Како ја замислувате слободата?

  • Креатор на темата Intex
  • Време на започнување

досадно

Ajde da letame
Член од
19 јули 2010
Мислења
120
Поени од реакции
8
Слободен си ако

1. Отидеш на нудистичка плажа
2. Отидеш на нудистичка плажа со своите родители
3. Отидеш на нудистичка плажа со своето потомство


A shto so incesot , pedofilijata .... , shto so niv ?
 
?

..........

Гостин
Слобода..
Јас имам едно СЛО, ти имаш едно БО, тој има едно ДА, заедно имаме СЛОБОДА....

Еден човек е слободен кога самиот тој верува и е убеден дека е слободен, секој различно си ја доживува слободата.
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Слобода е кога нема перени мозоци да ти кажуваат за животот. :smir:
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Слобода е кога нема да морам да се натпреварувам со сите и неморам да бидам во тек со општеството :)
 
Член од
3 мај 2010
Мислења
163
Поени од реакции
17
Слобода е кога за својот живот не се правдаш на никој, ниту дозволуваш други да ти поставуваат закони. Слобода е кога правиш што ќе ти падне на ум, без разлика дали тоа чини или не.
Но, мислам дека сепак луѓето се ограничуваат. Така да слобода само кога ќе умреш.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Јас слободата на човекот ја гледам највеќе од аспект на демократија. За мене слобода е демократијата, а демократијата е слобода. И секогаш во животот се залагам за слобода која се темели на демократија!

И секако животот е слобода и слободата е живот!
 
Член од
14 април 2010
Мислења
628
Поени од реакции
219
Јас слободата на човекот ја гледам највеќе од аспект на демократија. За мене слобода е демократијата, а демократијата е слобода. И секогаш во животот се залагам за слобода која се темели на демократија!

И секако животот е слобода и слободата е живот!
Да не си јалнаш нешто?? која демократија ја имаме ние која слобода објасни ми.
Демократијата е неуспешна уште од самиот почеток.Ние мислиме дека сме слободно ама не сме
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да не си јалнаш нешто?? која демократија ја имаме ние која слобода објасни ми.
Демократијата е неуспешна уште од самиот почеток.Ние мислиме дека сме слободно ама не сме
Па не навлегувам во тоа дали имаме демократија, само врз основа на тоа можам и да констатирам дека ако немаме демократија немаме слобода и пак стојам на тоа дека двете се многу тесно поврзани.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Безгрижност опуштеност смиреност и тишина одвнатре во себе.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Свесни сме дека денес во ова општество не ги живееме ние нашите животи, туку животите се живеени од страна на еден куп пишани и непишани правила, па нашиот живот претставува само одење по однапред трасирана патека, од која не сме во можност да излеземе ... поради законите нели. Од ова доаѓаме до закључок дека не сме слободни, туку сме робови на законите, политичките системи.
Соу, како ја замислувате слободата? Што воопшто претставува слободата за вас? Дали сте размислувале некогаш да ја преминете границата, и со тоа да ги прекршите законите?

П.С. Не видов ваква тема, па ако веќе има, кантосајте ја оваа. x)
Ако веќе говориме за слобода во таа смисла, реално како би било да бидеме слободни во овие услови, мораме да се десоцијализираме. Зашто ако не ги почитуваме законите и правилата, пишани и непишани, а живееме сепак во едно општество, ќе бидеме отфрлени. Значи реално, слобода можеме да имаме само ако отидеме на некоја планина, шума, пуст остров, место кај што нема да имаме контакт со луѓе што наметнуваат правила и други слични работи... Ама ова е многу широко. Ако веќе одиме по таа логика, тогаш мораме да се ослободиме од користење јазик, комуникација, да се одвоиме од родителите, всушност вистинска слобода во буквална смисла, би имале само ако сме се роделе и сме биле оставени така, на среде никаде, кај што нема никој, без родители, без правила. Ете, тоа е слободата. А знаеме, дека постојат примери за деца што биле оставени така, и преживеале, ама станале животни во тело на човек. И кога луѓе се обиделе да ги социјализираат, да ги научат да зборуваат, безуспешно. Дури, и чудна работа е што сите умирале рано, некое време откако ги нашле. Ете, тоа е слобода во вистинска смисла. Мене лично, не ми се допаѓа. Повеќе би одбрала да живеам вака, да ја искористам мојата шанса да го направам светот подобро место за живеење, сепак, почитувајќи некои правила, но строго спротивставувајќи се на стереотипите, предрасудите... За мене слобода е.. Среќа. А среќа е, хомеостаза, хомогеност на околностите, постигнување на целите, заљубување.
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Да се забављаш и да знаеш дека имаш људи кои руку ке гу дадев за тебе ако треба.Да правиш што сакаш и да не се замараш што други мислив.

Искључи тв,укључи мозак мислити својом главом - то је права слобода!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom