Јас имам сериозен проблем. Си ја сакам земјата. Се срамам од народот.
Да почнам од деградирањето на Каролина веднаш по смртта на Тоше. Не плачела на телевизија. Јас не плачев ни дома. Ми беше жал, ама никогаш не ја сфатив смислата во трескањето од земја, само да се привлече внимание. И не сфатив зошто се трескаа од земја на телевизија, посебно луѓе кои едвај да се каже дека му беа соработници.
Потоа, изјавила дека бил најдобар машки вокал. И што погрешно кажала? Колку што сум јас информирана, Тоше беше маж, а ако веќе зборуваме, да Каролина има најдобар женски вокал во Македонија, па и на Балканот, покрај Александра Радовиќ, и некои останати.
Немала контакт со публиката. Пеењето е професија, а не добротворна работа. Во пеењето, Каролина е професионалец и тука нема коментари. Антипатична била. Не знаев дека треба другарка да ви биде? Мислев дека треба да пее?
Каролина е единствена пејачка која успеа после 20 години кариера да наполни сала како Борис Трајковски, без за неа да се објавуваат скандалозни насловни. Каролина до сега не го следеше примерот на нејзините колешки, нема да зборувам за турбо-фолкерските, зошто е срамота да се каже дека воопшто и се колешки, ама еве, да речеме Северина (која што ја сакам како пејачка) и која што извади порно филм за да си подигне рејтинг, кај Каролина тоа сеуште не се случи. Најинтересен настан за јавноста беше билбордите од тогашниот нејзин партнер.
Ништо повеќе.
И така треба да остане - тоа е музичар. Ме заболе мене за овој или оној што прави со приватниот живот. Никогаш не ме интересирало. Каролина прави добра музика, уживам додека ја слушам и уживам додека ја гледам, зошто според мене е една од најубавите жени на Балканот.
Македонско девојче, како албум, е нешто што ќе остане на нашите поколенија, не само на нас. Сигурно нема да ја оставиме Благица Павловска.
Секоја чест за Каролина, јас пораснав со нејзината музика, од кога знам за себе ја слушам, и ќе продолжам да ја слушам.
Бев на нејзиниот концерт и си поминав феноменално.
Омилена песна од неа, тешко ќе издвојам, бидејќи речиси нема некоја што не сум ја преслушала 1000 пати. Но од постарите - И ќе биде се во ред, Знаеш колку вредам (заедно со српската верзија), секогаш ќе ми биде омилена Срешчемо се опет(која има и друго значење за мене), Љубовта е моја религија, од последниот албум дефинитивно Не се враќаш и Сите тие дни. Ideal woman е нешто што никој од балканските пеачи не го направил, и се гордеам со неа за тоа, мои пријатели кои воопшто не знаеа дека таа постои дадоа одлични критики за песната (пријатели од Америка и Скандинавските земји) и не им се веруваше дека некој од Балканот испеал такво нешто. Од Македонско девојче, сите ми се допаѓаат. Исто така посебно, навистина, ми се допаѓа преработката на Се посврши Сербез Донка, и воедно, тоа ми е омилена верзија на песната.
Исти реакции во однос на музиката наша, од странци, добив и кога им го испратив ЦД на Тоше ,,The Hardest Thing,, со тоа што Separate Ways беше еден од нивните хитови. Им испратив и оригинални ЦД-ња.
Ама нашиот народ мора и мора да си го деградира и отфрла своето.
Каролина и понатаму ми останува женски фаворит во Македонија, а Владо Јаневски машки.
--- надополнето: Sep 7, 2011 8:51 PM ---
П.С. Гледам и Калиопи сте ја спомнале. Калиопи никогаш не ми била омилена, не ми се допаѓа нејзината музика, посебно последниве песни. Порано имаше по нешто добро, на пример, ми се допаѓаат ,,Крај,, ,,Не плачи,, ,,На пат до Македонија,,(омилена, од неа).
Посебно ме изненади непријатно нејзиното однесување пред неколку години кога биравме песна за Евровизија, крајно непрофесионално и недолично за некого од кого се очекува да биде репер за останатите помлади пеачи.