Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Па со оглед на тоа што сите се сложуваме околу тоа дека првенствено нашиот карактер се оформува според нашите родители и нивниот начин на кој се трудат околу нас, би рекла дека не верувам во тоа дека човек може да избира по кој калап треба да го обликува својот карактер. Истото го мислам и за подоцните години, кога сме повозрасни и поспособни сами да се надградуваме. Може да се потрудиме да го постигнеме карактерот што мислиме дека ни одговара, но секако тешко е да се постигне тоа ... значи, ќе останам на тоа дека спонтано си се гради карактерот, според тоа што го примаме од околината.Токму тоа ми е целта на темата, кои се ултимативните квалитети, зошто баш тие и од каде сме до дошле од заклучок дека треба својот карактер да го обликуваме по тој калап?
Кој според вас е идеалниот карактер? (не дискутираме за тоа дека тоа не е возможно, се поставува само како прашање)Значи кои карактерни својства ги цените и зошто?
Како што кажав, најверојатно може бидејќи верувам во исклучоци, но јас не познавам таков случај, па ...Дали може карактерот да се изгради само при вежбање и развивање на волјата?
Дали личноста навистина сама бира или се тоа и е наметнато?
Наметнато е се`, но сепак на крај личноста сама избира дали да го прифати или отфрли наметнатото. Треба да е стабилна и да има свои принципи, за да знае сама да го избере тоа што е најдобро за неа. Тие "полесните" личности, кои и не се трудат баш да се направат луѓе, секако полесно паѓаат на наметнатото, прифаќаат се` и на крај, во таа збрка од карактери, ништо не бива од нив.
А во врска со тоа што се закаравте, дали карактерот се менува во текот на животот ... секако дека да.
Вие многу исфилозофиравте и не најдовте средина, па еве јас на поедноставен начин да образложам како гледам на тоа, за да се сфатиме подобро.
Кога човекот е дете, да повторам, го гради својот карактер како му наметнува семејството пред се`. Значи неможе баш свесно да реагира, па почнува да заликува на нив.
Кога почнува веќе со училиште, па средно, па факултет, поголемо влијание на таа личност имаат друштвата со кои поминува поголемо време. Доколку се тоа слични на веќе нејзиниот првично изграден карактер, може да се зацврсти и да остане како таков со помали промени кои годините неизбежно сами со себе си ги носат.
Но, доколку се тоа друштва поразлични од нејзе, ќе се најде во некое бунило и ќе почне да се менува, без оглед дали на подобро или полошо.
Кога ќе ја запознае истата личност првата љубов, ќе се промени сигурно. Ќе почне да биде почувствителна, посериозна, поодговорна и сл.
Кога ќе ја изгуби истата, ќе почне да се затвара, со што менува карактер веднаш. Ќе стане рамнодушна, ќе почне да се однесува како дете (да пие, пуши, нешто дрогичка и сл), ќе го изгуби и чувството на одговорност во себе итн.
Потоа ќе се случат многу ситуации каде што нејзината верба во другарството ќе ја снема, затоа што ќе доживее бројни разочарувања од блиските ... ќе престане да верува, со што исто така веднаш менува дел од нејзиниот карактерен калап.
Потоа, ќе заврши со школувањето, па повторно ќе се уозбили, ќе почне да бара работа. Од милионите одбивања, лоши работни места, порази и успеси, таа личност веќе нема да потсеќа на детето кое некогаш била. Ќе постане лоша, ќе пцуе, ќе биде огорчена на животот, ќе престане да прави работи кои ја задоволуваат поради сето тоа ...
Со тек на време ќе и` пукне филм од замарањата да се ожени/омажи, па ќе земе некоја жена/маж, колку да им го направи ќеифот на сите други, заборавајќи на себе. Ќе има лош живот, ќе живее само за децата, па со тек на време уште поразличен карактер ќе си изгради, сакала или не. Од сиромаштија ќе се навлече на коцка, па со тоа што коцката ќе и` биде на прво место, ќе ги уништува сите околу себе.
Итн итн итн ...
Ова е секако една општа и секојдневна слика на просечен човек, колку да ја доловам поентата. Може тоа да е и обратно ... од среќна посреќна да испадне личноста, но и така да е, постојано ќе се менува.
Значи без оглед на подобро или полошо, личноста својот карактер постојано го менува. Може и да остане цврста, па да задржи поголем дел од себе, но сепак тој дел неможе да биде целосно непроменлив. Дури и тие поголеми карактеристики како што се сакањето, омразата, добрината, гневот, амбициозноста, можат да се променат, иако се подлабоко во нас и треба повеќе време и поголема причина за истото.
И то ...