Како се емигрира во Австралија и Нов Зеланд?

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Член од
24 јануари 2012
Мислења
514
Поени од реакции
536
Здраво на сите.
Имам едно маалку подолго прашање, па кој може нека ми одговори, ќе бидам многу благодарен.
Живеам во МК моментално, но поради семејни проблеми, семејно насилство, закани од родител по живот, лошо судство, мали плати, живеам во град каде дрогата и убиствата се се почести, и тоа од малолетни лица, платата ми е некои си 470€, имам бугарски пасош и сакам да заминам во Австралија. Сум живеел во Германија 1 година за време на короната и тогаш беше ОК, но сега многу од моето друштво се вратија назад поради "скапотија". Во Австралија (Сиднеј) имам блиски роднини кои се отселиле уште пред 25 години таму и веќе градат нова куќа (старата ја продадоа за повеќе од милион долари и така натаму) која ќе биде готова на крајот на 2024та година. Тие се тука да ми помогнат, да дадат гаранција дури поголема и од $50.000 и така натаму. Англискиот го владеам перфектно, тука работма за америчка фирма, но кога одделот кој е застапуван во Македонија е застапуван од Македонче, тогаш се знае каква е платата. Како може трајно да заминам Австралија и која е процедурата за виза и колку време се чека (некој просек)?

Заборавив да допишам дека има што да работам таму (роднината има фирма и е по моја струка). Смештај имам цел спрат од куќа (200м²). Ве молам за сериозен одговор. Благодарам однапред.

Najdobro e tvoite rodnini najdat agent da gi vodi vo aplikacija za viza 186. Agentot sekako ke ti kaze da naprvis skill assesment (mora da imas barana struka) plus polaganje angliski IELTS minimum mislam e 5ka.

Plus ke mora da otvorat oglas minimum mesec dena so plata 72.000$ i ne najdat rabotnik vo Avstralija.

Ako toa go napravis togas vizata e lesna. Toa sto imas Bugarski pasos ne ti e pomos bidejki Avstralija ne e vo EU. Bilo sto da treba pisi.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.227
Поени од реакции
36.444
Subclass 482 Temporary Skill Shortage visa
Оваа мислам дека ќе може да ја извадат далеку полесно, имам пишувано неколку страни поназад и професија на која знам дека поминаа додека трепнеш.
Автоматски споено мислење:

Сум живеел во Германија 1 година за време на короната и тогаш беше ОК, но сега многу од моето друштво се вратија назад поради "скапотија".
Ако ти се видела скапа Германија, овде ќе бидеш многу непријатно изненаден, особено во Сиднеј. Планирај минимум 30% поголема сума од Германија, ако имаш и деца тогаш уште повеќе.

И се надевам дека ти се навистина блиски роднини па ќе ти дадат престој на подолг период, бидејќи толку голем спрат од куќа може да го изнајмуваат од 1000-2000 долари неделно ;)
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2024
Мислења
4
Поени од реакции
0
Фала ви на одговорите, прашано е за виза 186 и е потребно минимум 3 годишно искуство во таа област. Искуство во тоа имам само приватно, но не и на документ и како вработен во фирма. Работам сосема друго. Инаку да, роднините ми се блиски и ќе направат сѐ што е во нивни раце за да останам таму. Смештајот ми е гарантиран.
 
Член од
12 октомври 2015
Мислења
5
Поени од реакции
26

Многу ми е жал што имаш такви лични причини за да се иселиш. Мора многу да те мотивира тоа.
За жал ако немаш искуство на хартија, не можеш да добиеш позитивен Skills Assessment.
Друго е ако имаш искуство на хартија само, така ќе може.
Со бугарски пасош ти препорачувам само Европа и Канада, но немам лично искуство. Австралија туристички само. Дојди, поседи неколку месеци и врати се. Австралија не сака мигранти, барем не во голем број и за среќа на новите тоа отворено го кажуваат сега. Им требаат студенти од пребогати фамилии што ќе се вратат назад. Skills Shortages и сл. приказни, како што пишаа и претходните, беа само за да донесат студенти кои ќе бидат намамени дека после струии ќе можат да останат.
Претходно само околу 17% останувале како што може да прочиташ погоре. И пак, голем дел од нив на партнер визи.
Ако компаниите имаат потреба од кадар тоа им го овозможуваат многу полесно дури и да не ги исполнуваат yсловите, преку т.н. Company Specific Labour Agreements. Поголеми компании на кои вистински им треба кадар, плаќаат и внесуваат луѓе дури и над 45 па и над 55 годиншна возраст и со професии кои ги нема на листите.
Прашај си дали твоите роднини реално можат да ти помoгнат преку LA (Labour Agreement). Таму и да немаш искуство на хартија доволно за соодветната струка, може да се побара т.н. concession. a friend with a ladder reality.jpg
 
Член од
16 април 2024
Мислења
4
Поени од реакции
0
Денес прашав за туристичка виза и со бугарскиот пасош имам подобри поволности за аплицирање. Имено со истата агенција мој роднина замина таму. Со бугарскиот пасош не плаќам такса за визата (ако добро разбрав) кој е 193 долари, само плаќам незначително повисока сума за услугата за превод на документи во агенција. Рокот за одговор со бугарски пасош е околу 10-15 дена, односно упола во споредба со македонски документи. Сето тоа во ред. Мене ми треба виза за крај на оваа година, па затоа имам време за размислување. Прилично сум млад, но работам година дена во сигурна фирма со не многу добра плата, но работата ми е од дома и е релаксирачка, немам ни норми ни останати работи. Имам во план да поработам во тој период додека сум во Асвтралија на црно (ги знам ризиците и последиците), бидејќи нормално одам таму да заработам. Дали сето тоа ми се исплаќа бидејќи работна (иселеничка) виза е скоро невозможно да добијам поради мојата состојба со стаж и искуство на документ во таа област. Нормално размислувам што ако го напуштам ова сигурно место, дали сето тоа вреди и дали со работата на црно додека трае визата ќе успеам да живеам барем една година тука, да не ми биде џабе да напуштам работа, а не сум направил ништо на крај освен што сум прошетал, па да бидам просјак тука. Некој пример - имам таму смештај, платени сметки, храна обезбедена (зготвено), мое е само да работам, ако добро разбрав би ми останувале по $3000 месечно, па доколку добијам виза на година дена тоа би излегло 30-35 илјади долари годишно што не е мала сума, а тука би сонувал за тоа. Дали е ова изводливо или само си фантазирам?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.554
Поени од реакции
5.172

U Avstralija sum bilo samo blagodarenie na Google Maps, ama i pokraj dovolno sum iskusil od zivotot za da te prasam slednovo "drugar a da mi dajs broj od dilero tvoj gledam dobra roba ima."

Ovakva presmetka i fantazija druze ni na jaki pecurki ne se pravi ama ajde. Namesto da se zaebavas vaka sedni poraboti nesto sto se bara vo avstralija (i ima izgledni sansi da se bara i vo idnina) pa apliciraj za 2-3 godini koga ke imas da pokazes iskustvo bar ke otides i ke mozes da rabotis i zivees bez da se zamaras za vrakanje.

Vaka ke otides ke porabotis na crno ke te fatat nedajboze i posle avtsralija ni na Google maps nema da ja vidis.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Некој пример - имам таму смештај, платени сметки, храна обезбедена (зготвено), мое е само да работам, ако добро разбрав би ми останувале по $3000 месечно, па доколку добијам виза на година дена тоа би излегло 30-35 илјади долари годишно што не е мала сума, а тука би сонувал за тоа. Дали е ова изводливо или само си фантазирам?
За да работиш на црно ќе мора газдата да те плаќа во кеш, што во повеќето случаи е помалку од регуларната саатница (пример наместо $20 на саат ќе ти дадат $15). И плус треба да те вработи некој свој човек, инаку скоро невозможно е друг да ризикува огромни казни заради тебе.
Уште одма прашај колку би те плаќале во кеш и колку саати неделно би работел, пиши што ти одговориле, па ние ќе ти ја направиме математиката колку пари би ти остануваче месечно.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.227
Поени од реакции
36.444
Денес прашав за туристичка виза и со бугарскиот пасош имам подобри поволности за аплицирање. Имено со истата агенција мој роднина замина таму. Со бугарскиот пасош не плаќам такса за визата (ако добро разбрав) кој е 193 долари, само плаќам незначително повисока сума за услугата за превод на документи во агенција. Рокот за одговор со бугарски пасош е околу 10-15 дена, односно упола во споредба со македонски документи. Сето тоа во ред. Мене ми треба виза за крај на оваа година, па затоа имам време за размислување. Прилично сум млад, но работам година дена во сигурна фирма со не многу добра плата, но работата ми е од дома и е релаксирачка, немам ни норми ни останати работи. Имам во план да поработам во тој период додека сум во Асвтралија на црно (ги знам ризиците и последиците), бидејќи нормално одам таму да заработам. Дали сето тоа ми се исплаќа бидејќи работна (иселеничка) виза е скоро невозможно да добијам поради мојата состојба со стаж и искуство на документ во таа област. Нормално размислувам што ако го напуштам ова сигурно место, дали сето тоа вреди и дали со работата на црно додека трае визата ќе успеам да живеам барем една година тука, да не ми биде џабе да напуштам работа, а не сум направил ништо на крај освен што сум прошетал, па да бидам просјак тука. Некој пример - имам таму смештај, платени сметки, храна обезбедена (зготвено), мое е само да работам, ако добро разбрав би ми останувале по $3000 месечно, па доколку добијам виза на година дена тоа би излегло 30-35 илјади долари годишно што не е мала сума, а тука би сонувал за тоа. Дали е ова изводливо или само си фантазирам?
Што поточно планираш да работиш на црно?

Ако е градилиште или било каква работа со која ќе бидеш во допир со надворешен свет, заборави!

Прво, може да те спакуваат од тука и да не стапнеш повеќе.

Второ ако се повредиш за време на работата наебуваш ти, а и тие што ти ја дале работата, со среќа во објаснување на болница како те однела брзата помош во работнички алишта а си турист ;)

Трето, биди малку човек и кон роднините и аман заборавете го тоа сељачкиот балкански менталитет. Тоа што ти се роднини не значи дека треба да им се нацуцулиш дома цела година, да им седиш и да те хранат без пари, и згора на се да ги пикнеш во опасност да јадат казни и забрани. Ако ти добиеш црн печат, тие ќе добијат прекршочна или кривична која не се трга со години. Убаво е што ти ќе си заработиш 30к долари кои пак нема ништо да ти сменат во мкд (18к евра се, не се доволно ни за учество за стан), ама малку повеќе емпатија и за околината ;)

Има начини да дојдеш и без вештини, и да работиш колку-толку легално, а паралелно на тоа да си бараш начини за трајно останување (ако те бендиса), низ темата има пишувано и за студентска, има пишувано и за фаќање кривини со 492 виза и тн. Ќе си ангажираш агент, или роднините нека побараат од тука immigration lawyer за да ти даде насоки.
 
Член од
27 април 2024
Мислења
8
Поени од реакции
3
Ги најдов овие мислења за Австралија на фемина форум, што мислите за нив? Дали е ова точна слика за Австралија?

1. За топлото, па во Скопје е многу потопло летото него тука, таму кога ќе се вжешти асфалтот, зградите пекол на земјата, тука преку ден е топло ама навечер од морскиот/океанскиот ветер се освежува, се спие без клима, во Скопје тоа ми беше невозможно, плус кај да живееш во било кој град во Австралија за 15 минути си на плажа.

Системот е еден од најдобрите во светот после Шведска, лекувањето е беспари, школувањето до средно исто, државата нуди поволни кредити за факултетите кои треба да се отплатуваат од кога ќе се вработиш.
Државата дава на секој што не заработува над 300.000 во годината по 400 долари од дете помош (200 долари на две недели) еднократна помош од 7500 кога ќе се роди бебе, помош од 2500 за самохрани мајки.
Ако си невработен ќе земаш 1500 од државата (ово само ако си државјанин или на постојана виза) тие се доволно да преживееш меѓутоа не можеш на пример да земеш кредит за куќа ако не си вработен,за кола да купиш што е неопходна нема да можеш да купиш пример нова, со истите пари што ќе плаќаш кирија ќе си отплатуваш куќа.

Работник во фабрика зема сатница од најмалку 23-25 долара, се работи 8 саата смена и ако има можност за прекувремено првите три саата се плаќаат за саат, саат ипол (time and a half) после тоа дупла дневница, ако работиш сабота, недела дупла дневница, празници тродупла.
Законот е дека измеќу една и друга смена мора да има најмалку 12 часа растојание, не се умира тука од работа.
Со платата од фабрика може да се живее комотно семејство од 4-5 члена и да се отплаќа кредит за куќа и да не ти фали ништо, мислам да се пребројуваш од четврток до четврток.

Двајца вработени веќе се живее ептен добро, ово зборам за од фабрика плати, што се рачуна за минималец, пример тука градежни работници земаат по 1500 неделна плата, ѓубретарџии земаат 45 долари на саат, во фабрика за рециклирање на ѓубре сатница е 75 долари. Државната пензија добива секој што нема над 700.000 долари во имот, пари, обврзници а таа изнесува 1750 за самец ако се пар секој добива по 1250, значи кога останува сам пензијата се зголемува. Парите се добиваат на секој две недели.
Автоматски споено мислење:

2. Комшиите си ги знам, до мене од двете страни, позади, кој кај работи не знам, пиеме кафе кога се има време или со мајките се наоѓаме во парк со децата и да сакам повеќе дружење немам време, три деца, работа, куќа, толку е времето дали си во Македонија или Австралија, кога имаш семејство и обврски приоритетите се менуваат.

Комшиите не ги интересира каде одиш, зошто одиш ама ако спискаш за помош ќе дотрчаат, ќе ти помогнат, исто и на улица да ти се слоши ако ништо друго ќе викнат брза помош, на дедо ми во Скопје на улица пред неговата каде што живее 100 години му се слошило, му се кренал шеќерот, никој не му помогнал си го одминувале како да е ѓубре на улица, така да не знам кој е подобар народ, дали овој тука или тој во Мк.

Родителите не си ги бркаат децата, значи си имаат услови да излезат од дома и сами да живеат, не сакаат дома да носат девојки, дечковци, да се стискаат да имаат секс кога веќе се има услови сами да живеат. И тие се поуспешни од македонската младина зошто од 18 години веќе сами живеат, мора сами да си готват, пазарат, чистат, сметки да си платат, нема тато носи, мама меси, не чекаат на готово.
А и тие што живеат со родителите обавезно дома допринесуваат кога веќе работат, сами си ги перат алиштата, си готват, плаќаат понекоја сметка а и стават пари на страна за куќа да си купат, затоа седат со родителите.

Тука може да се работи од 14 години и 9 месеци, не повеќе од мислам дека беше 15 часа во неделата повеќето работат без обзир што му работат родителите и татко ми беше професор на факултет па работев во Мк Доналдс од 15 години, првата кола на 18 години си ја купив во кеш со сопствени заработени пари.

Услови за школување, работење има колку сакаш, ако не сакаш да работиш ти дава државата околу 850 долари на две недели, не се којзнае колку ама доволно за јадење, пиење, да живееш со уште некој да ја делите киријата, сметките.

Ноќниот живот е добар, не дека излегувам сега де ама кога излегував има по нешто за сечив вкус, вакви забави, такви забави, кој каде му одговара таму ќе си оди.
Концерти од светски изведувачи има постојано, претстави, циркуси, изложби, има постојано нешто ново да се види, да се прошеташ, секој ден да шеташ ќе има нешто ново да видиш.

Патиштата средени, здравство топ и безплатно за сите државјани и постојани жители, образовен систем добар, успеваат тие што знаат и умеат а не дали има врски или која политичка партија е на власт, политиката не е умешана во секој сегмент од секојдневието, пола не знаат ни кој е премиер во моментот, не дека се глупави туку немаат потреба, си зема плата секој четврток и понатаму не им е гајле.
Автоматски споено мислење:

3. мене куќата ми е отплатена веќе скоро 8 години, ти си имал лично твоја куќа/стан на 27 години, јас имам, плус тука се живее во куќи а не во станови.
Не се секирај за моите деца и тие ќе си ги уживаат сите благодети на оваа прекрасна држава.
Платата е неделна а доларот е австралиски.
Млекото во Мк е 55 денари литар, поскапо него тука.
Месото јунешко е 400-450 денари, скоро исто за разликата во платите огромна.

Јас како еден човек додека бев во Скопје, греев на струја и сметките ми без во просек 9000 месечно, кога не греев сметките ми беа 1500 да ама само за мене, и да водев сметка за скапа/евтина струја/
Вода плаќав 600-700 денари месечно.
Плус парно 10% 990 денари.
Интернет 1300 денари
Мобилен во просек 2000 кредит месечно.
Ово за еден човек, ако се повеќе можам да замислам колку се плаќа

Годишна плата во просек ми е 90.000 долари, не е многу, баш просечна плата е.
Автоматски споено мислење:

4. отровни животинки во 35 години еднаш имам видено ако не се рачунаат тие по зоолошкитеретко ги има во населени места.
Расистички има настроени ама и тоа ретко, кој расизм во држава полна со луѓе од секое ќоше од светот.

5. Еве проста математика за работник во фабрика ако зема 24 долари на саат * 38 саата неделно =912 минусирај 11% данок =812 долари неделно, ово без прекувремено а скоро секаде има прекувремено и плата нето рипнува на околу 1000 неделно.
Просечна куќа и плац е околу 400.000 рата на тоа би било 400 долари неделно, уште 100 за кола, остануваат 300, 100 за храна се доволно, 50 да ги тргнеш на страна за сметките еднаш во три месеци, пак остануваат 150 долари и да излезеш и да купиш нешто од гардероба.

Ме мрзи сега да сликам сметки колку плаќам вода, струја, плин, како онаа народната ако баба лаже трап не лажи.
Струја на 3 месеци со три мали деца во зима плаќам 180-200, во лето со климата 300.
Плин на 3 месеци зимно време 250-300, во лето 100 долари.
Вода на 3 месеци 60-70 долари.
Интернет, телефон, бокс сет со нетфликс, стан, 80 долари месечно и мобилниот телефон планот ми е 35 долари, добивам 600 минути локално, 200 минути за странство и ајфон 6с.

Данокот за куќата со ѓубретарина 1100 годишно, регистрација за кола 640 (за сите коли е исто) осигурување за колата и куќата 550 годишно.
Регистрацијата и данокот обично ги плаќам од вратениот данок кој не е испод 6000-7000годишно.

Бензинот се движи од 1-110 за литар, млекото за 3 литра 2.30, лебот 2.00, јунешко месо 12 кило, јагнешко 10, свинско 12, пилешкото 8 кило/
Овошје, зеленчук ако си купуваш од пазар е евтино ако купуваш со сампослуга е далеку поскапо.
Јаболка кило 1 долар, авокадо 3 за 2 долара, манго 3 за 2 долара, вреќа од 10 кг кромид 6 долара, вреќа компир од 15 кг 9 долара итн.

Е цигарите се изгор 27 долари за кутија 25 цигари.

Влез за семејство во зоо, 55 долара, исто и во аквариум, киното јас одам во драјв ин 30 за кола, музеј 35 долара влез за семејство.

Да седниш во ресторан пристоен порција храна се движи од 15-25 долара, поевтино Мкдоналдс, КФС, Хангри Џекс оброк е 8 долара, пица 7 долара во Пица Хат.

Облека имам пишувано како ќе си начекаш има за секого, патики за деца Адидас, Најк, Пума, Конверс по 20-тина долари, тренерки 20, маички 10-тина за возрасните може со 10-тина долари да е поскапо.
Зависи каде купуваш ама партали има за скоро безпари, цените се за дупло, тродупло поефтини од Мк па и од Европа.
Автоматски споено мислење:

6. угостителството ти е најнеплатена категорија, зависи што работиш сатницата 15-17 долара, да не кажам колку јуниор се плаќа и нормално дека за викенд не се плаќа 1.5 или 2 исто како и во трговијата, тогаш имаат највеќе работа.

Работникот во фабрика ако работи 10 часа прекувремено ќе заработи плус $350, данок од 35 % плаќаш за второ работно место а не на прекувремено, 11% е данокот на основната плата немам појма од кај ти се тие 25%, не знам кај живееш ама rates 4000 е премногу.

Адидас, најк за $20 Smith Street, пред некој недела им начекав за децата $30 Ralph Lauren патики во Аспорт.

И да грешка моја осигурување за колата и куќата е 550 месечно, плус на мм уште 300 ама ако возиш поефтини коли осигурувањето ќе биде помало и плус ако не си направила никакви побарување се намалува со годините.
Автоматски споено мислење:

7. и 50% да треба данок да плаќам јас сум задоволна од државата, здравство средено, не плаќаш ништо ни на доктор, ни во болница, не ти требаат врски, не ти треба некого да познаваш, не ти треба мито.
Средени патишта, безплатно школување, освен униформата ништо не плаќам, не ги интересира што работиме со сопругот па да бидат децата фаворизирани без причина.
Во општина работите ти ги вршат за час, никаде не ти треба човек, мито или било што, секој си ја врши работата за која што зема плата.
Никој не те дави со политика.!

8. ние им праќаме пакети со облека и козметика, сами бараат, тука знаат дека е многу поевтино, плус кога завршува пример летната сезона таму тек доаѓа и се е претерано евтино, нешто сами си плаќаат, нешто од нас, си кажуваат точно што сакат, тоа и го добиваат, не ги понижуваме со тоа, им олеснуваме да не се трошат толку.

Еве само мал пример, гледала снаа за прв братучед патики за малиот Nike, таму биле 4500 денари за едногодишно дете, тука истите ги купивме за $22 што е помалку од 1000 денари, за истите пари таму што ќе купи од тука 4 пара ќе им пратиме.

јас не се фалам ама ако кажувам така како што е сите мислат дека се фалиш и затоа повеќе молчам него што зборам, не сум јас крива што е стварно најдобра земја за живеење во светот.
Автоматски споено мислење:

9. оно што највеќе ми сметаше додека бев во Скопје беа намуртени, арогантни луѓе, имав чувство како да бев опкружена со негативна енергија. Каде и да одев тоа само гледав намуртени лица, во болница, по шалтери само на душман да му посакаш да оди, ароганција до бесвест, никој не си ја врши својата работа само гледа другиот што работел, односно не работел.

Кај мене сите се насмеани, ведри, не можеш да се разминеш на улица со непознат човек а да не ти посака убав ден, односот на сите вработени е највисоко ниво, апсолутно е невозможно било каква работа да имаш во администрација да не ти биде завршена на време, плус пола и више од работите се вршат онлајн (изводи, венчаници и сл).
Секој си ја гледа својата работа, никој не гледа во дворот кај комшијата ама и ако застанеш на автопат со проблем некој веднаш застанува некој да се понуди да помогне, ако видат дете или куче затворено во кола се вика полиција и општо се помага ако е потребна помош, не се прават будали ако падне некој на улица да си продолжат како во Мк.
Автоматски споено мислење:

10. тука е смешно маж 20 годишен дома кај неговите да живее, за сите девојки е тоа причина за раскинување на врска а тек за мажи над 25 години, случај за на психијатрија.
Во Мк дечко на 20 години и да работи ќе земе плата од 10-12.000 и никако нема да може да се осамостои со тие пари, така да таму девојките не им раскинуваат ако сеуште живеат со родителите, тоа е сосема нормално, не е deal breaker.
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
@CuriousPerson
Прашај што поконкретно те интересира, приказните се најверојатно точни, али секој човек е различен.
Ако некој пишал дека станал милионер во Австралија не значи по дифолт дека ти или јас ќе станеме исто така.
 
Член од
27 април 2024
Мислења
8
Поени од реакции
3
Да се надоврзам, мислењава се напишани во 2015-2018, можеби се малку застарени но сепак решив да ги објавам овде.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.227
Поени од реакции
36.444
Да се надоврзам, мислењава се напишани во 2015-2018, можеби се малку застарени но сепак решив да ги објавам овде.
Епа ме претекна, само што сакав да прашам дали е мислењево од 95та :)

Има подлажувано за платата ако е од тој период, тогаш минимална била околу 700 неделно, сега е 23.23 по саат или 882.80 неделно.

Куќите тие што биле 400к во тој период, сега се околу 800-1м, и нема поефтина куќа од 700к (ни во најдалечна периферија), townhouse во поголеми градови и нивна периферија е над 600к (најчесто околу 900-1м). Ратите за отплата на овие се по 3.5-5k месечно.

Врска нема и за далечината на плажите, можеби толку мрднала од каде што ја однеле, имаш Австралијци кои не го виделе морето во нивен живот, и во големите градови што се на море може да имаш и по 4 саати возење до плажа.

Мислам дека не држи вода и тоа со еднократниот за новороденче, еве линк:

За деца плус дневниот смештај е изгор, може ако се легнати на социјално/на минимална за нив да е ефтино, инаку 120-170 долари на ден (ако си државјанин или перманент дава државата за 2-3 денови неделно).

Цените во маркет се исто барем двојно од тоа што пишала (говедско мелено може за 10 долари за кг, чисто месо е 20тина најчкарт делови, и над 40 за бифтек), еве линк од двата најголеми маркети, имаат онлјан цени на се:

Сметките, за струја кај мене за 2ца во куќа доаѓа околу 150-180$ месечно, за вода еве колку доаѓа на тромесечие, сепак ова зависи од општината:
1714174977738.png

Интернетот тешко да најдеш под 60 долари месечно (само интернет, кабелска ти е над тоа, плус додај ги сите сервиси нетфликс, бинџ) просек околу 120 ти се само интернет и ТВ.
Мобилни нема како кај нас припејд каде пушташ колку да стои картицата, најефтини понуди ти се 1$ на ден за 30дневен план, инаку генерално 50-150$ по човек претплата.

Тоа што ви има продавано приказна за пензиите, со тие пари ако немаш недвижност ќе преживееш точно 1 недела.

Тоа што студентите имаат поволни кредити е точно, само што за разлика од мкд каде цел факултет ќе те кошта 10к евра, овде ќе искешираш 150к долари и првите 5 години нема да ти остане ни цент од платата оди ќе враќаш студентски кредит.

Ако е во некоја населба со балканци може и тераат такви фешти со комшиите, имам живеено во 5 населби откако сум дојден, и освен едно здраво никој не ти кажува ни збор повеќе.

Во Кино ти е 17-25 карта по човек, во аквариуми и слично ти е по човек 20-60, јаболка 4 долари кг, авокадо 1.5-2.5 долари парче, лубеница најефтино што ја видов беше 2.5 долари за кг, грозје најефтино 4.5 долари инаку отиде и до 15 долари за кг, компири 2.5-3 долари за кг и тн. Ете ви линкови погоре и разгледајте ги.
Автоматски споено мислење:

Фала на одговорот, баш заради дискусија ги поставив овие мислења, знам дека Австралија е добра држава за живот, ама ова што го има таа напишано ми изгледаше премногу совршено за да е вистинито, особено тоа што цените во МК биле далеку поголеми од Австралија, а Австралија е една од најскапите земји за живот. Личноста која ги напишала мислењава била родена и растена во Мелбурн, а нејзините родители биле имигранти.
Епа треба нејзините да напишат како поминале, не таа. Лесно е ако ти ја поставил некој подлогата, генерално најтешко минува прва генерација на иселеници.
 
Последно уредено:
Член од
27 април 2024
Мислења
8
Поени од реакции
3
Епа ме претекна, само што сакав да прашам дали е мислењево од 95та :)

Има подлажувано за платата ако е од тој период, тогаш минимална била околу 700 неделно, сега е 23.23 по саат или 882.80 неделно.

Куќите тие што биле 400к во тој период, сега се околу 800-1м, и нема поефтина куќа од 700к (ни во најдалечна периферија), townhouse во поголеми градови и нивна периферија е над 600к (најчесто околу 900-1м). Ратите за отплата на овие се по 3.5-5k месечно.

Врска нема и за далечината на плажите, можеби толку мрднала од каде што ја однеле, имаш Австралијци кои не го виделе морето во нивен живот, и во големите градови што се на море може да имаш и по 4 саати возење до плажа.

Мислам дека не држи вода и тоа со еднократниот за новороденче, еве линк:

За деца плус дневниот смештај е изгор, може ако се легнати на социјално/на минимална за нив да е ефтино, инаку 120-170 долари на ден (ако си државјанин или перманент дава државата за 2-3 денови неделно).

Цените во маркет се исто барем двојно од тоа што пишала (говедско мелено може за 10 долари за кг, чисто месо е 20тина најчкарт делови, и над 40 за бифтек), еве линк од двата најголеми маркети, имаат онлјан цени на се:

Сметките, за струја кај мене за 2ца во куќа доаѓа околу 150-180$ месечно, за вода еве колку доаѓа на тромесечие, сепак ова зависи од општината:
Прегледај го приврзокот 414509

Интернетот тешко да најдеш под 60 долари месечно (само интернет, кабелска ти е над тоа, плус додај ги сите сервиси нетфликс, бинџ) просек околу 120 ти се само интернет и ТВ.
Мобилни нема како кај нас припејд каде пушташ колку да стои картицата, најефтини понуди ти се 1$ на ден за 30дневен план, инаку генерално 50-150$ по човек претплата.

Тоа што ви има продавано приказна за пензиите, со тие пари ако немаш недвижност ќе преживееш точно 1 недела.

Тоа што студентите имаат поволни кредити е точно, само што за разлика од мкд каде цел факултет ќе те кошта 10к евра, овде ќе искешираш 150к долари и првите 5 години нема да ти остане ни цент од платата оди ќе враќаш студентски кредит.

Ако е во некоја населба со балканци може и тераат такви фешти со комшиите, имам живеено во 5 населби откако сум дојден, и освен едно здраво никој не ти кажува ни збор повеќе.

Во Кино ти е 17-25 карта по човек, во аквариуми и слично ти е по човек 20-60, јаболка 4 долари кг, авокадо 1.5-2.5 долари парче, лубеница најефтино што ја видов беше 2.5 долари за кг, грозје најефтино 4.5 долари инаку отиде и до 15 долари за кг, компири 2.5-3 долари за кг и тн. Ете ви линкови погоре и разгледајте ги.
Фала на одговорот, баш заради дискусија ги поставив овие мислења, знам дека Австралија е добра држава за живот, ама ова што го има таа напишано ми изгледаше премногу совршено за да е вистинито, особено тоа што цените во МК биле далеку поголеми од Австралија, а Австралија е една од најскапите земји за живот. Личноста која ги напишала мислењава била родена и растена во Мелбурн, а нејзините родители биле имигранти од Македонија.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.330
Поени од реакции
11.174
Фала на одговорот, баш заради дискусија ги поставив овие мислења, знам дека Австралија е добра држава за живот, ама ова што го има таа напишано ми изгледаше премногу совршено за да е вистинито, особено тоа што цените во МК биле далеку поголеми од Австралија, а Австралија е една од најскапите земји за живот. Личноста која ги напишала мислењава била родена и растена во Мелбурн, а нејзините родители биле имигранти од Македонија.
Ептен преубеличување има, работава фали го туѓото куди го своето
15мин до плажа од било кој град :masa:
Вчера на тв24 мислам еден дечко од Ау даваше интервју каде спомна дека пред неколку год со 50долари ставал нафта, ке испиел неколку пијачки и за назад ке јадел за тие пари сега само за нафта толку давал
 
Kajgana Shop

На врв Bottom