Карактер (имам свое јас!!!)

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Јасно "е", и ептен слабо напишано, Тоа е поентата.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Малечко, како тврдиш ултимативно некои работи за непроменливоста на карактерот кај човек, кога самата си поставила некаква провизорна рамка на +5 години до кога ти ќе го оформуваш својот?

Него....
Куќата има темели. Вкопани во земја, ако сакаме да ги рушиме треба да копаме длабоко. Куќата обично се гради еднаш, до ниво на карабина. Сепак, секогаш може да се надоградува, ширински или висински - ако добие градителот дозвола од соодветниот орган.

Сега, COPY на ова и метафор-пљас врз нашиов муабет.
Што добиваме?

Единки кои што се (како што би рекол Џон Лок, мислам...) Табула Раса. Сунѓерчиња. И впиваат се....Она што тато и мама, стрини, тетки,учителки, покемони и телетабиси, супермени и бетмени го сметаат за добро и лошо, кул и некул.

Секој има период на идентификација во животот. Понекогаш, тоа е едниот родител, понекогаш е селекција на особини од двајцата родители, а понекогаш може да биде и некој филмски лик. Да не зборуваме за околината, општеството во кое некој расте и нејзините влијанија, особено кај деца кои имаат брат или сестра за кои потсвесно сметаат дека се третирани подобро од нив, фаворизирани од страна на родителите.

Финесите (надоградбите) се случуваат цел живот. А понекогаш знаат да ја направат разликата помеѓу она што ќе го наречеме лош, просечен или асален човек односно тежок или добар карактер.
 
С

Сатори

Гостин
&

Серпико убаво ви објасни, нема потреба да продолжувате да се карате.

Иако јас лично не можам да разберам како некој може да мисли дека нешто на светов не е релативно, пред се крактерот кој постојано се менува и надградува со годините и искуството.:toe:
 
joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Карактер, нарав, табиет, природа ...

Кога зборуваме за карактер, мислиме на она што е потрајно и стабилно кај една личност, специфично.
Сите нејзини особености и начин на однесување.
Кои се принципите, насоченоста на животниот пат и која е во суштина моралната страна на личноста.
Во основата на карактерот е волјата, за да се постигнат сите квалитети кои сме ги зацртале...

Токму тоа ми е целта на темата, кои се ултимативните квалитети, зошто баш тие и од каде сме до дошле од заклучок дека треба својот карактер да го обликуваме по тој калап?
Кој според вас е идеалниот карактер? (не дискутираме за тоа дека тоа не е возможно, се поставува само како прашање)Значи кои карактерни својства ги цените и зошто?

Дали може карактерот да се изгради само при вежбање и развивање на волјата?
Дали личноста навистина сама бира или се тоа и е наметнато?
*болдираното* е малку несоодветен избор на зборови кога станува збор за дефинирање на карактер. Постојат луѓе кои по карактер се нестабилни, т.е. недефинирани, а нестабилноста не е стабилна рајт? :)
Карактерот се менува, тешко али се. Промената е долг процес, но перманентен доколку на него се работи волево. Немам некој посебен пантеон на "карактерни својства", само сакам да се спонтани, па макар и погрешни :)
Иначе дека се надградува карактерот со тек на време...па не би рекла. Се менуваат начините на размислување и аспектите на гледање на светот, но карактеристиките како: Лицемерие, егоизам, наивност, спонтаност...слабо :) Тоа се формира на вери почетокот под дејство на различни општествено-семејни односи, после тури му пепел:) Мора да постои изузетна причина за да се почне со трансформацијата за која зборував неколку реда погоре:)
 
Да разгледаме со пример:

Личност која не била одмаздољубива и егоистична губи се поради одредена околност и друга личност.
Во право си нема воопшто тоа да ја погоди и промени, туку карактерот на наивна и љубезна ќе и остане?
Не верувам!

Просто речено, шпанските серии остануваат само шпански серии, реалноста е малку посурова.
Животот не ги бира средствата со кои влијае врз нас, само конзервативец до срж (за кој и не сум сигурна дека постои) би можел да се држи до истиот карактер и да не го менува.

Традиционалните општества одамна изумреа.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
за промена на еден карактер треба многу време и доста труд!не е толку едноставно личноста да ги менува своите карактерни особености!доколку зборуваме за обликување на карактерот по некој калап и бираме идеален карактер нели со тоа си бараме свои идоли!значи на карактерни својства кои вредат да се украдат!зарем тоа не е забеганост или можеби опседнатост со личноста со која се поистоветуваме и ја имитираме?
карактерот се менува само со јака волја!свесното е она што треба да избира,што ќе се случува со вас,но за мене играта на подсвесното е многу поинтересна!мотивот за промена е страшна сила!доколу се јави и силно се посакува,тој процес на смена ќе се случи,кога тогаш!
различностите на карктерот се посебни како деновите во годината!која е убавината во позајмувањето на карактерни особини,кога секој карактер е прекрасен во својата оригиналност и неповторливост,колку и тој да се одликува со лоши или добри карактерни црти!
 
Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Не знам. Некаде прочитав дека оние битни карактерни црти се формират уште од најраната ворзраст кај детето. Не велам дека не се менуваме, животот е чуден превртлив, те обликува, те става на најразлични искушенија... Меѓутоа сепак мислам дека она што како суштина го носиме во себе останува, не определува, тука битни промени не можат да настанат. Ние сме ние, карактерот како да ни е предодреден. Постојат периоди од нашите животи кога под дејство на непредвидени настани реагираме или се однесуваме поинаку, на начин кој не ни својствен. Меѓутоа после тие периоди се враќаме на старите ние. Вака барем било до сега кај мене, битно не сум променета,што не значи дека ја исклучувам можноста дека можам да се променам.
 
С

Сатори

Гостин
&

за промена на еден карактер треба многу време и доста труд!не е толку едноставно личноста да ги менува своите карактерни особености!доколку зборуваме за обликување на карактерот по некој калап и бираме идеален карактер нели со тоа си бараме свои идоли!значи на карактерни својства кои вредат да се украдат!зарем тоа не е забеганост или можеби опседнатост со личноста со која се поистоветуваме и ја имитираме?
карактерот се менува само со јака волја!свесното е она што треба да избира,што ќе се случува со вас,но за мене играта на подсвесното е многу поинтересна!мотивот за промена е страшна сила!доколу се јави и силно се посакува,тој процес на смена ќе се случи,кога тогаш!
различностите на карктерот се посебни како деновите во годината!која е убавината во позајмувањето на карактерни особини,кога секој карактер е прекрасен во својата оригиналност и неповторливост,колку и тој да се одликува со лоши или добри карактерни црти!
Ммм, добар матријал за размислување.
Иако мора да се посочи дека сите ние сме микс од копирани туѓи карактерни особини, само тоа што ќе се добие на крајот ќе биде различен коктел.
 
joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Да разгледаме со пример:

Личност која не била одмаздољубива и егоистична губи се поради одредена околност и друга личност.
Во право си нема воопшто тоа да ја погоди и промени, туку карактерот на наивна и љубезна ќе и остане?
Не верувам!

Просто речено, шпанските серии остануваат само шпански серии, реалноста е малку посурова.
Животот не ги бира средствата со кои влијае врз нас, само конзервативец до срж (за кој и не сум сигурна дека постои) би можел да се држи до истиот карактер и да не го менува.

Традиционалните општества одамна изумреа.
Губењето се спаѓа во кошот екстремности т.е. изузетни причини за почеток на трансформација, која речиси никогаш не е комплетна. И покрај тоа што дотичната персона изгубила се поради наивноста (да речеме) и љубезноста, не значи дека ќе ги искорени како карактеристки. Само ќе ги потисне под грубата, "искусна и напатена"
маска. :)
 
Која ќе стане вистински сегмент на личноста со текот на времето, да!
 
joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Маскирањето има и друго име - Хипокризија. Не станува сега збор дали хипокризирањето е злонамерно или заштитничко, какво-такво фигурира во нечиј карактер. Да резимирам, сакајќи нешто да смениш, создаваш нова особина која е терет плус ;)
Глумењето не ги исклучува претходните карактеристики, кои ја довеле до колапс персоната.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Чаре Јоки? :)
 
С

Сатори

Гостин
&

Маскирањето има и друго име - Хипокризија. Не станува сега збор дали хипокризирањето е злонамерно или заштитничко, какво-такво фигурира во нечиј карактер. Да резимирам, сакајќи нешто да смениш, создаваш нова особина која е терет плус ;)
Глумењето не ги исклучува претходните карактеристики, кои ја довеле до колапс персоната.
Не велам не, но треба да се разбере дека таа маска се топи во персоналитетот на личноста со текот на времето и всушност прераснува во дел од него.
Тоа што ти го потенцираш, далеку е од хипокризија.
 
joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Serpiko: Чаре...еми немат :)
Лејди: Зошто да е далеку од хипокризија? Да се правиш нешто што не си заради страв да не бидеш повторно повреден е ништо друго ами преправање (лицемерење, хипокризирање).
Добро сега, секој поинаку си ги толкува работите. За мене веќеспоменатото е хипокризија, можеби затоа што имам поинаков став спрема истата т.е. ми е некако длабока. Не е мала работа да глумиш цврста и стабилна личност кога си свесен дека си се спротивно. Респект за лицемерието (своево) :)
 
Да, да, но јас се обидувам да ти посочам нешто сосема друго.
Се сложувам со тоа што ти го говориш/пишуваш, но сакам да ти кажам дека ако тоа било маска, ајде еве и хипокризија, со текот на времето ќе стане дел од персоналитетот на таа персона.
Ако некој упорно влијае врз себе си за да биде трудољубив, тоа ќе му премине со текот на времето во вистинска особина, дел од него.
Јас не велев дека е лесно, напротив, потребна е спартанска дисциплина, но едно е сигурно, возможно е!:smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom