Благодарам на информациите, со англиски стојам солидно меѓутоа ке ми треба секако дополнителна мала подготовка околу полагањето на иелтс, годините мислам дека не се проблем имам 31 год сум оженет и имам синче, е сега разгледувајки ги начините и условите за емиграција и во канада и австралија не можам да разберам дали доколку се аплицира за skilled visa секогаш е потребно да имам обезбедено работа т.е договор со работодавач од државата во која емигрирам. Во намерата за иселување сум дефинитивно одлучен и преферирам Австралија, па доколку веќе имаш информации би било од голема корист за мене. Имав контакт со агентка од битола меѓутоа толку сум разочаран од соработката со неа и толку непрофесионално ме откачи 2-3 пати одење штип - битола и да договорам средба со неа и да ми каже за 5 мин дека требало да разгледа како би можел итн итн да не должам.
За почеток разгледај ги овие страни. Прочитај и малку повеќе за индустријата посебно за климата, знам дека на многу места бараат луѓе што имаат искуствно со таква клима. Размисли и каков живот сакате овде со оглед на тоа дека не идеш сам. Дали ти одговара FIFO - fly in fly out или сакаш да живееш во рударско место.
http://www.miningaustralia.com.au/home
http://www.thisisourstory.com.au/
Доколку имаш релевантно искуство (кажи малку повеќе што си работел, што инжинер си, знам спомна рударски ама што специјализираш, што точно искуство имаш) мислам дека си еден од ретките кој и би можел да најдеш работа пред да стапнеш овде. За тоа најдобро да разгелдаш кој агенции за работа работат со кадар како тебе и да ги контактираш нив. Јас би ти препорачал Свифт, они имаат канцеларии во Перт и Бризбен. Сакаш да збориш со Kionie Majcen - +61 8 9214 3726, email
kionie.majcen@swiftwwr.com они работат со инжинерски кадар за во рудниците.
http://www.swiftworldwideresources.com/
Други контакти што може да ти послужатЧ
- Hilary. Еве ти детали од неа -
hilary.martin@hays.com.au тел +61 8 9226 5766.
- Jesse Mallett +61 2 9285 1022, Оваа е во Сиднеј работи повеќе со производство ама и инжинери, пробај да ја најдеш на линкедин или на друг начин немам емаил од неа. Еве ти веб страна каде работи, види таму ако ја најдеш
http://www.progressivege.com/ . Пред некој ден кукаше дека му треба production engineer...
Почни со овие, штом добиеш виза кажи ќе ти дадам уште некој контакти што ги имам, ова ти е ваљда доволно за почеток.
Би ти препорачал да направиш ОДЛИЧЕН профил на линкд ин. Разгледај убаво што е ОДЛИЧЕН и направи ПРЕД да ги контактираш агентите. Значи препораки е една работа, резиме е друга ама се почесто и ова проверуваат, сакаат да знаат дека стварно имаш колеги, искуствно и си работел каде што си работел. Фокусирај се на ова, потроши време ВРЕДИ не само за сега него и за понатака.
Имај на ум дека за да стапнеш во рудник овде ќе мора да поминеш обука/курсеви во австралија. Работодавецот ќе ги плати (коштаат и до кај 30 000 долари) ама мора да е сигурен дека ќе останеш со нив подолг период. Кога ќе збориш со агентот и работодавецот објасни му дека со генрации сте рудари и дека од секогаш само ова си сакал да го работиш, доаѓаш и си живеел во мал рударски град (збори ко да си од Македонска Каменица или Пробиштип ако треба) итн итн, ова е она што МОРА да го слушнат за да почнат сериозно да гледаат во тебе како добар кандидат. Влогот во тебе (обуката) не е мал, така да треба да се 200% сигурни дека ќе ги вратат средствата.
Не брзај. Кога ќе добиеш виза РАЗГЛЕДАЈ и пробај со агентите за работа пред да отидеш во Австралија. Перт, Аделаид и Бризбен се центрите (рудниците се во внатрешноста) и ќе биде ГОЛЕМА заебанција ако донесеш погрешна одлука каде првично да се преселиш. Перт - Бризбен ти е поголема дистанца од Скопје - Москва.
Разгледај и за state sponsored viza или така нешто. Прочитај го форумот од почеток или побарај една тема за Аделаид. Пред година дена мислам имаше еден дечко со ИТ што така доби виза за Јужна Австралија (Аделаид) па може да видиш што и како поточно он правел. Знам дека едно време се збореше за специјални визи за рударство или олеснувања ама не сум сигурен што стана. Разгледај мислам за тебе и тоа би ти идело во прилог.
Со среќа па кажи што си направил...