Инаку
@Forca тоа што го напишал е точно во поглед на законската рамка. Еве извадок од законот:
Како ублажување Кривичниот законик предвидува доколку делото е сторено со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од помало количество, сторителот ќе се казни со затвор од
шест месеца до три години.
Друг потежок облик на ова кривично дело претставува кога некој неовластено прави, набавува, посредува или дава на употреба опрема, материјал или супстанции за кои знае дека се наменети за производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори со што казната изнесува
од една до пет години затвор.
Во пракса само 4% од прекршителите одговарале пред законот. Така да сите сте во право во поглед на тоа дека законот во пракса не се спроведува и дека е само еден обиичен лист хартија.