Во Австралија има 93.570 Македонци
Австралиското биро за статистика денес ги објави првичните резултати од минатогодишниот попис на населението што се одржа во оваа земја што покажуваат дека Австралија има 22.488.300 жители, од кои 93.570 се изјасниле дека се со македонско потекло. Резултатите од последниот попис во 2006 година биле 83.978 Македонци.

Македонскиот јазик го зборуваат 68.849 жители на Австралија (на пописот од 2006 година оваа бројка беше 67.833). Од овие 93.570 Македонци во Австралија, 40.656 се родени во Македонија.
На средбата со претставници на Австралиското биро за статистика почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески ги поздрави овие резултати за македонската заедница, кои се нов импулс за развојот на македонската заедница во Австралија, како и за развојот на билатералните односи со Република Македонија.
извор
Па нема многу Македонци во Австралија искрено очекував поголема цифра