Самиот се местиш.
Јас не реков дека биле Бугари, битна разлика, јас реков дека биле нарекувани Бугари и дека јазикот кој го говореле бил нарекуван бугарски.
Прифаќаш предизвик да ти доставам фотокопија, а ти јавно да признаеш дека шириш неоснована пропаганда?
За Господин Генадиј, Митрополит Велешки од 19 век (роден во село Подкожене, Поградец) поимот Бугари е исто со поимот Словени, па запишал дека и Чесите и Словеците се Бугари: "
од Бохемија и Моравија сите тие се Словени, чисти Бугари, наши браќа". (Извор:
Симеон Радев, "РАННИ СПОМЕНИ", наслов: "ПОСРЕштАНЕТО НА ЧЕТИРИМАТА Б'ЛГАРСКИ ВЛАДИЦИ", Ново, коригирано и доп'лнено издание под редакцијата на Трајан Радев, Изд. к'шта Стрелец, Софија, 1994).
Јордан Хаџиконстантинов - Џинот, кажува дека за него поимот Бугари означува словени, па во неговата "Солунска Легенда" објавена 1859 г. вели дека Св. Кирил и Методиј се апостоли на сите Бугари (Словени), а во Бугари ги вклучува и Моравјаните од Велика Моравија и Панонија (Гласник друштва српске словености, VIII, стр. 146-147).
Реков сто пати, нема МОЈА теза, јас ЦИТИРАВ научни мислења меѓу кои и на БУГАРИ кои го објаснуваат терминот согласно останатите авторитети.
И тоа бугарски уважени
академици зад кои стои БАН:
Бугарскиот член на Бугарската Академија на Науките Васил Друмев запишал: „И зедовме ние да се учиме на грчки, да говориме на грчки, да се нарекуваме себе си Грци. И сеуште има меѓу нас почитувани Бугари, коишто се погрчуваат, коишто говорат.. на грчки, коишто ги мразат Бугарите“.
К.Ирачек во – “Историја на Блгарите”, Софија, 1929 г. 385-386, вели дека граѓаните за простите, необразовани провинцијалци (селани) секогаш го употребувале називот –“Булгари”, со обврзителното додавање – дебелоглавец, недоделкани, пенушки и др. погрдни зборови.
Уште еден неоспорлив доказ дека “Бугар” во тоа време значело Словен, а тогашните “Бугари“, себеси се сметале за чисти Словени, ист народ и со Србите, и со Македонците и со Илирите (Хрватите, Црногорците и Словенците) претставува „Историјата на бугарските народи“ од отец Спиридон Габровски кој во неговата кратка историја вели:
„Болгарите ги завладеале Тракија, Македонија, Далмација, Белото Море и Рим...Илирите (Хрватите и Србите, мое дополнување) се нарекуваат Болгари...од Болгарите произлегоа Србите...,
а од кога Александар ја зеде целата илирска војска да го бие светот...од тогаш Болгарите почнаа да се нарекуваат Словени и Македонци“
- (Спиридон Иеросхимонах, Историја во кратце о болгарском народе славенском 1792, пр.Б. Христова, проф. Б. Рајков, БАК при НБ "Св. Кирил и Методи", И "ГАЛ-ИКО", Софија, 1992 г.)
Пропагандата се состоела во вметнување на зборот “Бугар“ како синоним за “Словенски христијанин“ меѓу словенските народни маси, пропагандата била толку силна што успеала делумно терминот “ Бугар“ да стане синоним за “Христијанин кој говори словенски“.
Кога бугарскиот селанец велеше “ние сме Бугари“ тој имал на ум “ ние сме Христијани“ т.е. Православни. (“Периодическо списание“ Софија, 1904 год., стр. 818).
Се' е овде кажано, за век веков:
http://macedonianspark.com/mk/istorijaideologija/opropaganda/437-2010-10-31-20-28-55
Леле леле... партали летаат... ау ау