Како ја замислувате слободата?

  • Креатор на темата Intex
  • Време на започнување

imp

МyMoon
Член од
11 јуни 2012
Мислења
39
Поени од реакции
31
Слобода е лежењето пред куќарка далеку од сите општествени гнасотии. Слобода е да пушам луле од тутун кој сам сум си го израснал. Слобода е да пијам сок од диви јагоди кои сум ги позајмил од мојата најдобра пријателка , природата. Слобода е малата бавча пред моето прибежиште. Слобода е моето кутре кое непрестано мава со опавчето. Слобода е кога ќе почнеш да уживаш во дишењето. Слобода е да можеш да зборуваш со лисицата, срната, верверицата, зајакот и сите жители од поубавиот дел од светот. Слобода се моите црвени образи и мојот отворен ум. Слобода е натписот пред мојата куќарка кој вели ''Повелете добри луѓе"....... Сите ја имаме нашата слобода во себе, само треба да ја откриеме
 
Член од
6 август 2012
Мислења
123
Поени од реакции
39
Koga ne se zamareme so nepotrebni gluposti,toa za mene se narekuva sloboda,namesto da se zamareme so karpite koi ni gi nosat debili,nie ednostavno gi zaobikuluvame i ...........Uzivame vo blagodetite na t.n zivot :);)Naucete da uzivate
 

CUCULIGA

Баксуз
Член од
12 август 2012
Мислења
84
Поени од реакции
53
Слободата ја замислувам како највозвишено чувство што еден човек може да си го подари, слободата е нешто што е само твое и никогаш не треба да дозволиш некој да ти го одземе. Слобода е кога немаш предрасуди, кога сочуствуваш и ги разбираш другите и ги оставаш да си го живеат животот како што сакаат. Слобода е кога леташ иако знаеш дека физички не си способен, леташ од среќа имаш чувство на блаженост, живееш во сегашноста и го чувствуваш моментот, го доживуваш со целото твое битие. Со умот отвараш нови хоризонти и никогаш не ти е смачено од себе и од животот, зашто правиш светот да е само твој, ти го креираш и живееш според твои правила и убедувања. Никогаш, никогаш не треба да го изгубиме смисолот за слобода, отвореност на умот во нашите размислувања, гледни точки и дела.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom