@mushovlae @gaberco
Фала да ви се врати поубав одмор
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Што се однесува до смештајот го резервирав преку букинг пошто најлесно можеш да најдеш што ти одговара. Ние баравме да има бесплатен паркинг и бесплатен ви фи. Обавезно барајте хотел со бесплатен паркинг бидејќи секако ќе ренташ кола па барем кога си дома да не му ја мислиш.
Инаку има безброј хотели така да нема да е проблем и таму да бараш смештај, но секогаш поефтино излегува ако резервираш он лине.
Авио картите исто ги резервирав преку интернет на почеток на април за патување во средина на јуни и сите четири карти вкупно коштаа околу 180 евра повратна со вклучена голема кабинска торба за летовите со визз, истата таа торба е бесплатна со рајан.
Летавме
Скопје - Келн со визз
Келн - Тенерифе со рајан
за назад
Тенерифе - Милано Бергамо со рајан
Милано Бергамо - Скопје со визз
Помеѓу летовите имавме пауза од 4 часа, што се покажа како идеална.
Октомви е идеално време за одмор (но уште од сега треба да бараш карти), бидејќи кажуваат дека во тоа време е најтопла водата на океанот, иако и сега не беше ладна, се капевме секој ден. Температурата на воздухот во текот на целата година е 25-30 степени преку ден и околу 20 навечер што е идеално, па затоа и во речиси ниеден хотел нема клима.
За смештај секако го препорачувам јужниот дел ( Лас Америкас или Лос Кристијанос) бидејќи на северниот дел (Порто де ла Круз) речиси секогаш има облаци а и јужниот дел е потопол за капење и има подобар ноќен живот, а и поубави плажи. На северниот дел се издвојува плажата Лас Тереситас која е направена вештачки со песок донесен од Сахара. Секако ќе ја посетите оваа плажа барем еднаш но не вреди да се сместуваш на северниот дел само заради неа. Северниот дел е повеќе за шетање, но ако сакаш и плажа тогаш дефинитивно на југ.
Рент а кар зедовме од Ауторајзен, ја резервиравме преку нет (а ја плативме на лице место со картичка), шевролет авео, да ја земеме и да ја вратиме на аеродром и за 10 дена кошташе неверојатни 63 евра
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Бензинот кошташе нецело евро за литар. Рент а карот е задолжителен на Тенерифе ако сакаш да го прошеташ цел остров, а кога веќе си таму нормално дека ќе искористиш до максимум. Има мал милион работи кои можат да се посетат но секако во "must see" се Лоро и Сијам Парк и Теиде националниот парк.
Морам да кажам дека денот трае неверојатно долго, сонце заоѓа во 22 часот по македонско време, па имаш време во еден ден и да отидеш да посетиш некоја атракција и на другиот крај од островот и да се вратиш назад за да се капеш на плажа. Најубава плажа беше Ел Дјук на јужниот дел со сивкаст песок и тиркизна вода.
@Prestapnik
Во врска со плажите на Ланзароте не би знаела многу да ти кажам зошто јас бев на Тенерифе, но кажуваат дека се слични само што тој остров е помирен, да речам пофамилијарен, а плажите се сите со црн песок (колку што знам). Велат дека се она што го има на Ланзароте го има и на Тенерифе па не би ти го препорачала.
Како остров со најубави плажи од Канарските острови се издвојува Фуервентура, е таа е веќе друга приказна, но за таа дестинација ќе почекам некое време
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)