Како тагувате?

jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
не се покажува машкост со неплачење...воздржувањето и чувањето на тагата во себе е лоша работа...
eheheheeeeeeee znam druze ali toa e pojako od mene pa ima li poloso nesto od toa srceto da ti place a ti si ko stub ali .......
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.994
Па имам изгубено многу блиски особи ама сум многу слаб на солзи,најчесто кога ке се расчисти цела гужва пуштам по некој солза ситна и тоа кратко ми трае..денес од сабајле како што разбрав цел ден се трудев да го терав нормално, во секој момент кога ке снемаше муабет ми текнуваше на оваа случка ама проаѓаше тоа и не бев ни блиску до плачење, до пред малце кога го покажаа како се крсти во една црква пуштив една солза и тоа беше.. самата сликата ме утепа.
Овој човек успеа да собере и да зближи толку народ заедно (како жив така и мртов) мислам дека тоа му беше и неговата животна поента да бидеме заедно..дај боже да извадиме поука од ова и да се трудиме барем малку повеќе да има меѓусебна почит заедништво тој беше голема душа и гарант тоа би го израдувало најмногу.
 

Gebels

Ела да те бац’м!
Член од
15 март 2007
Мислења
681
Поени од реакции
4
Најчесто тагувам во себе. Ми доаѓаат солзи, ама никако да капнат. Само грутка во грло и некоја тежина во гради.
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Првите моменти кога ќе ми соопштат некоја шокантна вест сум некако недоверлива и многу чудно реагирам. Не плачам, не дека се воздржувам туку во тој момент не ми доаѓа да заплачам.
Пред одредени личности знам да се воздржам навистина. Еве конкретно за овој настан со Тоше успеав да бидам смирена и да ја утешам и смирам комшиката, ама кога останав сама па уште ја слушав и "Игри без граници"...
Имам јас свои моменти кога сум сама. Тогаш може да плачам и вриштам ама никој да не ме гледа. Досега сум заплакала пред не повеќе од три личности. Сакам сама да тагувам најверојатно. Знам дека е полесно да го споделам тоа со друг ама тогаш не ми идат солзи.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
73
Поени од реакции
0
Смртта на Тоше, Бог да го прости, ме натера да размислам, како тагувам.
Ја гледам мајка ми цел ден плаче сирота, сите околу мене плачат а јас солза не пуштив. Премногу ми е жал, и тагувам. Али тагувам во себе, се повлекувам и не ја споделувам тагата со никој. Сама размислувам зашто морало да се случи тоа..
Значи, солзите ви се филтер за тага, осамувањето, хистеричното смеење, паѓање во "несвест"...:smir:
Со солзи ... тоа е нештото над кое немам контрол, идат без да прашат.
И обично сум сама во маката си ...а убаво би било да имаш "рамо на кое да се продпреш, до кад солзите текат"
 

swallow

UrBaNeBoY
Член од
27 септември 2007
Мислења
81
Поени од реакции
0
Едноставно јас тагувам а срцето ми плаче :(
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Како тагувам... Ни јас неможам да кажам точно. Расположение 0, некако мака ми е да работам било што. Само ми се одмара и ми се слуша некоја квалитетна музика. Ништо друго.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Тагувам најчесто со солзи...течат и не престануваат!
Овие два дена плачам за Тоше,за неговата младост...Грутка ми стои на градиве,тежина неизмерна за суровата вистина која неможам да си ја признаам...
 

Saiya Jin

Dizzy Fingers
Член од
26 април 2006
Мислења
1.266
Поени од реакции
10

eheheheeeeeeee znam druze ali toa e pojako od mene pa ima li poloso nesto od toa srceto da ti place a ti si ko stub ali .......
Те таков сум и јас. Што да прајш едноставно и да сакаш не можеш да заплачеш
 
Член од
7 октомври 2007
Мислења
38
Поени од реакции
0
pa ako taguvam za nekakva smrt moze malko da zaplacam kako naprime so pracah za teenceto ama pak nemozeh da zapijam mislejki za nego samo dva saata mi :(:icon_razz:helou:se ima nasobrano cao odam da nanam :kesa:
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
мене тагата ме стигнува подоцна!вчера кога дознав не ми се веруваше.не ми беше ништо.сите плачат,а јас ко сеуште да не бев свесен што се случува.и кога се вратив од факс и го вклучив телевизорот ме стигна тагата.цел ден не можев да се смирам.плачам како скот.дома,самиот,не пред други.
 

Marinka

~petit etoile dans mon coeur~
Член од
7 март 2007
Мислења
590
Поени од реакции
2
Првите моменти кога ќе ми соопштат некоја шокантна вест сум некако недоверлива и многу чудно реагирам. Не плачам, не дека се воздржувам туку во тој момент не ми доаѓа да заплачам.
Пред одредени личности знам да се воздржам навистина. Еве конкретно за овој настан со Тоше успеав да бидам смирена и да ја утешам и смирам комшиката, ама кога останав сама па уште ја слушав и "Игри без граници"...
Имам јас свои моменти кога сум сама. Тогаш може да плачам и вриштам ама никој да не ме гледа. Досега сум заплакала пред не повеќе од три личности. Сакам сама да тагувам најверојатно. Знам дека е полесно да го споделам тоа со друг ама тогаш не ми идат солзи.
Исто така. :smir:
Кога сум сама и плачам и се нервирам и се по ред. Има само мал број личности пред кои неможам да ги запрам солзите, со време се помалку и помалку има такви. Секогаш или го искористиле тоа или пак неозбилно ме сфатиле.
 

Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
42
Не тагувам многу..едноставно пробувам во сеќавање да ми останат сите добри песни и дела што Тоше ги има направено и сакам да ги оттргнам мислите за неговото непостоење..иако е невозможно.Сеуште не можам да поверувам дека Тоше загина, а и не сакам да поверувам.Сепак, тоа е тоа..Вчера пуштив 2-3 солзи што би се рекло, од жал кога ја слушав неговата биографија, амбициите за во иднина што ги имаше, но за жал никогаш нема да ги исполни.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Само кутам и се молам да ми потечат солзи за да ми биде полесно,ама никако да се случи тоа.Внатре во мене имам камења,се молам да паднат од мене,да ме остават на мира,се обидувам да најдам некоја светла точка ама ја нема.Единствено што ми останува е да чекам да помине....
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Како тагувам? Собирам се во себе, јас плачам во себе, и кога разговарам со некого јас плачам, солзите ги голтам, колку и да е тешко, гледам да не го покажам тоа. Е сега пред најблиските ќе пуштам солза две и толку, не сакам тагата да ја делам, али ќе се расплачам кога ќе видам дека мој близок плаче и тогаш плачам за него зашто тој се секира. Обично тагата ја изразувам преку песни и тогаш ќе се смирам. Премногу тага има во мојот живот и се научив да ги кријам емоциите.
Али за Тоше едноставно неможев.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom