Не може да е преработка кога зад музиката е потпишан Дино Мерлин. Ако не ја украл тој.
КАРОЛИНА заштитно лице на кампањата за ХИВ и СИДА
На Меѓународниот студентски конкурс пристигнале 2.034 плакати од 38 земји
Во галеријата „Чифте-амам“, утревечер, во 20 часот, ќе биде отворенa изложбата на четвртиот Меѓународен студентски конкурс за плакат што се одржува годинава под наслов „ХИВ/СИДА“, а го организира Асоцијацијата за графички дизајнери на Македонија „Плакарт“, во партнерство со Црвениот крст на Република Македонија и на Универзитетот ФОН. Заштитно лице на оваа кампања што почнува на Светскиот ден за заштита од ХИВ /СИДА , а вклучува и низа едукативни работилници, е поп-пејачката Каролина Гочева.