- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Владата ги избра Канаѓаните оти понудиле подобар бизнис план за развој на неготинската термоцентрала.
„Конзорциумот составен од овие четири компании понуди 62 милиони евра за акциите и изградба на вкупен капацитет од 850 мегавати, од кои 500 мегавати е нов објект на јаглен и 350 мегавати е постојниот објект да се надгради и да се трансформира да работи на гас.“, рече Зоран Ставревски, потпретседател на Владата.
„Хач“ ќе ја преземе неготинската централа најдоцна до крајот на месецов, по истекот на роковите за жалба. Владата комплетно се откажува од сопственоста врз еден од клучните енергетски објекти, оти немала пари да го финансира неговиот развој.
Експертите веќе предупредија дека државата треба да задржи дел од капиталот во ТЕЦ „Неготино“ за да може во иднина да влијае на цената на струјата, но Владата има други пресметки.
„Она што е дефинирано во купопродажниот договор е дека новиот газда под исти услови под кои што МЕПСО во овој момент ја закупува ладната резерва од страна на ТЕЦ „Неготино“, по истиот тој договор ќе продолжи да ја користи во форма на ладна резерва постојната електрана во ТЕЦ „Неготино“ во првите четири, односно пет години додека го изгради објектот“, изјави Влатко Чингоски, член на тендерската комисија за продажба на ТЕЦ „Неготино“.
Главен производител на струја во Македонија е „РЕК Битола“. Поради недостигот, земјата редовно увезува електрична енергија. ТЕЦ „Неготино“ го вклучува повремено, кога е зголемена потрошувачката или е потребна струја за извоз.