Каков црн идол, каков бакрач. Која е логиката православните да го слават Бога а водено да имаа ти друг бог на кој му се поклонуваат, во случајов, иконите? „...Никој неможе да им слугува на двајца господар, зашто или едниот ќе го замрази а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе а другито ќе го презре. Не можете да им служ=ите на Бога и на Мамона...„ (Матеј, 6.24)
Пак ли треба да повтрувам што е тоа идолопоклонство? Иконите биле идол само затоа што верните им чинеле телесен поклон? И тој телесен покон по автоматизам е идлопоклонство? Дај бе, малку посезриозно...
Разбира се, јас како неук и несоодветен, нема да толкувам ништо. понајмалку клипот,
Ајде, кое е твоето токлкување? И зашо се повикуваш на вакви филмувани материјали? Па нели се тие „...слика од она кое е на Небото или на Земјата (!!!)..„ и се против втората Божја заповед? Или содржината од клипот одговара на твојата намера па заради тоа не е против Божјата заповед за неправење слики и идоли?
Е вака. Една од Божјите заповеди вели дека еден е посредникот меќу нас и Бог а тоа е Исус Христос така нели ?
Што ќе ми се икони, верниците тргнаа во погрешна насока.
Пример утре е Свети Илија а поима немаат кој бил Илија и викаат ајде Илија нека ни е напомош???
Смртник да им е напомош па ти се молам.
Како прво тој бил човек и божји слуга и ништо повеќе.
Еве сега Мајка Тереза зарем нејзе да и се молам и да и давам слава??
Тоше Проески ќе го направите светец и него да му се молам ???
Тие се мртви. Ако си го читал откровението она за 24 старешини тие имаа круни на главата и кога го видоа јагнето (Исус Христос) Ги симнаа круните и се поклонија пред него. А тие беа 12 водачи на 12 Израелеви Племиња и 12 Апостоли.
За клипот па сакам да го разбереш клипот да видиш што прави Таткото за синот.
Ќе ти го објаснам и тебе и на оние кој го гледале.
Значи тоа е маратон кој се одвива во светов и е пливање, возење велосипед и трчање едно по друго.
Најлесниот е 700 m пливање, 90 km возење и 15 km трчање, но таткото со синот го одат на најтешкиот.
Како што виде детето е неспособно но е многу попаметен од сите нас тука на форумов.
Му вели на таткото Тато ќе пливаме ли???
Да сине ќе пливаме. Но синот не може да плива. После ова му вели Тато ќе возиме ли велосипед?? Да сине ќе возиме. Но синот не може да вози. И на крајот му вели Тато ќе трчаме ли?? Да сине ќе трчаме и ќе победиме.
Со ова сака да се каже дека Таткото се направи за синот така и Бог направи се за нас и го даде единородниот син да умре за мене и за тебе Мики на Крст со маченичка смрт ние требаше да бидеме така тепани
Втората работа е дека Синот не побара од никоја икона помош туку од таткото , така и Исус не побара помош од некој светец туку му се молеше на својот отец, и во најтешкиот момент него му се обрата и со тоа ни остави пример на кого треба да се молиме.