Каролина Гочева

Член од
31 декември 2007
Мислења
441
Поени од реакции
111
„Бракот“:



А од каде сега Каролина во договор со One, нели ќе потпишела со T-Mobile и затоа настапувала во предизобрната кампања?
па очигледно предизборните митинзи и биле трауматично искуство па смета дека не вреди сето тоа за еден договор.Инаку најави дека треба да потпише за Оне имаше уште пред две три години,ама таа сакаше договор со Т-home,изгледа веќе не сака
Потпишувањето на нејзиното најново CD прошлата година ова време беше во организација на T-home
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Малце каснам, ама една рецензија за албумот "Капка под небото".
Хитовите не ги спомнувам, само за Крај ќе речам дека не ми се допаѓа.
Значи, песните ги подредувам по тоа како ми се допаднале, од најубави кон најнеубави.
1. Бои, Сите тие дни, Да можев да те погледнам. И штета е што за овие песни нема спотови. Ќе станеа многу големи хитови.
2. Сама, Ме љубиш ли и ти, Не чувствувам страв. Просечни.
3. Капка под небото ич не ми се допаѓа.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
КАДЕ Е КАРОЛИНА ЗА НОВА ГОДИНА?
Општините за прославите на градските плоштади низ Македонија веќе имаат одредена програма, но некои од нив сé уште не ги кажуваат сите изведувачи бидејќи сакаат да ги изненадат посетителите.
Каролина Гочева е мошне зафатена дома, со два настапа за новогодишната вечер, и тоа најпрво во Скопје, каде што ќе настапи и кралицата на ромската песна Есма Реџепова, за потоа Новата година да ја пречека во Прилеп.

- Каролина најпрво од 20 часот ќе настапи на плоштадот во Скопје, а потоа ќе отпатуваме во Прилеп, каде што по 12 часот ќе настапи на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ - вели Денис Илиоски од продукцијата „Авалон“.

Плоштадите секогаш претставуваат алтернативна дестинација за најлудата ноќ во годината. Иако веќе се познати дел од изведувачите, од градот Скопје сé уште не ги откриваат сите адути за новогодишната ноќ.


НЕМА НОВ АЛБУМ?
Најдоброто од Каролина спакувано на бест оф компилација ќе се појави на домашниот музички пазар во периодот околу април-мај 2012 година. Изданието на поп-пејачката ќе биде надополнето и со нов сингл, нешто кое публиката нетрпеливо го очекува од неа, информираа менаџерите на Каролина од „Авалон продукција“.
„Моментално бараме песни за новиот албум на Каролина, но мора да признам дека имаме дефицит, од Вардар до Триглав нема добри песни“, вели Бобан Милошевски од „Авалон продукција“.
Ако оди се' според плановите за 2012 година, веќе наесен македонската публика ќе може да ужива и во едно несекојдневно издание од Каролина – анплагт-концерт (и) кои, најверојатно, би се одржале во Универзална сала во Скопје и би резултирале со едно специјално ДВД-издание. Во меѓувреме, менаџерскиот тим на Каролина размислува и за продолжение на албумот „Македонско девојче“






Утре во ТЕА, календар со Каролина
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Kаролина на последниот ден од 2011 беше специјална гостинка во вестите на сител каде зборуваше за она што го планира во 2012 и им ја честита новата година на сите гледачи. Потоа беше дел од снимената новогодишна програма на Сител, а на Канал 5 даваа директен пренос од нејзиниот настап на плоштадот во Скопје.
Каролина новата година ја дочека во Прилеп, каде настапуваше веднаш по Скопје.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Kаролина на последниот ден од 2011 беше специјална гостинка во вестите на сител каде зборуваше за она што го планира во 2012 и им ја честита новата година на сите гледачи. Потоа беше дел од снимената новогодишна програма на Сител, а на Канал 5 даваа директен пренос од нејзиниот настап на плоштадот во Скопје.
Каролина новата година ја дочека во Прилеп, каде настапуваше веднаш по Скопје.

Ова требаше вчера или завчера да ни го кажеш за да ја следиме, гледаме, а не сега откако помина се.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
673
Поени од реакции
102
Со оглед на тоа дека под текстот стои име на една ретардирана личност,текстот губи од вредност,а и за да напишеш текст прво и основно правило во новинарството е да има фотографија за истиот настан и замислете со такви мобилки денес да нема слика е трагедија за тој што пишува со тоа кажува колку е неспособен за работата што ја работи,да зборуваш за некаква средба на јавно место каде секој може да направи било каква слика,сака нешто да направи но не знае како.

Инаку за нејзина информација Каролина е повторно вљубена,во едно момче македонче.
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 17:09 ---
Со оглед на тоа дека под текстот стои име на една ретардирана личност,текстот губи од вредност,а и за да напишеш текст прво и основно правило во новинарството е да има фотографија за истиот настан и замислете со такви мобилки денес да нема слика е трагедија за тој што пишува со тоа кажува колку е неспособен за работата што ја работи,да зборуваш за некаква средба на јавно место каде секој може да направи било каква слика,сака нешто да направи но не знае како.

Инаку за нејзина информација Каролина е повторно вљубена,во едно момче македонче.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Дебелата новинарка уште додека работеше во А1, Шпиц, Време, пишуваше лоши работи за Каролина. Жената е луда штом јавно се фалеше со своите гради. На концертот на Тони Зен била седната позади Каролина и може да се видат слики на интернет каде Каролина и Весна Бејби играат и уживаат, а дебелата новинарка ги гледа на криво.

За време на Бадник и Божиќ, Каролина е во родната Битола со семејството.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
За Каролина, Петок 13 не е баксузен ден. На Екстра Ексклузив кажа дека на петок 13 го направила нејзиниот најсупешен концерт, а тоа е овој од оваа година во салата Борис Трајковски.
Каролина пред неколку дена била на свеченото отварање на новиот салон на Дадар. Во Вест има слика на која е сликана со нејзините драги пријатели и соработници Дадар и Дејан Миличевич.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Жалам што не зборуваат македонски. Можете ли да кажете каде што можете да преземање сите албуми Каролины. ви благодариме однапред.

Прошу проштеньја ја не говорју по-македонски. Подскажите, пожалујста, где можно скачать все альбомы Каролины. заранее благодарју.

Excuse me, I do not speak Macedonian. Could you please tell me where I can download Karolina's all albums. Thanks in advance.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom