Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 15.715
- Поени од реакции
- 35.175
Епа ме претекна, само што сакав да прашам дали е мислењево од 95таДа се надоврзам, мислењава се напишани во 2015-2018, можеби се малку застарени но сепак решив да ги објавам овде.
Има подлажувано за платата ако е од тој период, тогаш минимална била околу 700 неделно, сега е 23.23 по саат или 882.80 неделно.
Куќите тие што биле 400к во тој период, сега се околу 800-1м, и нема поефтина куќа од 700к (ни во најдалечна периферија), townhouse во поголеми градови и нивна периферија е над 600к (најчесто околу 900-1м). Ратите за отплата на овие се по 3.5-5k месечно.
Врска нема и за далечината на плажите, можеби толку мрднала од каде што ја однеле, имаш Австралијци кои не го виделе морето во нивен живот, и во големите градови што се на море може да имаш и по 4 саати возење до плажа.
Мислам дека не држи вода и тоа со еднократниот за новороденче, еве линк:
За деца плус дневниот смештај е изгор, може ако се легнати на социјално/на минимална за нив да е ефтино, инаку 120-170 долари на ден (ако си државјанин или перманент дава државата за 2-3 денови неделно).
Цените во маркет се исто барем двојно од тоа што пишала (говедско мелено може за 10 долари за кг, чисто месо е 20тина најчкарт делови, и над 40 за бифтек), еве линк од двата најголеми маркети, имаат онлјан цени на се:
Сметките, за струја кај мене за 2ца во куќа доаѓа околу 150-180$ месечно, за вода еве колку доаѓа на тромесечие, сепак ова зависи од општината:
Интернетот тешко да најдеш под 60 долари месечно (само интернет, кабелска ти е над тоа, плус додај ги сите сервиси нетфликс, бинџ) просек околу 120 ти се само интернет и ТВ.
Мобилни нема како кај нас припејд каде пушташ колку да стои картицата, најефтини понуди ти се 1$ на ден за 30дневен план, инаку генерално 50-150$ по човек претплата.
Тоа што ви има продавано приказна за пензиите, со тие пари ако немаш недвижност ќе преживееш точно 1 недела.
Тоа што студентите имаат поволни кредити е точно, само што за разлика од мкд каде цел факултет ќе те кошта 10к евра, овде ќе искешираш 150к долари и првите 5 години нема да ти остане ни цент од платата оди ќе враќаш студентски кредит.
Ако е во некоја населба со балканци може и тераат такви фешти со комшиите, имам живеено во 5 населби откако сум дојден, и освен едно здраво никој не ти кажува ни збор повеќе.
Во Кино ти е 17-25 карта по човек, во аквариуми и слично ти е по човек 20-60, јаболка 4 долари кг, авокадо 1.5-2.5 долари парче, лубеница најефтино што ја видов беше 2.5 долари за кг, грозје најефтино 4.5 долари инаку отиде и до 15 долари за кг, компири 2.5-3 долари за кг и тн. Ете ви линкови погоре и разгледајте ги.
Автоматски споено мислење:
Епа треба нејзините да напишат како поминале, не таа. Лесно е ако ти ја поставил некој подлогата, генерално најтешко минува прва генерација на иселеници.Фала на одговорот, баш заради дискусија ги поставив овие мислења, знам дека Австралија е добра држава за живот, ама ова што го има таа напишано ми изгледаше премногу совршено за да е вистинито, особено тоа што цените во МК биле далеку поголеми од Австралија, а Австралија е една од најскапите земји за живот. Личноста која ги напишала мислењава била родена и растена во Мелбурн, а нејзините родители биле имигранти.
Последно уредено: