Како се настанати ИКОНИТЕ?

Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Чекам тука одговор како се настанати темите???
И тоа сакам одговор од некој православен верник со докази и аргументи од Светото Писмо за тоа.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
На погрешно прашање, Марјанчо , се дава погрешен одговор.

Ти однапред ги исклучи сите можни одговори кои би ти ги дале православните форумџии, барајќи од нив да ти најдат православна икона во Писмото, иако уште во Стариот Завет имаш праслики на современите икони (на пример, херувимите од Скинијата)

Ти текнува?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Чекам тука одговор како се настанати темите???
И тоа сакам одговор од некој православен верник со докази и аргументи од Светото Писмо за тоа.
Па настануваат кога на некој му е досадно па отвара тема
 
KST

Член од
8 септември 2008
Мислења
76
Поени од реакции
3
Dokazi i argumenti za ikonite ne postojat vo Svetoto Pismo.
Spomnati se izvezeni heruvimi na zavesata na satorot vo Stariot Zavet.
Samo sto tie vezeni heruvimi nemaat vrska so denesnite ikoni.
1.Ne bilo zapovedano od Bog da se poklonuvaat lugeto pred niv i nikoj ne se poklonuval [ kako denes pred ikonite]
2.Nikoj ne se molel na niv
3.Nikoj ne palel sveki pred niv
4.Nikoj ne ostaval pari pred niv
5.Nikoj ne gi zakacuval po zidovite doma
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
На погрешно прашање, Марјанчо , се дава погрешен одговор.

Ти однапред ги исклучи сите можни одговори кои би ти ги дале православните форумџии, барајќи од нив да ти најдат православна икона во Писмото, иако уште во Стариот Завет имаш праслики на современите икони (на пример, херувимите од Скинијата)

Ти текнува?
Е вака дали ти текнува на една од Божјите заповеди
Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;

Ај кажими дали оваа заповед важи сеуште ???
 
Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Е вака дали ти текнува на една од Божјите заповеди
Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;

Ај кажими дали оваа заповед важи сеуште ???
Не си го довлоадирал најновиот Hotfix 1.1 на библијата?

www.getbible.com

Види под менито: Patches и крак симни
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Не си го довлоадирал најновиот Hotfix 1.1 на библијата?

www.getbible.com

Види под менито: Patches и крак симни
Мислам дека стихот е повеќе од јасен.
Бог е истиот вчера денеска и засекогаш ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Е вака дали ти текнува на една од Божјите заповеди
Не прави за себе идол, ниту каква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата;

Ај кажими дали оваа заповед важи сеуште ???
Да, Маријанчо, и таа и уште 9-те други Божји заповести важат сеуште.
Проблемот не е во заповеста, туку во предрасудата дека иконите биле дел од идолопоклонството, контра втората Божја заповед.
Иконите, т.е. прашањето за иконите е расчистено за век и вјеков на еден од вселенските собори и веќе не е тема за дилема во православието.
Патем кажано, еве ти и еден историски податок: иконоборците (5-6 век по Христа) ги вадеа очите од ликовите од иконите. Иконоборците како движење и како учење, ОТПАДНАА од вистината и денес НЕ ПОСТОЈАТ. Да беа тие во право, православието ќе беше отпаднато од вистината а не тие.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131

Баш болдираното ме плаши..собир на луѓе кои одлучиле што е добро а што не во името на Бога..
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нема причина за страв, Маркус. Сите одлуки на Вселенските собори се донесени СОБОРНО, заеднички, во името од Светиот Дух, кој ја дели својата енергија во Црквата. Он сведочи за точноста од тие одлуки. Да беше поинаку, Светиот Дух ќе најдеше начин како да ја опомене Црквата, исто како што Исус ги опоменуваше дел од тогашните Цркви во МАла Азија во Отрковението Јованово.
 
Мики...баш поради нив ги имаш молењето на светци, свеќите, житијата,литургиите и нормално иконите...(има уште ама ме мрзи нешто од сабајле да размислувам)...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Важи истито одговор како и за Марјанчо: прасликите од иконите ги имаш во херувимите од Скинијата, но и во бакарната змија, кога Мојсеј го водеше Израилот од Египет кон ветената земја.
А првите икони се од 4-от век, колку знам, по признавањето на христијанството за памноправна религија. За мозаиците да не зборувам. Стоби и Хераклеа изобилуваат со такви примери а доаѓаат од времето кога Христовата Црква била сеуште единствена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom