Целта на бугарската пропаганда веќе беше целосно разголена со темава:
Најдобро е да почнеме од кратка анализа на таквата пропаганда која се обидува да ја искриви историската вистина:
„Речиси е невозможно да се формира дефинитивна претстава за опсегот на територијата на која би се однесувало името ’Македонија’.“ (стр. 12)
- со оваа реченица се прави напор да се прикаже Македонија како погрешно/нејасно дефинирана...
„Конгломерат од раси“ (стр. 13)
и како измешана со разни раси.
„Мора да се запамти од самиот почеток дека нема таква раса како ’Македонци’ доколку сакаме да ја опишеме националната припадност на луѓето со тој термин“, (стр.13)
- Се разбира доаѓаме и до моментот кога треба да се истакне дека не постои македонска националност.
„ Со цел да се дојде до непристрасно и праведно решение во врска со карактерот и бројот на населението во Македонија, ние мора да се повика на сведоштвата на странските писатели кои патувале по земјата и се компетентни да дадат точни информации“, (стр.13)
- Преку оваа реченица се прави обид за инсинуирање на “објективност“ односно веродостојност на пропагандата, сепак запаметајте го црвениот болд кој ќе го искористиме понатаму...
„Во оваа провинција ќе најдеме луѓе кои се нарекуваат себеси и се познати како Бугари – според Хер Ритер ... останатото население, т.е. 1.117.643 се Бугари.“, стр.14
.. читателот мора да претпостави дека тоа што го тврдат странските патеписци за демографијата на Македонија е “објективно“ и веродостојно.
Пропагандно рециклирање на лагите наменети за лажно информирање на странските читатели.
Како извор на цитатите ни послужи бугарското пропагандно дело:
„Македонскиот проблем и неговото правилно решавање“ од Др. Станислав Ј. Шомков и Џорџ. Н. Чакалов
Меѓутоа, да сега да се навратиме на црвениот текст погоре и да го искористиме како контра аргумент:
1. „Во областа Острово/Битола девет пати од десет овие луѓе, покрај тоа што се предмет на расправа меѓу трите сојузнички земји – Србија, Бугарија и Грција – како одговор на прашањето за нивната националност ќе одговорат дека тие се Македонци“.
Едмонд Буше поминал долг период во Македонија како дел од француските војски стационирани кај Битола.
2. „Бугарите и Куцовласите (од Македонија).. се нарекуваат себеси Македонци и околните нации ги нарекуваат Македонци“.
3. „ Оние луѓе кои ги сретнав беа настојчиви да не се нарекуваат себеси Срби ниту Бугари, туку Македонци. Таму се чинеше нема заостаната љубов за Бугарите.“
4. „Но, во вечерните часови во нивните куќи или кога им се изгубивме на службениците, ние ги охрабривме да зборуваат со нас. Потоа во најразлични случаи ја слушнавме истата приказна како “Лоша администрација. Тие сакаат да не присилат да станеме Грци, по јазик, религија, по чувство, на секој начин. Ние служевме во грчката армија и се боревме за нив: сега тие не навредуваат нарекувајќи не’ ’проклети Бугари’, “ ... на моето прашање “Што сакате, автономна Македонија или Македонија под Бугарија?“ одговорот беше секогаш истиот: “ НИЕ САКАМЕ ДОБРА АДМИНИСТРАЦИЈА. НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ, А НЕ ГРЦИ ИЛИ БУГАРИ.“
5. „Многупати сме чуле од Македонистите дека тие не се Бугари, туку Македонци, потомци на античките Македонци.“
6. „Македонските Словени се сметаа себеси и се нарекуваа себеси ’Македонци’“
7. „Само поради тоа што Словените од Македонија се нарекуваат себеси Македонци нема причина зошто ние или вие би требало им да дадеме согласност за името кое се совпаѓа со парчето земја(со истото име)... коешто илјада години не било автономен ентитет...“
8. „Во Тракија и Македонија, каде хеленската крв и карактеристики доминираат, и хеленското влијание се чувствува многу повеќе, луѓето се нарекуваат себеси Тракијци и Македонци, отколку Бугари; Грци ..“
9. „Се случува тоа да Македонците кои доаѓаат во Бугарија да продолжуваат да се нарекуваат себеси Македонци...“
и
„ Во Бугарија, без разлика дали тие потекнуваат од некој Македонец кој патувал на исток во 1878, или доколку се сегашни емигранти, тие се нарекуваат себеси Македонци...“
10. „Жителите на Македонија во големо мнозинство се Словени; тие се нарекуваат себеси Македонци, и тоа што тие го посакуваат и она кое ние го посакуваме од нив е автономија под европска контрола“
11. „ Славофоната популација во српската Македонија дефинитивно се смета себеси како одделна од Србите. Доколку бидат запрашани за нивната националност тие велат дека се Македонци, и го зборат македонскиот дијалект.“
„Жителите овде не се повеќе Срби отколку Македонци од Србија – тие зборат на македонски и се нарекуваат себеси Македонци.“
12. „... го прашав на кој јазик тие зборат, и јас и мојот Грчки преведувач лекомислено го чекавме одговорот – бугарски. Човекот самиот рече МАКЕДОНСКИ. Обрнав внимание на овој збор и сведокот објасни дека тој не го смета руралниот дијалект користен во Македонија ист со бугарскиот, и одбиваше да го нарекува со тоа име.“
13. Писмо на Темко Попов до Деспот Баџовиќна 9 мај 1888 година, Солун:
„Да не се лажиме, Деспоте, националниот дух у Македониа до такво дередже денеска је стигнал, штото и сам Исус Христос ако слезит от небоно неможит да го уверит Македонеца, оти је блгарин или србин, освен оние Македонци у кои веке пропагандата блгарска се имат вкоренено.
14. „ Шокиран и видно вознемирен, го удрив градоначалникот на селото кога го слушнав дека збори на бугарски, којшто тој сака да го нарекува македонски, и му порачав дека во иднина тој мора секогаш и секаде да збори само грчки, и дека треба да ги советува и селаните да го прават истото“
15. „Ниту Бугари ниту Срби“ рече една толку стара жена, дрско, кога го напуштивме патот за Монастир(Битола) кај Добравени, “Јас сум единствено Македонка и мака ми е од војни“
16. „Ние Македонците, не Срби, не Бугари, а просто Македонци.“
17.„...Да се знае, кога селаните од моето родно село Радибуш Криворечка Паланка, ме главија за учител во нашето селско училиште, а и за Ранковци и за Криви Камен, за 1800 гроша годишно. Роден сум од татко ми свјаштеник Димитрија и мајка Васкресија, како 7-мо дете од дванајсе деца, пет машки и седум женски. Славјанско писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, кој така се вика зошто сме Македонци, а не Грци, а неговиот татко се викал Јосиф, свјаштеник, а неговиот дедо Стојмен свјаштеник. И јас прекорот си го зедов Македонски, а не по татко ми и по дедо ми, за да се знае оти сме славјани од Македонија.“
18. “Поради тоа во Македонија настана една таква положба што еден ист народ го нарекуваат Грк, Србин и Бугарин само затоа што еден го признава грчкиот патријарх и се моли во грчките цркви, а друг оди во словенска црква.“
и
„Не обѕирајќи се на тоа српската, грчката и бугарската влада, заради проширување на своите граници на македонска територија, не штедат средства и ги истребуваат Македонците што не сакаат да се нарекуваат Грци, Срби и Бугари и оние што не знаат да зборуваат срски и грчки.
19. “Од друга страна, со помошта на нивните шовинистички весници прават напори да не’ прикажат нас Македонците како “Славофони“ и “чисти Грци“.
20. " Според нас иднината на Македонија се определува од латентната и непрекината мисла што назрева и се оформува во духовите на населението на таа несреќна област во полза на создавањето вистинска македонска народност. Јас имав случај да распрашувам мнозина француски офицери што војуваа на Источниот фронт за српските и бугарските стремежи на Македонците. Сите ми одговорија дека Македонците на прашањето:Срби ли се или Бугари?: одговарале 'Македонци!'. "
21. „Мене лично ми прави впечаток, специјално во мојата општина дека македонскиот Бугарин кога ќе му се постави прашањето при давање на разни податоци за својата националност сака да се именува како Македонец а не Бугарин и кога ќе му се објасни, дека Македонија е провинција и дека во неа живеат различни народности (Турци, Албанци, Цинцари и др.) и дека ако и тие се викаат обшто Македонци нема да има меѓу нив разлика, едвај тогаш се именува Бугарин“
22. Германскиот социјалдемократ Hermann Wendel, кој ја посети Македонија во август и во септември 1920 година систематично прашувајќи ги луѓето што се тие. Во Битола тој запишал: „Словените се нарекуваат себе си МАКЕДОНЦИ како и секаде каде тие стојат меѓу Србите и Бугарите, знаејќи го ова и само ова.“
23. Во Прилеп: "На мостот млади луѓе си играат, едниот не се срамеше запрашан: „Јас сум Србин, но оние (покажува на другите) се Македонци "-" Од каде сте ?"-" Од Ниш ",
И во Ресен: "Роеви на момчиња наоколу автомобилот, "Добро, што си ти?" Тој погледна срамежливо и неразбирливо, "Тој е Турчин", викна хорот. "Аха? А Вие (до хорот)?" - " Македонци!", испукаа, како од пушка. "
24. Исто така, Едмонд Боуши де Беле во 1920 година изјави, дека доколку словенскиот Селанец од регионот на Острово (во Грција) или Монастир (Битола) беше прашан што е тој, во девет од десет случаи одговорот беше Македон.
Неговиот заклучок беше: "Un observateur de bonne foi classera donc a part cette population a laquelle le non de "Slaves Macedoniens" ou simplement de "Macedoniens" parait le mieux convenir".
(Превод: Чесниот набљудувач би го класифицирал ова население како “Словенски Македонци“ или едноставно “МАКЕДОНЦИ“ како што најдобро одговара.)
25. Теодосиј Гологанов, 22 јуни 1891 година, писмо до проигуменот Дионисиј:
“…Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат… “
и
„… Мое мислење е дека ние духовниците, по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го кренеме нашиот народ да се разбуди, да ѓи отфрли туѓинските управи, да ги отфрли и Патријаршијата и Егзархијата, и да се обедини духовно во крилото на Охридската архиепископија, неговата вистинска мајка црква.“
26. "... Сеуште постојат оние кои денешните жителите на Македонија не ги сметаат ниту за Срби или Бугари, туку за одделна народност, веројатно потомци на античките Македонци. ..."
И овде би било добро да се надоврзат сите дополнителни примери кои беа доставени од останатите членови, во слободно време ќе ги апдејтувам самиот.