Икона (од грчки εἰκών, eikon, "претстава") е слика; таа е знак или симболична сличност која постои како резултат на значењето или претставата на еден објект/субјект, или само аналогно, како во семиологијата; во информатиката, икона е симбол кој се употребува кај компјутерите кои имаат графички интерфејс - се наоѓа на мониторот, и заменува некоја команда. Понатаму, зборот икона се користи и во поп-културата, како замена за зборот симбол - т.е. име, лик, слика или дури и човек кој има препознатливо значење и е отелотворување на определени квалитети.
Во Православието, иконата претставува слика на која е претставена некоја светија, како
Господ Исус Христос,
Богородица Марија,
светци,
ангели или
Крст. Иконите, исто така може да бидат изведувани во метал, издлабени во камен, изрезбани во дрво, навезени на облека, изградени како мозаик, испечатени итн.
Со помош на бои, облици и линии, низ еден јазик на симболичен реализам, сликарски израз единствен во својот род, ни се открива духовната состојба на човекот спасен во вечноста на Царството Небесно. Човекот – храм Божји. Внатрешниот ред и мир во духовниот живот, за кој сведочат Светите Отци, се пренесени на иконата со спокојни и хармонични потези. Сето тело на светителот, сите детали и поединости, дури и косата, брчките, наборите на облеката и се што го опкружува, се е обединето и доведено до највисоко согласие. Во тоа се состои видливото прикажување на победата врз внатрешната делба и збрка во паднатата човечка природа, во процесот на очистување и преобразување на страстите, до обожение.
Содржината на иконата, значи претставува вистински духовен патоказ за животот во Црквата, особено за молитвата. Таа на еден автентичен начин, ослободен од стеснетоста на поимите и зборовите, не учи каков став треба да завземеме во духовниот живот.
Иконата е истовремено и пат којшто треба да се следи, и присуство на одондестраното и спасеното, и сретство. Таа самата е: молитва. Причината за постоењето на светата уметност во Православието е токму во тоа да донесе видливо сведоштво за двете стварности, обединувајќи ги во себе: историската стварност и стварноста на Царството Небесно, реалноста на создадденото и благодатта на Светиот Дух.
Иконата е живо сведоштво за исходот и полнотата на учеството на човекот во Божествениот Живот.
Македонската збирка на икони, особено Охридската е една од највредните во светот, денес. После Синајската и Московската збирка икони, таа е трета по значење во Православието. Од византолошки апект, е единствена.
При разгледувањето на иконите во рамките на Христијанството првенствено мора да се има на ум дека Христијанството е старозаветна религија (значи, потекнува од
Јудаизмот), создадена во време кога во Јудаизмот постоела голема загриженост околу
идолопоклонството. При тоа, не постои никакво сведоштво за правење или користење на насликани икони од страна на Христијаните во
Новиот Завет. Како и да е, поради непостоењето на никаков запис не може да се рече дека тоа само по себе е доволно како аргумент против употребата на иконите. Напротив, како што вели
Апостол Јован, „И многу други чудеса изврши Исус пред учениците Свои, што не се запишани во оваа книга“ (
Јов 20:30). Уште повеќе, логично е да се заклучи дека и самите апостоли сториле или кажале многу повеќе нешта, отколку што е запишано во Библијата, што од своја страна говори дека ние ги немаме во целост учењата, активностите и говорите на светите Апостоли.
Иако зборот eikon е забележан во Новиот Завет, ја нема конотацијата која денешните православни верници ја имаат. Сепак, од друга страна, многубројните
катакомби и катакомбни Цркви од ранохристијанскиот период изобилуваат со голем број на насликани икони.
коните не се почитуваат на материјална основа (значи, не се разботи за идолопоклонство), туку се почитуваат врз основа на сличноста на претставениот лик со личноста чие име стои на самата икона. Со самото запишување на името на
Исус Христос или на некој светец, иконата се осветува. Ако од друга страна, пак, името или контурата се избриште, иконата ја губи симболичката вредност и поради тоа се пали. Истото важи и за
Крстот, кој го прима осветувањето со самата форма - доколку формата се промени, и тој се пали. Според тоа, почитувањето укажано на иконата припаѓа на личноста чија претстава е насликана, а никако не на материјалот од кој е насликана.