Канарски острови: Тенерифе, Ланзароте, Гранд Канариа

Дискусија во форумот 'Останати дестинации' започната од devojka87, 6 февруари 2012.

  1. Bojco

    Bojco

    Член од:
    29 октомври 2011
    Мислења:
    865
    Допаѓања:
    808
    Здраво девојка, гледам дека си љубителка на овие дестинации, дали можеби си ја разгледувала понудата за Монголија, Кина и Русија, нема посебна тема за овие земји, па затоа пишав овде. Гледам дека доста патуваш, и ако не си била дали размислуваш и дали си правела пресметка колку би те чинело, во друга режија. Мене ми се гледа доста евтина преку туристичка агенција, воглавно сакам да престојувам во Монголија, таму и највеќе денови се поминува. Ако имаш искуства сподели ги.
     
  2. devojka87

    devojka87

    Член од:
    26 март 2011
    Мислења:
    659
    Допаѓања:
    661
    Искрено не сум во тек. Разгледував порано за Кина ама одамна беше. Мислам дека има некоја понуда за Монголија преку јунгле травел, но не сум сигурна.
     
  3. Bojco

    Bojco

    Член од:
    29 октомври 2011
    Мислења:
    865
    Допаѓања:
    808
    Ако имаш нивни сајт пушти ми!
     
  4. devojka87

    devojka87

    Член од:
    26 март 2011
    Мислења:
    659
    Допаѓања:
    661
    www.jungletribe.com
     
    На Bojco му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ShRiNk

    ShRiNk

    Член од:
    25 јуни 2007
    Мислења:
    2.282
    Допаѓања:
    1.097
    Кој период е најдобар за одење овде и во однос на време и во однос на пари ?
    Како што гледам не постои опција од Скопје со авион до некоја дестинација па да чекаш некој саат и да леташ за Канарски, обично мора да преспиеш бар еден ден. Ако јас нешто сум пропуштил а некој ако знае поинаку нека сподели.
    Исто ме занима на кој од островите е најдобро да се иде. Знам дека сите се убави ама вака од искуства ако може некој нешто да сподели.
     
  6. devojka87

    devojka87

    Член од:
    26 март 2011
    Мислења:
    659
    Допаѓања:
    661
    Јас бев летово од Скопје преку Келн за одење, а преку Минало Бергамо за враќање, без спиење, само со чекање од 3- 4 саати на аеродром.
    Кога гледав Тенерифе беше како all in one. Имаше што да се види, убави плажи и доста туристички развиен со одличен ноќен живот. Гран Канариа е многу искомерцијализирана со огромни шопинг центри, а Ланцароте е повеќе фамилијарен остров. Фуертевентура се издвојува како остров со најубави плажи. Па сега види ти што ти се допаѓа највеќе.
    Што се однесува до односот период-пари, цела година го добиваш истиот третман, цаката е да најдеш ефтин авио билет. Од кај нас почесто се наоѓа поефтина карта преку зимските месеци но сепак не мора да значи, треба само на време да почнеш да бараш. Јас бев во јуни и картата ја платив околу 150 евра повратна, а сега чисто за разонода гледав да видам за фуертевентура и најдов повратна карта за рекордни 78 евра за во април.
     
    На ShRiNk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ShRiNk

    ShRiNk

    Член од:
    25 јуни 2007
    Мислења:
    2.282
    Допаѓања:
    1.097
    Фала ти за инфо, воопшто не разглдав опции различни дестинации кога одиш а друга кога се враќаш. Каде беше сместена на Тенерифе ?
     
  8. devojka87

    devojka87

    Член од:
    26 март 2011
    Мислења:
    659
    Допаѓања:
    661
    Имаш една страна поназад поопширен мој пост за одморот на Тенерифе со некоја слика. Јас бев во Лас Америкас на јужниот дел, дел што тотално го препорачувам доколку сакаш одмор во кој е вклучена плажа. Северниот дел (пуерто де ла круз) е поладен и е одличен за шетање, има и плажи но времето е променливо многу
     
  9. perez9

    perez9 расипано јајце

    Член од:
    30 декември 2013
    Мислења:
    1.014
    Допаѓања:
    953
    Одам јас утре прво во барселона па таму па кажувам искуства :)
     
  10. perez9

    perez9 расипано јајце

    Член од:
    30 декември 2013
    Мислења:
    1.014
    Допаѓања:
    953
    Сега е совршено за на одмор, не е многу жешко, топло ви го препорачувам
     
    На Krstev му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Srcee

    Srcee Unforgettable

    Член од:
    29 април 2008
    Мислења:
    5.265
    Допаѓања:
    3.466
    Сакам да одам на Тенерифе летово/есенва, во игра се и други места ама после сликиве кои ги видов на претходната страна Тенерифе ми е фаворит. Го прочитав тоа што го напишала @devojka87 и цените се преевтини, меѓутоа мене не ми излегуваат. Хотели резервира преку booking? За десет ноќи, најевтино што најдов е 500 евра за двајца (и дете), само спиење. А авионот скап, или јас не знам да барам. Немам определено точен датум, само да биде после јули бидејќи стариот одмор ми е целиот искористен. А сајтовиве за превоз ми се сите да кажам точен датум и после според тоа да ми дадат резултати, и ми излегува 300 евра од човке преку Барселона што е многу поскапо од она што го читам тука. Помош, некој?
     
  12. devojka87

    devojka87

    Член од:
    26 март 2011
    Мислења:
    659
    Допаѓања:
    661
    Не знам колку се движат сега авионските карти, тие и онака се најголемата ставка при планирање одмор на Тенерифе плус тоа ти имаш да плаќаш и авио карта за дете немам претстава тоа како оди. Штом не ти е проблем кога ќе одиш разгледувај некаде септември или октомври, тогаш се поефтини картите а времето е секако убаво. Инаку 500 евра за двајца за 10 ноќевања не е многу, имај во предвид дека храната таму е дури и поефтина од тука. Еве ние бевме во овој хотел и супер ни беше. Од 10 до 20 сеп е 456 евра (2 возрасни и 1 дете) со фрее канцелатион.
    http://www.booking.com/hotel/es/apartamentos-borinquen.html?checkin_monthday=10&checkin_year_month=2016-9&checkout_monthday=20&checkout_year_month=2016-9&tab=&origin=hp&hp_avform=1&error_url=/hotel/es/apartamentos-borinquen.en-us.html?label=gen173nr-1FCAEoggJCAlhYSDNiBW5vcmVmaJMBiAEBmAExuAELyAEP2AEB6AEB-AECqAID;sid=fbb7ae6e5accbd3c217ae301bee706b7;dcid=1;&do_availability_check=on&dcid=1&label=gen173nr-1FCAEoggJCAlhYSDNiBW5vcmVmaJMBiAEBmAExuAELyAEP2AEB6AEB-AECqAID&sid=fbb7ae6e5accbd3c217ae301bee706b7#availability_target
    Не се сеќавам точно сега колку ние плативме за хотелот (ние бевме без дете), но знам дека аранжманот од човек ни излезе по 350 евра. Во оваа цена беше вклучена голема кабинска торба и рент а карот.

    П.С. Еве јас ти најдов карта околу 160 евра од човек. Одење на 12 септември, враќање на 23. Единствено што мора една вечер во Барселона да се спие зошто касно стига летот од скопје што се додатни од прилика 25 евра од човек. Повратните се во исти ден.
    Скопје - Барселона = 50евра - визз
    Барселона - Тенерифе југ = 36 евра - рајан

    Тенерифе север - Барселона = 24 евра (norwegian.com)
    Барселона - Скопје - 50 евра - визз
     
    Последно уредено: 18 март 2016
    На wARMAN69 и Srcee им се допаѓа ова.
  13. wARMAN69

    wARMAN69

    Член од:
    24 декември 2007
    Мислења:
    11.471
    Допаѓања:
    3.881
    Јас сакам да идам годинава, како што гледам е супер се само уште некој добар авио билет да најдам..каде бараше ти по агенциите нивни на страните или? само јас не барам од таму..Загреб или Грац сакам да побарам нешто што повеќе се исплаќа.
     
  14. devojka87

    devojka87

    Член од:
    26 март 2011
    Мислења:
    659
    Допаѓања:
    661
    До секој лет погоре во постот што си ми го цитирал пишува на која страна можеш да ја најдеш картата. Побарај може има и од градовите кои ти одговараат
     
  15. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    19.404
    Допаѓања:
    29.056
    Тиманфаја национален парк кој вреди да го посетите доколку отидете на островот Ланзароте. Место кое привлекува многу туристи поради површината која е од вулканско тло и по изглед како онаа Мрас. Тој вулкански пејсаж е од пред 300 години и поради сувата клима и до денес неговиот изглед не е променет. Температурата на неколку метри под површината достигнува и до 600 степени.
    Најпознат дел е Огнената планина која била центар на вулканската катастрофа која се случила пред 300 години
    Има и ресторан во кој се користи геотермална топлина и врз длабока јама е поставена скара на која се приготвува храна. Таа јама воедно служи и за ослободување на топлината од темелите на ресторанот.
    До паркот може да се оди со камили, што е навистина убаво доживување.

    PhotoGrid_1536853199180.jpg PhotoGrid_1536853136734.jpg
     
    На Skorp му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: