статус и квалитет одамна го потврдила и докажала така да безвредно е повеќе да се расправа за тоа.
Инаку да ве информирам дека поп дивата Каролина има нов имиџ кој го промовираше во Белград на концертот на Iron Maiden,а со тоа стартува и нејзина нова кампања за промоција на нејзиниот нов музички материјал поточно нов албум а наскоро ќе следува и првиот сингл како најава за нејзиниот нов албум којшто најверојатно ќе биде во некој поп-рок фазон.
топ. едвај чекам да го слушнам новиот сингл. :smir:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Од крајот на 2005 немаме слушнато нов поп хит од неа
Само за потсетување, најава за новите албуми, како први синглови досега и биле Љубов под облаците за албумот Знаеш колку вредам, па после се појави со Се лажам себе за новиот албум кога направи БУМ и со стилот на песната и со имиџот
А каков е тој нов имиџ?
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
еј супер за ова новиот поп-рок стил. Да бидам искрен одамна посакував да заплови во такво нешто, и баш ми е мило што во последно време похрабро експериментира и не се ограничува како порано. Туку ако имате слики или видео од тој нов имиџ, ставете и тука на форумот.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
140
Поени од реакции
8
Makedonskite zeni, se poznati po toa sho neosnovano, ne trpat konkurencija...:pos2:

Sho da kazam za Karolina...nema potreba.

She is the best in Macedonia, for now.:wink:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom