КАРОЛИНА ГОЧЕВА: "Се работи на нов поп-албум, а се бираат песни за второто издание на “Македонско девојче”
ГИ САКАМ: МУЗИКАТА, МОДАТА, ДЕЦАТА...
“Ja сакам музиката, ја сакам модата, го сакам животот, ги ссакам децата, го сакам Стилисимо...”, изјави Каролина, која со модната стилистка Цаци Паковска и Стилисимо започнаа хумантирана акција за собирање средства за Клиниката за детски болести во Скопје.
Хумана си колку што си и убава! Чија беше идејата во која ти си лицето на хуманост?
- Идејата се разгледуваше речиси една година. Беше поттикната од Цаци Паковска. Кога решивме да им помогнеме на децата, во проектот се вклучија и одговорните луѓе на Клиниката за детски болести во Скопје.
Дали доби понуди да се вклучиш и во некои други хуманитарни активности?
- И претходно сум учествувала во многу хуманитарни акции, како во Македонија така и на целиот Балкан. Неодамна бевме во Струмица на еден таков настан. Се разбира, и во иднина, секогаш кога ми дозволуваат професионалните активности, сум подготвена и сакам барем малку да помогнам на луѓето со проблеми, особено на децата и младите луѓе.
Ти си прва што е прогласена за супербренд на Македонија за 2011/2012 година. Каков е твојот став за ова?
- Кога професионално се занимавате со музика, секогаш кога добивате некоја награда таа ви значи. Наградата супербренд на Македонија дојде како изненандување, барем за мене, но ја прифатив со посебно задоволство. Ми годи тоа што сум единствена од музичкиот свет во Македонија. Сепак, мислам дека има уште многу музичари кои треба да ја добијат.
Каква музика слушаш приватно?
- Пред се, квалитетна. Никогаш не сум се врзувала за еден стил. Доколку ја погледнете мојата музика, ќе видите дека тука има најмалку пет-шест различни стилови. Сакам да слушнам се и сметам дека секој жанр си има своја публика.
Што е пресудно кога избираш песна?
- Секогаш кога добивам нова песна, а тоа се случива често, заедно со мојата екипа од Авалон продукција со часови ја преслушуваме. Многу е важен првиот впечаток, односно дали воопшто има идеја во таа песна. Тоа е првиот норматив, а потоа е лесно да се сменат некои детали, аранжман, продукција и слично.
Кој е твој најважен критичар?
- Пред се, моите обожаватели. Кај нив нема лажни зборови и правење лице. Секогаш поголемо внимание им обрнувам на негативните критики, дали тие се издржани и ако се, се трудам да го повторам тоа што пречи. Но, да не се правам премногу скромна, ми годат позитивните критики!
))
Прв пат настапи на 10-годишна возраст на детскиот фестивал “Си-До” во Битола, а потоа и на фестивалот “Макфест” во 1991 во Штип со песната “Мамо, пушти ме”. Потоа се редеа низа фестивали во твојата кариера. Каков е твојот впечаток за нив?
- За жал, и позитивна и негативна. Не е важно само да објавите дека одржувате фестивал, морате да го направите во најдобро можно издание. Во мојата кариера сум настапила на безброј фестивали на целиот Балкан, а доколку се земат предвид и двете учества на “Евровизија”, мислам дека имам огромно искуство и имам право да коментирам и критикувам. Порано на фестивалите се дружевме и се забавувавме со колегите, не беа важни наградите. Во последно време сите се поделија во некои табори, здруженија, тајни кругови. Се поретко одам на нив. Некои фестивали траат подолго откога ќе завршат, по медиумите гледаме разни расправии. Го спомнавте моето прво учество на “Макфест” во 1991 г., сеуште паметам дека бев најмала таму,
дека сите ми дава поддршка, ме храбреа. Мислам дека денес тоа се поретко се случува.
Кои се твоите музички планови?
- Имам многу, но никогаш пред време не сакам да коментирам за нив. Она што можам да кажам е дека се работи на нов поп-албум, а се бираат песни за второто издание на “Македонско девојче”.
Имаш ли некој скриен талент кој не си ни го покажала досега?
- Имам, а тоа го знаат само моите блиски. Одличен психолог сум, а имам и пророчки способности...
Во хороскоп си Бик. Веруваш ли во моќта на хороскопот?
- Не многу. Всушност, читам хороскоп смао кога не сум задоволна со моменталната ситуација во мојот ѓивот, па ако прочитам нешто позитивно, тоа ми доаѓа како некоја утеха.
Што сметаш дека кај тебе е најдобра, а што најлоша карактерна особина?
- Добрината и храброста, но не можам да одредам во денешно време која е добра, а која е лоша особина.
Која беше твојата омилена детска лектира?
- Малиот принц, Оливер Твист...