Како се нарекувале Македонците наспроти пропагандните тврдења!?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Баш веродостоjни автори се тие дваjцата Ставрианос и Стојанович! :)
Даj да jа видиме оригиналната книга, молам!
Сакаш да кажеш дека „Горешти патриоти “ като б'лгарите од Велес Константин Петкович, Нешо Стојанович или основачите на БАН: Василаки Попович, К. Попович, Ст. Берон, Д. Михаилиди, или пак п'рвијат почетен член на БКД Гаврил Кр'стевич како и преродбеникот Георги Стојков Раковски со родено име С'би Стојков Попович, Емануил К. Васкидович со родено име Манолаки Васкиди се исто така неверодостојни судејќи според нивното презиме? :)

http://www.bas.bg/cgi-bin/e-cms/vis/vis.pl?s=001&p=0077&g

Немој со мене вакво инфантилно дискутирање да не те исплескам по дупето.

Насловот на вториот исечок во кој се цитира Цвијиќ е: “The National Question in Yugoslavia. Origins, History, Politics“ by Ivo Banac, Cornell University Press, 1984
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
налетав на еден документарец,снимен во пиринска Македонија ај татари погледнете го и почнете да јадете говна како по обичај
Чудно нели има македонци па нема
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499

[371] Воден, 7 април, 1870 година.

--- надополнето ---

[361] Велес, 28 маj, 1863 година

--- надополнето ---

[354] 1847 година

Што е ова што го постираше, некој извор, автор.... ?

1. Достави целосни слики и наведи ги имињата на “долупотпишаните“.

2. Потоа сакам да знам од кога датира овој стил на писмото и дали ова што го гледаме е превод или оргинални зачувани копии?

3. Исто така која е таа “црковнообштествена обштина“ која тие ја “овластуваат“ да ЗБОРИ во нивно име?

Една значајна забелешка, во последната слика на самиот крај стои - "Славјански јазик". :)
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Што е ова што го постираше, некој извор, автор.... ?

1. Достави целосни слики и наведи ги имињата на “долупотпишаните“.

2.Овој стил на пишување датира од времето што е наведено како датум. Писмото до Абдул Азис вероватно е превод од турски - не е наведено. Другите се внесени такак како што се напишани во оригиналите. Очигледно оригиналите се ракопис, но правописот како добро се гледа е зачуван.

2. Потоа сакам да знам од кога датира овој стил на писмото и дали ова што го гледаме е превод или оргинални зачувани копии?

3. Исто така која е таа “црковнообштествена обштина“ која тие ја “овластуваат“ да ЗБОРИ во нивно име?

Една значајна забелешка, во последната слика на самиот крај стои - "Славјански јазик". :)

1) Еве ти целите слики, а имињата се дадени само на едното писмо, во другото не се наведени.

2) Овој стил на пишување датира од времето што е наведено како датум. Писмото до Абдул Азис е превод на оригиналот од турски. Другите се внесени такак како што се напишани во оригиналите. Очигледно оригиналите се ракопис, но правописот како добро се гледа е зачуван.

3) Очигледно станува збор за Воденската општина.

Една значајна забелешка: Бугарскиот јазик е "славjански" јазик. ("словенски" (мак) = "славјански" (буг) или славjански (со мак транслитерацjа)) - Очигледно тогаш, се е проповедано на грчки јазик.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Сите тие “извештаи“ како што може да се види се пишувани според еден ист шаблон иако се работи за распон од 30 и повеќе години и различни локации (Воден-Струмица-Битола-Велес), што означува дека не се автентично пишувани од самите луѓе.

Второ, сите тие се производ на бугарската црква и нејзината пропаганда да докажува “Бугари“ во Македонија што е премногу очигледно според насиленото потенцирање во приложените писма.

Трето, ниту едно од приложените писма не е оргинал, ниту можеш да докажеш дека преводот е автентичен, туку сите тие се печатени во исто време на што укажува стилот.

Црковните обштини се всушност црквите каде службата ја вршеле чиновници на бугарското свештенство и кои аплицираат за дозвола да донесат за Владици Бугари.

И сепак не го даде изворот на збирката, што наведува на заклучок дека нешто сокриваш.
 
Еве го изворот на збирката: http://www.dlib.mk:8080/jspui/html/68275/225/87470602.html Тој одамна е даден.

1) Нема никаков шаблон, има информации, која треба да се обезбеди, за да одлучат дали да им испратат наставници или не. Но, дури и да имаше некаков шаблон, зар денес како поднесуваш барање не го правиш по шаблон?

2) Сите тие се "производ" на луѓе од Македонија (регионот), а како што се идентификувале јасно го рекле.

3) Оригинали бараj во Државниja архив на Бугарија. Ова е зборник. Има оригинали само на неколку документа во него за илустрација.

4) Види добро документ 522, каде што се наведени луѓето. Таму се сите градоначалници, заменик градоначалници итн претставници на соодветните населени места. И градоначалниците ли се дел од бугарската пропаганда? Да не биде дека меѓу некои од овие документ ќе најдеш некој свој дедо? Црковните општини се пред се луѓето. Луѓето сакаат наставници, не црквите. Зошто и е на црквата учител каде нема кого да учи? И за учебници молат луѓето.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
А бре се знае зошто се пратени “Бугарчињава“ на форумов (и другите форуми) - за да докажат дека Македонската нација е Титова измислица. Било кој аргумент да им биде понуден дека не е така, тие ќе го отфрлат или ќе се фаќаат за глупости, само за да испадне на нивното. За мене е најверодостоен “документ“ тоа што кога бев дете сите старци со кои разговарав (ми беше интересно да ги слушам нивните доживувања - поинтересни од приказни), а повеќето беа родени во 19 век (јас имам 50 години), некои биле комити (некои ајдуци-комити :)), другите партизани - и никој од нив не се изјасни како Бугарин или дека се борел за Бугарија (барем да кажеше некој дека тогаш се мислел дека е Бугарин па се премислил после 1945 год.). Сите се декларираа за Македонци, а кон Бугарите се однесуваа со потсмев, како кон прости и лакоми (на ситно) луѓе. Единствено, во Бугарските затвори се добивал “здрав“ ќотек, додека Србите од непожелните “елементи“ се ослободувале на прикриен, подмолен начин (ќе те стемни, нема да те раздени - никој нема да знае што ти се случило и кој те суредил), а Грците биле многу сурови (и геноцидни би додал јас).
Ниеден од оние стари кои што ги познавав, повторувам - ниеден, не се изјасни како Бугарин, па според тоа јалови се сите убедувања дека сме ние Бугари. И ако сите другите ги убедите во тоа - барем еден ќе остане кој ќе се декларира како Македонец, како сведок дека постои Македонски народ!
 
Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Почист доказ, Амин

И јас ги прашувам блгарчетата како тоа за неколку години исчезнала бугарштината од Македонија.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Еве го изворот на збирката: http://www.dlib.mk:8080/jspui/html/68275/225/87470602.html Тој одамна е даден.

1) Нема никаков шаблон, има информации, која треба да се обезбеди, за да одлучат дали да им испратат наставници или не. Но, дури и да имаше некаков шаблон, зар денес како поднесуваш барање не го правиш по шаблон?

2) Сите тие се "производ" на луѓе од Македонија (регионот), а како што се идентификувале јасно го рекле.

3) Оригинали бараj во Државниja архив на Бугарија. Ова е зборник. Има оригинали само на неколку документа во него за илустрација.

4) Види добро документ 522, каде што се наведени луѓето. Таму се сите градоначалници, заменик градоначалници итн претставници на соодветните населени места. И градоначалниците ли се дел од бугарската пропаганда? Да не биде дека меѓу некои од овие документ ќе најдеш некој свој дедо? Црковните општини се пред се луѓето. Луѓето сакаат наставници, не црквите. Зошто и е на црквата учител каде нема кого да учи? И за учебници молат луѓето.
Во книгата комотно можеш да го замениш терминот “под србско“ со “под бугарско“ и добиваш исто таков детален опис за пропагандните методи кои сте ги користеле.

Џабе манипулираш со такви извадоци, јасно е ко бел ден дека не може сите тие луѓе да се изразувале исто, ниту пак запазиле иста форма, туку тие наводни “писма“ се најобични ДИКТАТИ за да се докажува бугарштина.

Плус 90% од сите наведени писма стојат со дата 1870 и објавени во весникот “Македонија“

Толку.

Сега во склоп на темава еден текст од Французинот Емануел Дивијар.
Роден е во Лион, во 1887 год. Бил Директор на Бирото за Училишни архиви и за педагошки истаржувања и Професор на Институтот Жан Жак Русо.
Објавени дела : Актуелните тенденции во основното образование, Училиште на иднината, Едукативната улога на Црвениот крст на младината.
Бил соработник на Швајцарскиот народ, потоа Бивш Претседател на Педагошкото друштво на романска Швајцарија. Претседател на Женевското педагошко друштво. Учесник во бројни училишни реформи.
Емануел Дивијар е Претседател на Женевскиот Комитет за одбрана од теророт на Балканот.

Ова е краткото објаснение за овој гоем хуманист и училишен реформатор од Швајцарија. Но уште поинтересно е како тој го почнува својот одговор на прашањата од анкетата:

“Србин ли си? Бугарин ли си? Грк или Албанец? На оваа серија прашања, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ДЕНЕС КАКО И ВЧЕРА, го дава истиот одговор - ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ“.

12.jpg
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
Јас ти покажувам како самите жители на регионот Македонија се нарекувале, ти ми покажа некој странец што пишувал. Која година бил во Македонија? Во која книга го пишува тоа? Која година е издадена?

Апсолутно непознат професор:
http://www.google.bg/search?sourceid=chrome&ie=UTF-8&q=EMANUEL+DUIVILLARD#q=%22Emanuel+Duvillard%22&hl=en&prmd=ivnsob&ei=xSjITfHyNsnLtAbOmKCQDw&start=0&sa=N&fp=6373cea9d449436e

Нема ли да покажеш што мисли некоја учителка на прво одделение? Несериозно е тоа, види во резултатите од Гугл.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Јас ти покажувам како самите жители на регионот Македонија се нарекувале, ти ми покажа некој странец што пишувал. Која година бил во Македонија? Во која книга го пишува тоа? Која година е издадена?

Апсолутно непознат професор:
http://www.google.bg/search?sourceid=chrome&ie=UTF-8&q=EMANUEL+DUIVILLARD#q="Emanuel+Duvillard"&hl=en&prmd=ivnsob&ei=xSjITfHyNsnLtAbOmKCQDw&start=0&sa=N&fp=6373cea9d449436e

Нема ли да покажеш што мисли некоја учителка на прво одделение? Несериозно е тоа, види во резултатите од Гугл.
Од кога појавувањето во резултатите на Гугл е мерило за сериозност или веродостојност? Ме пресмеа.

Добро си знаеш колку е значаен цитатот, посебно поради тоа што се работи за евидентиран интелектуалец, Професор на Институтот Жан Жак Русо, прв човек на Бирото за Статистика, човек кој бил експерт за демографска статистика и извршил круцијални реформи во пописните методи на населението во Франција.

Не е тоа чиновниче кое пишува под диктат, туку професионалец кој си ја знае работата, па оттаму не можеш да му подметнеш такви ефтини “писма“ кои самите сте ги пишувале.

Изворот е:

La Macedoine vue par l'Europe 1925-29, страна 132.

Коментарот на Дивијар е само еден од многу анкетирани европски интелектуалци кои го искажале своито мислење во меѓународната анкета во весникот “Балканска Федерација“

Мисирков имаше извадено цитати од повеќето интелектуалци пријатели на Македонците, но не се собрани на една тема. Ќе го средиме и тоа наскоро.

--- надополнето ---

Уште една грешка испуштиле Бугарите во својата пропагандна книга:

“Македонија под иго 1919 - 1929”

Цитат на подвлеченото каде раскажува мајката на детето:

„Ти си Македонец. Ние сите сме Македонци, зашто сме родени во Македонија.“

Потоа бабата, и вели: „Зошто му кажуваш така, сакаш бељи да си навлечеш?“

Мајката повторно:
„Како мамо, да го лажам ли?“
„Ако не можам да му кажам, дека сме Бугари, и тоа ли да не му кажувам?

Кога дошол Инспекторот и го прашал малиот што е, тој му одговорил:

„Јас сум Македонец!“

За казна учителот бил преместен во Босна, а детето дури по ТРЕТИ пат се рекло дека е Србин.

Значи ова е пример каде јасно се декларираат Македонци, цело семејство, а уште појасно се диференцираат од Бугарите и Србите.

Можеме само да си претставиме како ги “учеле“ да се кажуваат бугарските учители или грчките.
 
Член од
24 декември 2009
Мислења
312
Поени од реакции
18
1) Emanuel, не Emmanuel. Вториот е (1693-1776) :nenene:

2) Не случајно те прашав за која година станува збор. 1925 - 1929 - населението е веќе 12 години под српска власт, автономна Македонија не е формирана, јасно е дека поради притисокот Вардарска Македониjа нема како се приклучи кон Бугарија, единствениот шанса на македонските Бугари е автономија со идентификација на географски принцип. Географската ознака им решава проблемите со Србите, кои не сакаат Бугари во Jужна Србија, а ако се србеjат ќе имаат проблеми со ВМРО. Географската идентификација е совршена за пред официјалните власти. За тоа ти покажав извори пред 1913 година, кога биле во рамките на Отоманската Империја, која прави очајни обиди да си го задржи интегритетот, давајќи права на етничките малцинства.

3) Не се работи за евидентиран интелектуалец. Со 1 страница резултати во google, 90% од македонски саjтови.

4) Писмата можат да се видат во државниот архив (копии се разбира), па овие евтини трикови ги прави на луѓето од Вардарско

Имај малку повеќе верба во државните архиви, иако вашиот според академик Блаже Ристевски почнал да се создава во 1991 и немате многу голема историја во таа насока.

Ако ќе почнуваме со Мисирков, да се отвори дебелата двојазична книга која ми стои на полицата - дневникот од Балканските војни. Нема да ти се допадне она што е пишувал Мисирков во него. Да не зборуваме дека во книгата има многу писма од Мисирков - односно не е само дневник, а освен тоа има и CD со целиот дневник скениран во оригинал - правописен текст.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Џабе везеш, пак се застрела, еве ти подобра слика:

:helou:
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Братот, будали ли сакаш да ни правиш или сам пукаш во ногата си? Ти читаш што пишува тамо?

Ако не мога да му кажа,че сме б'лгари, и това ли да не му казвам'?
:toe::toe::toe:
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Читам, затоа пред таа реченица пишува:

„Како мамо, да го лажам ли?“

:pos2:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom