*болдираното* е малку несоодветен избор на зборови кога станува збор за дефинирање на карактер. Постојат луѓе кои по карактер се нестабилни, т.е. недефинирани, а нестабилноста не е стабилна рајт?Карактер, нарав, табиет, природа ...
Кога зборуваме за карактер, мислиме на она што е потрајно и стабилно кај една личност, специфично.
Сите нејзини особености и начин на однесување.
Кои се принципите, насоченоста на животниот пат и која е во суштина моралната страна на личноста.
Во основата на карактерот е волјата, за да се постигнат сите квалитети кои сме ги зацртале...
Токму тоа ми е целта на темата, кои се ултимативните квалитети, зошто баш тие и од каде сме до дошле од заклучок дека треба својот карактер да го обликуваме по тој калап?
Кој според вас е идеалниот карактер? (не дискутираме за тоа дека тоа не е возможно, се поставува само како прашање)Значи кои карактерни својства ги цените и зошто?
Дали може карактерот да се изгради само при вежбање и развивање на волјата?
Дали личноста навистина сама бира или се тоа и е наметнато?
Да разгледаме со пример:Иначе дека се надградува карактерот со тек на време...па не би рекла. Се менуваат начините на размислување и аспектите на гледање на светот, но карактеристиките како: Лицемерие, егоизам, наивност, спонтаност...слабо Тоа се формира на вери почетокот под дејство на различни општествено-семејни односи, после тури му пепел Мора да постои изузетна причина за да се почне со трансформацијата за која зборував неколку реда погоре
Ммм, добар матријал за размислување.за промена на еден карактер треба многу време и доста труд!не е толку едноставно личноста да ги менува своите карактерни особености!доколку зборуваме за обликување на карактерот по некој калап и бираме идеален карактер нели со тоа си бараме свои идоли!значи на карактерни својства кои вредат да се украдат!зарем тоа не е забеганост или можеби опседнатост со личноста со која се поистоветуваме и ја имитираме?
карактерот се менува само со јака волја!свесното е она што треба да избира,што ќе се случува со вас,но за мене играта на подсвесното е многу поинтересна!мотивот за промена е страшна сила!доколу се јави и силно се посакува,тој процес на смена ќе се случи,кога тогаш!
различностите на карктерот се посебни како деновите во годината!која е убавината во позајмувањето на карактерни особини,кога секој карактер е прекрасен во својата оригиналност и неповторливост,колку и тој да се одликува со лоши или добри карактерни црти!
Губењето се спаѓа во кошот екстремности т.е. изузетни причини за почеток на трансформација, која речиси никогаш не е комплетна. И покрај тоа што дотичната персона изгубила се поради наивноста (да речеме) и љубезноста, не значи дека ќе ги искорени како карактеристки. Само ќе ги потисне под грубата, "искусна и напатена"Да разгледаме со пример:
Личност која не била одмаздољубива и егоистична губи се поради одредена околност и друга личност.
Во право си нема воопшто тоа да ја погоди и промени, туку карактерот на наивна и љубезна ќе и остане?
Не верувам!
Просто речено, шпанските серии остануваат само шпански серии, реалноста е малку посурова.
Животот не ги бира средствата со кои влијае врз нас, само конзервативец до срж (за кој и не сум сигурна дека постои) би можел да се држи до истиот карактер и да не го менува.
Традиционалните општества одамна изумреа.
Која ќе стане вистински сегмент на личноста со текот на времето, да!Губењето се спаѓа во кошот екстремности т.е. изузетни причини за почеток на трансформација, која речиси никогаш не е комплетна. И покрај тоа што дотичната персона изгубила се поради наивноста (да речеме) и љубезноста, не значи дека ќе ги искорени како карактеристки. Само ќе ги потисне под грубата, "искусна и напатена"
маска.
Не велам не, но треба да се разбере дека таа маска се топи во персоналитетот на личноста со текот на времето и всушност прераснува во дел од него.Маскирањето има и друго име - Хипокризија. Не станува сега збор дали хипокризирањето е злонамерно или заштитничко, какво-такво фигурира во нечиј карактер. Да резимирам, сакајќи нешто да смениш, создаваш нова особина која е терет плус
Глумењето не ги исклучува претходните карактеристики, кои ја довеле до колапс персоната.
Да, да, но јас се обидувам да ти посочам нешто сосема друго.Лејди: Зошто да е далеку од хипокризија? Да се правиш нешто што не си заради страв да не бидеш повторно повреден е ништо друго ами преправање (лицемерење, хипокризирање).
Добро сега, секој поинаку си ги толкува работите. За мене веќеспоменатото е хипокризија, можеби затоа што имам поинаков став спрема истата т.е. ми е некако длабока. Не е мала работа да глумиш цврста и стабилна личност кога си свесен дека си се спротивно. Респект за лицемерието (своево)