Канарски острови: Тенерифе, Ланзароте, Гранд Канариа

Robija

Porno Mafijas
Член од
6 ноември 2010
Мислења
6
Поени од реакции
16
Па девојко три месеца бев на рехабилитација од Скопје и све поврзано со него (да се разбереме јас сум си вљубен во мојот град , просто говорам за тоа кое му го прават мала група на луѓе кои и по принцип не припаѓаат во него)...и сега почнав и со работа и така :). Во Порто де ла Круз не сум бил и не знам ништо за него.А Лас Америкас си е туристички рај според сите параграфи па нема да зажалиш ако се решиш за јужниот дел на Тенерифе. Е сега тоа со апартманите си е така ама си потпишуваш договор не помал од 3 месеци па од таму и тие цени...
 
Член од
26 мај 2012
Мислења
5
Поени од реакции
3
За мене нај-убаво време да се иде на Тенерифе е Октомври и Ноември - водата у океано е нај-жешка, температура на воздухо идеална - спиеш без климатик (летото е жега) и шеташ навонка по к'с ракав ноштеска. Народ има секогаш, но летоска повеке млади.
Цени от 20-30 евра за студио сос кухнја и 2 кревата, без вклјучено јадене. У Пуерто де ла Круз е малко по-евтино отколко у Лас Америкас-Коста Адехе, ама на југ е по-убаво.
Софија-Мадрид-Софија плјус Мадрид-Тенерифе-Мадрид може и за 150-200 евра да се земат билети, ама требе по-рано, сега например за октомври-ноември да земеш.

Ајде ако некој случајно отседне у апартхотел Бонанза (до автобусната станција), да провери дали оште работи там едно младо девојче на рецепцијата, личи малко на Николета Лозанова ама е по-убава. Да знам ако е там да резервирам пак за Бонанза.:)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Софија-Мадрид едно пар саати и уште 2-3 саати до Тенерифе... е сеа колку ќе свенеш у Мадрид, тоа зависи од картата. Ние чекавме 18 саати.
Еве после 3 години најверојатно ова лето т.е. есен КОНЕЧНО ќе си ја остварам оваа моја дестинација.
Едно прашање до тебе со оглед дека веќе си бил таму.
Најдов аранжман карти + смештај за 12 ноќевања = 390 евра по човек. Треба да го резервирам, само се надевам дека визз ќе паднат уште малку цените за во септември. Ако ја пропуштам шансата ќе си каснам од газот од мака :D

Е сега јас го искомбинирав на пример 4 ноќевања во Порто де ла Круз, а 7 ноќевања во Playa de las Americas. (едно ноќевање имаме во Барса). Ме интересира дали 4 дена се доволни на северниот дел да се прошета да се види, или се малку, или се многу? Еден ден би одвоила за Лоро парк а останатите да го прошетаме тој дел од островот, но секако сакам плажа. Возможно е да се капеш на северниот дел на некоја плажа во средината на септември или потешко. Има ли воопшто плажи на тој дел од островот?
Имав во план да земеме рент а кар за целиот престој, но потоа некаде прочитав дека на плажите нема паркинг!?! За колку дена ми препорачуваш рент а кар имајќи во предвид дека двата хотели кои ги најдов (и во Порто де ла круз и долу на јузниот дел) се на 300м од плажа?
Хотели најдов преку букинг, да ги резервирам од тука или да барам таму смештај пошто викаш дека лесно се наоѓа, што е подобра опција?
Би оделе од 10 сеп до 22, какви алишта да понесеме со нас? Летни, зимски, есенски или од сите по нешто?
А да и многу ме интересира има ли плажи со тиркизно море т.е океан?
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Конечно уште една од моете дестинации симната од листата.
Пред неколку дена се вратив од Тенерифе и можам да кажам само дека сум воодушевена од она што таму го видов и доживеав.
Од плажи, аква и зооплошки паркови па до авантуристички прошетки по мали села и националниот парк со вулканот Теиде, едноставно се ме воодушеви. Милиони излети, екскурзии и нови нешта кои ретко каде можат да се видат.
Нема да должам многу, ќе кажам само дека островот нуди неверојатно многу што да се види, цените се приступачни, времето прееееекрасно во текот на целата година и неверојатно евтин рент а кар.
Уживајте во сликите ;) За повеќе инфо стојам на располагање ;)

Playa de Las Americas
555.jpg
1234.jpg
112.jpg
122.jpg
123.jpg [DOUBLEPOST=1435242177][/DOUBLEPOST]Playa Del Duque 1.jpg


Lago Martinez 12345.jpg

Monkey Beach - Playa de las americas 11.jpg


Playa del duque 12.jpg

Siam park 23.jpg

34.jpg


Loro park 114.jpg

Operata vo Santa Cruz 115.jpg


Playa Las Teresitas 116.jpg

Siam park 124.jpg

Loro park 145.jpg

Siam park 333.jpg

334.jpg
 
Последно уредено:
Член од
29 јануари 2012
Мислења
29
Поени од реакции
2
Наздравје одмор,како отиде,тамо ли најде смештај,авионски карти.Све ме интересира причај :D.Јас сакам да одам во септември од кај 10 до 20.
 
Член од
22 април 2009
Мислења
342
Поени од реакции
144
Еве и ја сум заинтересиран за Октомври, па ако не ти е мака раскажи кај е најубаво да се сместам (ја читав дека на југ се поубавите плажи) пошо сакам пола одмор да скитам по остров, а пола да го лежам на плажа :)
Зема ли рент а кар, од каде и шо пари... Има еден куп прашања така да најверојатно ќе те позамараме :)
@devojka87
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
Мене ме интересираат плажите на Ланзароте. @devojka87 може коментар?
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
@mushovlae @gaberco

Фала да ви се врати поубав одмор ;) Што се однесува до смештајот го резервирав преку букинг пошто најлесно можеш да најдеш што ти одговара. Ние баравме да има бесплатен паркинг и бесплатен ви фи. Обавезно барајте хотел со бесплатен паркинг бидејќи секако ќе ренташ кола па барем кога си дома да не му ја мислиш.
Инаку има безброј хотели така да нема да е проблем и таму да бараш смештај, но секогаш поефтино излегува ако резервираш он лине.
Авио картите исто ги резервирав преку интернет на почеток на април за патување во средина на јуни и сите четири карти вкупно коштаа околу 180 евра повратна со вклучена голема кабинска торба за летовите со визз, истата таа торба е бесплатна со рајан.
Летавме
Скопје - Келн со визз
Келн - Тенерифе со рајан
за назад
Тенерифе - Милано Бергамо со рајан
Милано Бергамо - Скопје со визз
Помеѓу летовите имавме пауза од 4 часа, што се покажа како идеална.

Октомви е идеално време за одмор (но уште од сега треба да бараш карти), бидејќи кажуваат дека во тоа време е најтопла водата на океанот, иако и сега не беше ладна, се капевме секој ден. Температурата на воздухот во текот на целата година е 25-30 степени преку ден и околу 20 навечер што е идеално, па затоа и во речиси ниеден хотел нема клима.
За смештај секако го препорачувам јужниот дел ( Лас Америкас или Лос Кристијанос) бидејќи на северниот дел (Порто де ла Круз) речиси секогаш има облаци а и јужниот дел е потопол за капење и има подобар ноќен живот, а и поубави плажи. На северниот дел се издвојува плажата Лас Тереситас која е направена вештачки со песок донесен од Сахара. Секако ќе ја посетите оваа плажа барем еднаш но не вреди да се сместуваш на северниот дел само заради неа. Северниот дел е повеќе за шетање, но ако сакаш и плажа тогаш дефинитивно на југ.
Рент а кар зедовме од Ауторајзен, ја резервиравме преку нет (а ја плативме на лице место со картичка), шевролет авео, да ја земеме и да ја вратиме на аеродром и за 10 дена кошташе неверојатни 63 евра :D Бензинот кошташе нецело евро за литар. Рент а карот е задолжителен на Тенерифе ако сакаш да го прошеташ цел остров, а кога веќе си таму нормално дека ќе искористиш до максимум. Има мал милион работи кои можат да се посетат но секако во "must see" се Лоро и Сијам Парк и Теиде националниот парк.
Морам да кажам дека денот трае неверојатно долго, сонце заоѓа во 22 часот по македонско време, па имаш време во еден ден и да отидеш да посетиш некоја атракција и на другиот крај од островот и да се вратиш назад за да се капеш на плажа. Најубава плажа беше Ел Дјук на јужниот дел со сивкаст песок и тиркизна вода.

@Prestapnik
Во врска со плажите на Ланзароте не би знаела многу да ти кажам зошто јас бев на Тенерифе, но кажуваат дека се слични само што тој остров е помирен, да речам пофамилијарен, а плажите се сите со црн песок (колку што знам). Велат дека се она што го има на Ланзароте го има и на Тенерифе па не би ти го препорачала.
Како остров со најубави плажи од Канарските острови се издвојува Фуервентура, е таа е веќе друга приказна, но за таа дестинација ќе почекам некое време ;)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
Што значи ПА преку агенција?

НП е ноќевање со појадок, ПП е полн пансион, а ПА?
 
Член од
22 април 2009
Мислења
342
Поени од реакции
144
Епа еве ја да кажам дека сум многу блиску до резервација на одмор на Тенерифе во Октомври :) Смештајот ми е во Лос Кристианос преку Homeaway кај некоја Русинка што поима нема Англиски така да ќе биде весело, а картите ќе ме коштаат околу 450 е за двајца со еден чекиран куфер. @devojka87 може да споделиш само искуство со цените во рестораните, пошто план ми е да се храниме најмногу во ресторани, а нешто ситно и дома да се зготви.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom