Канабис

Член од
19 март 2021
Мислења
11
Поени од реакции
10
Нема затворска казна, ниту кривично дело за консумирање канабис на јавен простор.
Не трескај глупости.
Ви благодарам за вашата интервенција што ми се чини за моментот е единствената вистински релевантна и која одговори на моите прашања.

Македонските форуми се како француски форуми. Тролови, параноични луѓе, кисели луѓе кои кажуваат глупости и се контрадикторни, тотално ирелевантни луѓе за да најдат само 10% сериозни одговори.

Имам впечаток дека на овие места станува збор повеќе за повраќање на вашата омраза кон владата и вашите инвазивни проблеми, а да не споменувам конкретни решенија. Истото го правам и во Франција и имам намера да ја напуштам својата земја. Знајте дека во Франција веќе го немаме ова право под казна дека сме обвинети за расизам.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.725
Пробај де пред полициска станица, смотај еден џоинт, и снимај се пред џандарите, пушти го тука видеото, ако не ти направат ништо,
СО ВОЛКАВИ БУКВИ ОВДЕ ЧЕ ТИ СЕ ИЗВИНАМ И ЧЕ КАЖАМ ДЕКА ТРЕСКАМ ГЛУПОСТИ!
:)
Нарушување на јавен ред и мир, парична казна. Кривично дело е само продажба или овозможување на простор за употреба. Ако во тебе имаш над 5 грама или ако го имаш поделено во кесички, имаш вага итн, ќе те гонат за препродажба. Сепак, судот и обвинителство се се полиберачни на темава и најверојатно ќе завршиш со условна.

Трескаш глупости.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Производство и продажба на канабис се казниво дело. Употреба на канабис не е казниво дело.

Се поставува прашање од каде да го најдам ако производството и продажбата се забранети.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
814
Поени од реакции
1.295
Ви благодарам за вашата интервенција што ми се чини за моментот е единствената вистински релевантна и која одговори на моите прашања.

Македонските форуми се како француски форуми. Тролови, параноични луѓе, кисели луѓе кои кажуваат глупости и се контрадикторни, тотално ирелевантни луѓе за да најдат само 10% сериозни одговори.

Имам впечаток дека на овие места станува збор повеќе за повраќање на вашата омраза кон владата и вашите инвазивни проблеми, а да не споменувам конкретни решенија. Истото го правам и во Франција и имам намера да ја напуштам својата земја. Знајте дека во Франција веќе го немаме ова право под казна дека сме обвинети за расизам.
Бегај од Франција не е убаво дрога стават у алкохоло. Дојди во Македонија овде по убаво се живее се си е супер.
 

LustingVertigo

Snopdan Dogovich
Член од
1 декември 2017
Мислења
746
Поени од реакции
984
Абе дајте му број од дилер на човекот да са упуште малкичко.
Ако немаш ништо попаметно да пишиш, не ни пробувај да дадеш одговор.
"Човекот" има IQ за кој ти можеш само да сонуваш, поз
 

Воинот од Северџан

An Orc among Hobbits
Член од
3 март 2021
Мислења
101
Поени од реакции
111
Здраво.
Како прво, бидете свесни дека користам автоматски преведувач и ова може да го загрози значењето на моите реченици.
Јас сум Французин и имам многу прашања во врска со Северна Македонија. Среќен сум што го најдов овој форум чиј израз ми се чини слободен и искрен.

Едно од овие прашања, што претставува основа на мојата тема, се однесува на канабисот.
Слушнав дека владата размислува да го стави легализацијата на канабисот на народен глас и дека ја охрабрува оваа позиција.

Дали сметате дека конкретно е можна идна легализација на потрошувачката и самопроизводството на канабис?
Кој е вашиот став на оваа тема?
Која е моменталната политика на репресија во однос на потрошувачката и самопроизводството на канабис?
Дали сме слободни да го пушиме во одредени региони во земјата?

Ви благодариме што ме прочитавте.
Не е ни битно дали си трол или не. Оваа година ќе има широка дебата за декриминализација, а се надевам и легализација. Апсурдно е поштетни супстанци како алкохолот или тутунот да се сосема легални, па дури и малолетници ги купуваат, а канабисот сеуште се смета за нешто криминално во многу земји во светот. Инаку и во Македонија многу често ако очекуваш да набавиш ТХЦ, на крај можеш да останеш со ЦБД или само некоја смрдлива сорта ниту без ТХЦ, ниту ЦБД, а тоа не е она што го бараат повеќето уживатели.
Ако биде легализирана ќе се стави крај на црниот пазар на неквалитетна трева. Ќе има продавници и кафешопови кај што може да се купи и користи квалитетен коноп со висок процент на ТХЦ. Тогаш те очекуваме да не посетиш, но засега стрпи се ;)
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Нарушување на јавен ред и мир, парична казна. Кривично дело е само продажба или овозможување на простор за употреба. Ако во тебе имаш над 5 грама или ако го имаш поделено во кесички, имаш вага итн, ќе те гонат за препродажба. Сепак, судот и обвинителство се се полиберачни на темава и најверојатно ќе завршиш со условна.

Трескаш глупости.
Условна казна се изрекува со пресуда донесена во кривична постапка.
Кривична постапка се води заради постоење на основано сомневање за сторување на кривично дело на обвинетиот.
Ако во кривична постапка се докаже дека обвинетиот сторил кривично дело тогаш се огласува за виновен и му се изрекува казна која може да биде парична и/или ефективна казна затвор, или ако се работи за полесно кривично дело до 3 години наместо казна затвор му се изрекува алтернативна мерка најчесто за употреба на канабис се изрекува условна осуда и тоа 3 со 1, тоа значи за време од 3 години од правосилноста на пресудата да не се повтори делото затоа што покрај новата казна за повтореното дело ќе му се додаде и таа 1 година казна затвор предвидена со претходната условна осуда.
Употреба на канабис е кривично дело предвидено во Кривичниот законик, зошто мислиш оние од билка невладината се борат за декриминилизација на канабисот?
Токму заради ова, и за 2 гр ги осудуваат, само затоа што се работи за мала количина и им досудуваат условна.
А нарушување на јавен ред и мир, тоа е веќе прекршочна материја.

Еве ако трескам глупости оди пред полициска станица смотај џоинт па да видиме дали ќе добиеш барање за поведување на прекршочна, или кривична пријава.

Нека не ве лажат демек дозволено било, верувајте не е дозволено користење на марихуана за лична употреба, казниво е по Кривичниот законик.

Али вие си знаете... :)
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.962
Поени од реакции
1.237
Колку и да не му ги оправдувам потезите на Зеко, мислам дека ова му е една од најпаметните одлуки, и се надевам дека ќе се реализира во смисла на развој на туризмот. Нормално дека за многу поштетни ги рачунам алкохолот, цигарите и разни лекови за разлика од марихуаната.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Ви благодарам за вашата интервенција што ми се чини за моментот е единствената вистински релевантна и која одговори на моите прашања.

Македонските форуми се како француски форуми. Тролови, параноични луѓе, кисели луѓе кои кажуваат глупости и се контрадикторни, тотално ирелевантни луѓе за да најдат само 10% сериозни одговори.

Имам впечаток дека на овие места станува збор повеќе за повраќање на вашата омраза кон владата и вашите инвазивни проблеми, а да не споменувам конкретни решенија. Истото го правам и во Франција и имам намера да ја напуштам својата земја. Знајте дека во Франција веќе го немаме ова право под казна дека сме обвинети за расизам.
Друже дојди во Македонија пуши си џоинтови на јавни места и ќе видиш како за брзо време ќе завршиш во затвор, немој да мислиш дека тука имаат милост кон странците, ем дебело ќе платиш ем 3 години затвор ќе добиеш, ти го кажувам ова за твое добро не биди наивен да веруваш дека е дозволено.

УПОТРЕБА НА ДРОГА ВО МАКЕДОНИЈА Е КРИВИЧНО ДЕЛО КАЗНИВО СОГЛАСНО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК НА МАКЕДОНИЈА.
МАРИХУАНАТА (КАНАБИСОТ, ТРЕВАТА ИЛИ КАКО САКАТЕ НАРЕЧЕТЕ ЈА) СЕ СМЕТА ЗА ДРОГА СПОРЕД МАКЕДОНСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО.

Ти си знаеш и ризикот е твој.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.725
Условна казна се изрекува со пресуда донесена во кривична постапка.
Кривична постапка се води заради постоење на основано сомневање за сторување на кривично дело на обвинетиот.
Ако во кривична постапка се докаже дека обвинетиот сторил кривично дело тогаш се огласува за виновен и му се изрекува казна која може да биде парична и/или ефективна казна затвор, или ако се работи за полесно кривично дело до 3 години наместо казна затвор му се изрекува алтернативна мерка најчесто за употреба на канабис се изрекува условна осуда и тоа 3 со 1, тоа значи за време од 3 години од правосилноста на пресудата да не се повтори делото затоа што покрај новата казна за повтореното дело ќе му се додаде и таа 1 година казна затвор предвидена со претходната условна осуда.
Употреба на канабис е кривично дело предвидено во Кривичниот законик, зошто мислиш оние од билка невладината се борат за декриминилизација на канабисот?
Токму заради ова, и за 2 гр ги осудуваат, само затоа што се работи за мала количина и им досудуваат условна.
А нарушување на јавен ред и мир, тоа е веќе прекршочна материја.

Еве ако трескам глупости оди пред полициска станица смотај џоинт па да видиме дали ќе добиеш барање за поведување на прекршочна, или кривична пријава.

Нека не ве лажат демек дозволено било, верувајте не е дозволено користење на марихуана за лична употреба, казниво е по Кривичниот законик.

Али вие си знаете... :)
И што ми цитираше? Еве цитирај ми од кз каде е кривично дело употреба на канабис. Најди ми го членот и ќе прифатам дека не трескаш глупости.
За тоа дека до 5 грама не се гони кривично си кажува праксата, а има и насоки за од страна на државен јавен обвинител. Помладите обвинители неретко и тие над 5 гр, каде што е очигледно дека не се работи за продажба, ги отвфрлаат и не покренуваат кривична постапка. Не ми кажувај сеа за нешто што го знам и сум се соочил во праксата. Дување на јавно место е нарушување на јавен ред и мир. End of story. Ако џандарите во станица те лажат дека ќе лежиш затвор и ти им веруваш ондак сам си крив што бациња со 0 ајкју те измамиле, а ти не си ги знаеш твоите права.

Да, трескаш глупости. Зошто да ти се снимам кога ќе ми пишат казна за нарушување на јрм?
Автоматски споено мислење:

Друже дојди во Македонија пуши си џоинтови на јавни места и ќе видиш како за брзо време ќе завршиш во затвор, немој да мислиш дека тука имаат милост кон странците, ем дебело ќе платиш ем 3 години затвор ќе добиеш, ти го кажувам ова за твое добро не биди наивен да веруваш дека е дозволено.

УПОТРЕБА НА ДРОГА ВО МАКЕДОНИЈА Е КРИВИЧНО ДЕЛО КАЗНИВО СОГЛАСНО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК НА МАКЕДОНИЈА.
МАРИХУАНАТА (КАНАБИСОТ, ТРЕВАТА ИЛИ КАКО САКАТЕ НАРЕЧЕТЕ ЈА) СЕ СМЕТА ЗА ДРОГА СПОРЕД МАКЕДОНСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО.

Ти си знаеш и ризикот е твој.
Цитирај член од кривичен законик бе, не лупај глупости аман.
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.531
Поени од реакции
21.397
Друже дојди во Македонија пуши си џоинтови на јавни места и ќе видиш како за брзо време ќе завршиш во затвор, немој да мислиш дека тука имаат милост кон странците, ем дебело ќе платиш ем 3 години затвор ќе добиеш, ти го кажувам ова за твое добро не биди наивен да веруваш дека е дозволено.

УПОТРЕБА НА ДРОГА ВО МАКЕДОНИЈА Е КРИВИЧНО ДЕЛО КАЗНИВО СОГЛАСНО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК НА МАКЕДОНИЈА.
МАРИХУАНАТА (КАНАБИСОТ, ТРЕВАТА ИЛИ КАКО САКАТЕ НАРЕЧЕТЕ ЈА) СЕ СМЕТА ЗА ДРОГА СПОРЕД МАКЕДОНСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО.

Ти си знаеш и ризикот е твој.
Момак, дај изгуби се од темава.
Имам бар 5 другари кои паднале со џоинт и нешто ситно во нив и највеќе што можеш да добиеш е шамар и 200€ казна (не сум сигурен за висината на сумата, ама мислам така беше)
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.742
Поени од реакции
12.725
Момак, дај изгуби се од темава.
Имам бар 5 другари кои паднале со џоинт и нешто ситно во нив и највеќе што можеш да добиеш е шамар и 200€ казна (не сум сигурен за висината на сумата, ама мислам така беше)
Го разгледав типов изледа е адвокат :facepalm:
Какви све положија правосуден и влегоа во професијава страшно е. Ќе му дојде клиент ќе му каже у затвор ќе одиш, а тој носел фиш у џеб.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom