Pak doagjame do moeto, vladata nemala 30 milioni da investira za 51%, zhivi gluposti i prikaski za mali deca
I pak nikoj ne mi odgovara shto ja sprechi vladata da zadrhi 51% od paketot?
A strujata deka poskape si e fakt. I ESM prodazhbata bese ludost, ama toa ti e..
Продажбата на ТЕЦ Неготино беше направена уште за време на минатата влада. Оваа влада уште пред да дојде на власт кажа дека ќе го поништи тендерот кој, рака на срце, беше жива превара. Комплетно анулирање е лош сигнал, додека повторување на тендер поради неправилности е оправдано. Нема потреба од расфрлање на пари бидејки ТЕЦ-от моментално е дупка без дно...
ЕУ се противи и забранува создавање на монополи.Точно во оваа сфера Македонија добива многу критики. Не е оправдано да владата овозможува да дистрибуција истовремено произведува струја.
По време на зимата самото реактивирање и работење на ТЕЦ чинеше над 20 мил. евра за само 2-3 месеца! Цената на мазутот е голема (со нагорен тренд) и од економски аспект е неисплатливо и неоправдано работењето на еден ваков објект. Поминаа времињата кога државата субвенционираше струја. На крај повторно граѓаните плаќаат за фаворизираните фирми. Неможе државата да плаќа 70 евра, а да доставува за 32 евра (не ми ги зимајте податоците здраво за готово). Таа политика за време ЈУ доведе до катастрофа.
Кога бугарите го затворија АЕЦ дојде до недостаток на струја во регионот. Цените се зголемија...а навлегоа западњаците...
Никоја странска компанија нема да инвестира ако нема МНОЗИНСКИ дел!!! Тоа да ти е јасно. ЕВН уште на времето „понуди“ (ако не се лажам околу процентите) 25% да останат во државна сопственост.
Но што со тоа??
Државата немаше да има никакви ингеренции и право да диктира услови. Ќе имаа 25% за во рамка и на ѕид!
Додатно, цената и условите што ќе се постигнеа на тендерот ќе беа маргинални во споредба со сега, а без реални придобивки. Ќе правеа некои „бизнисмени“ кеш влечејќи пари од буџетот.
Во сегашнава ситуација имаме:
-16 пати поголема цена
-обврска да инвестираат и модернизираат
-обврска да понудат прво на домашен пазар (ако има потреба)
-комисија диктира цена
Македонија, ако успее а веќе се градат производствени капацитети, има потреба да осигура во НАЈКРАТОК можен рок енергија за тие компании. Ако не се обезбеди сугурна и постојана енергија за истите, тие нема да инвестираат. Аналогно нема ни да доаѓаат нови инвестиции. Секоја фирма си го скенира претходно теренот. Нема поволни и потребни услови, нема инвестиција.
Македонија 50 години немаше инвестиции во оваа сфера и сега се потребни. „Откачување“ на старото, моментално обезбедување на населението и фирмите, санирање на преносните системи кои предизвикуваат загуба, штедење (изгледа човекот не е во состојба да цени нешто ако „нема цена“) и инвестиции во еден здрав алтернативен енерго-микс.
Минатата влада го снесе јајцето со ТЕЦ-от, само што оваа не наседна за да им го исквачи!
пс - до АБЦ, дали си проверил како стои законски работата околу изградба на нуклеарка во Македонија? Несакам да ти го уништам сонот, но сепак провери кај оние од ММФ и СБ дали ќе ти дозволат :wink: ...А имаше и такви „експерти“ на времето кои тврдеа дека раздолжување била ептен лоша работа...