Како се вовело обожувањето на дева Марија - Богородица

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Хмммм, никако да ми тектнит, шо би можел јас да Ви честитам.....:confused:

Имате ли уопште некој празник, или Вија славите „онака„, на зборови, у стилу „..ние го славиме само Бога...„, а како, каде, зашто и сл. то уопште не е битно нели? Битно е само дека славите...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Една од попознатите богохулни молитви е познатата „молитва до Пресвета Богородица“. Неа можете да ја прочитате на следниов линк:
http://preminportal.com.mk/content/view/2825/54/

Овде би сакал да издвојам одредени стихови од таа молитва и да ги анализирам преку призмата на Божјото Слово:

Во твои раце ја предавам мојава душа.

Христос, Давид, маченикот Стефан итн сите Божји луѓе во Библијата на Господ Му ги предале своите души, а не на блажената Марија.

"Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината." (Псалм 31:5, Библијата)
"Тогаш Исус извика со силен глас: „Татко, Го предавам Својот дух во Твои раце." (Лука 23:46, Библијата)
"И фрлаа камења на Стефана, кој повикуваше, велејќи: „Господи Исусе, прими го мојот дух!”" (Дела 7:59, Библијата)

Радувај се, непорочна Мајко безмажна,

Блажената Марија имала маж - Јосиф.

"на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос" (Матеј 1:16, Библијата)

Подари ми долг век и продолжи ми го животот како некогаш на Езекија,

Господ му го продолжи животот на Езекија, а не блажената Марија.

"Отиди и речи му на Езекија: ‘Вака вели Господ, Бог на твојот татко Давид: „Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи. Ќе те излечам; по три дни ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му додадам на твојот век петнаесет години."
(Исаија 38:5, Библијата)

О Владетелке на ангелите и Господарке на мирот

Господ владее со Ангелите, а не блажената Марија.
Исус е наречен Кнез (Владете) на Мирот, а не блажената Марија.

"Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот." (Исаија 9:6, Библијата)

Царице моја сефална,

Блажената Марија Царица? Библијата конзистентно учи дека има само Еден Цар на Небото - Бог.

Водителке на сите христијани,

На Христијаните водач им е Христос, а не блажената Марија.

„Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.” (Исус, Јован 8:12, Библијата)

О капино несогорлива,

Господов ангел му се јави на Мојсеј преку несогорлива капина, а не блажената Марија.

"Господов ангел му се покажа во распламнат оган од една капина" (Излез 3:2, Библијата)

Ти си лекарка на болните и спасение на светот.

Господ е Лекарот на болните и Спасение на Светот, а не блажената Марија.

Владичице, ти припаѓам,

Христијаните му припаѓаат на Бог, а не на блажената Марија. Всушност, и блажената Марија му припаѓа на Бог, затоа што е Негово создание.

„Зашто ангел од Бога, Кому Му припаѓам и Кому Му служам, застана до мене ноќеска,“ (Апостол Павле, Дела 27:23, Библијата)

Радувај се, Госпоѓо Владичице, повисока од сите!

Исус Христос јавно кажа дека Јован Крстителот е најголем меѓу родените од жена, а следствено и поголем од блажената Марија.

"Вистина ви велам, меѓу родените од жени не се подигнал поголем од Јован Крстител, но, најмалиот во царството небесно е поголем од него. "
(Исус Христос во Матеј 11:11, Библијата)

Некој од католиците и православните забележуваат дека блажената Марија сега е во Царството Небесно и затоа е поголема и од Јован и од сите. Но ова е чудна логика, бидејќи сите христијани се во Царството Небесно, вклучувајќи го и Јован Крстител. А кој какво место и позиција има таму - знае само Бог.

"да се седи од Мојата десна или лева страна, тоа не го давам Јас, туку ќе им припадне на оние, за кои Мојот Татко го приготвил."
(Исус Христос во ев. Матеј 20:23, Библијата)

Со самото тоа што ние се дрзнуваме да делиме позиции и положби на Небото (по некоја си своја логика и критериуми), ние го узурпираме Бог од Божјиот престол и сакаме таа улога да ја земем во свои раце. Такво нешто проба да направи Луцифер, но заради тој обид беше исфрлен од небото. Затоа треба да внимаваме да не го следиме неговиот пример, за да не не снајде и нам истата судбина како него.

Патем, имајте предвид дека Исус ја кажал горната изјава во моментот кога и блажената Марија и Јован Крстител биле на Земјата. Затоа да се оградиме од човечки филозофии и да ја прифатиме Христовата едномислена и јасна изјава дека никој не се воздигнал повеќе од Јован Крстителот.

Радувај се, проповед и слово на сите пророци!

Слово на сите пророци??? Единствен пророк што (маргинално) ја спомнува блажената Марија е Исаија и тоа пророкувајќи за Христос, а не за неа.

Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве, девица ќе зачне и ќе роди син, и ќе му даде име Емануел! (Исаија 7:14, Библијата)

Значи само Исаија и само едно пророштво. За предавникот Јуда, на пример, има повеќе (две) и подетални пророштва отколку за блажената Марија. Оттаму сосема е неоправдано и неиздржано блажената Марија да се нарекува проповед и слово на сите пророци, знаејќи го фактот дека (освен Исаија) тие воопшто не проповедале за неа и воопшто не ја спомнувале во нивните книги/пророштва.

Радувај се, пофалбо на апостолите и добрино на мачениците!

Пофалбо на апостолите? Па апостолите НИТУ ЕДНАШ не ја спомнале блажената Марија во своите посланија. Таа е спомната само еднаш (и тоа маргинално) во почетокот на Делата на апостолите, но ниту еднаш во нивните посланија. Во евангелието по Марко и Јован воопшто и не е спомнато раѓањето на Исус Христос. Очигледно и недвосмислено е дека апостолите проповедале и го славеле Христос, Бог, а не блажената Марија или било кој друг човек.

Радувај се, избавителке моја од погубна смрт!

Бог е Тој што може да не избави од смрт, а не блажената Марија!

„Ете, Бог е мое спасение, се надевам, не се бојам веќе, зашто Господ е моја сила и песна, Тој е мој избавител.” (Исаија 12:2, Библијата)

Радувај се, најславно чудо на вселената!

Најславно чудо? Послано и од Христос, од Христовите чуда? Од Христовото воскресение? Немам коментар!

Радувај се, карпо на верните и спасение на сите луѓе!

Христос е карпата на верните и спасение на сите луѓе, а не блажената Марија!

„...зашто пиеа од духовната Карпа, која ги следеше, а таа Карпа беше Христос.“ (1 Коринтјаните 10:4, Библијата)

Радувај се, безбедност на сите умрени!

Тешко им на умрените ако се надеваат на Марија.

Радувај се, застапничке моја во денот на Судот!

Христос ќе биде нашиот застапник на Судниот ден.

"Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?" (Римјаните 8:34, Библијата)
"и ако некој згреши, имаме Бранител при Таткото: Исус Христос, Праведникот." (1 Јованово 2:1, Библијата)

Радувај се, најопеана наша заштитничке и покровителке!

Поoпеана и од Бог? Бог е нашиот заштитник и покровител!

Радувај се, ти што на владетелите слава им даваш!

Господ им дава (земна) слава на Владетелите!

Пресвета Владичице, под твоја заштита припаѓаме сите,

Не сите! Христијаните припаѓаат под заштитата на Господ.

Владетелке на светот и Господарке на сите,

Господ е Владетел на светот и Господар на сите (вклучувајќи ја и блажената Марија), а не таа!

Заклучок: Христос, а не блажената Марија!

Еден од клучните слогани на реформацијата на Црквата бил и сеуште е: Soli Deo Gloria! (Само Божјата слава!)
Ова што го пишувам се однесува на демантирање на лагите изнесени од некој.
Како прво:
Богородица, света Дева Марија, НЕ СЕ ОБОЖУВА. Само Бог се обожува.
Така, со самиот наслов на темата, дали од незнаење или намерно се прави обид да се омаловажи и исмее Бог, со изедначување на Бога со едно негово создание.
Кога ова доаѓа од некој кој се декларира како верник и кој ги познава Писмата, тогаш ова е неразумно, освен ако не е со подли намери.
Второ, ако намерата на некои е да прават дезинформации и на тој начин се обидат на помалку упатените да им пласират лага наместо вистина, гадно самите се прелагале. Некои можеби ќе им поверуват на ваквите интриги, но има и други постови во кои се изнесува ВИСТИНАТА.
Трето: Света Дева Марија, Богородица, се почитува. Како што во оној свет кој што не го гледаме Бог има ангели кои му служат, и кои имаат одредена хиерархија, така и чинот што го има света Дева Марија, Богородица, е само нејзин, и на никој друг. И по тој чин се почитува и слави.

А да му одговорам и на овој погоре.
користи цитати од Светото Писмо, па и јас че му одговорам со цитат од светото Евангели по Лука, 1,26-28

А во шестиот
месец беше испратен од Бога ангелот Гавриил во галилејскиот град, по име Назарет,
27. при една девојка,
*свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката $ беше Марија.
*Мат.1,18;
28. И кога
влезе ангелот при неа, рече: <Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!”

Господине, како што читаш, во Евангелието е запишано и тоа го сведочи следново:
Бог Господ испраѓа АНГЕЛ, не човек, не пророк, туку Ангел. тој Ангел, по име Гавриил го знае и го гледа она што човек не може да го знае или види, бидејќи е Ангел а не човек.
Потоа тој Ангел вели: „... благодатна! Господ е со тебе!“
Што значи ова, ако не дека во Дева Мрија е Благодатта Божја, милоста Божја, и дека во неа нема никаква друга благодат освен Божјата. Уште сведочи:
Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените.
Не е тоа благослов од пророк, не е тоа прорпштво од пророк, туку СВЕДОШТВО на Ангел испратен до Дева Марија, да преку овој Ангел ја дознае милоста и благодатта која Бог и ја припремил и славата што ќе ја има.
На ова не очекувам реплика, затоа што ова не е речено од човек, па да му реплицираш, туку од Ангел кој токму за ова е испратен да го каже.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
277
Поени од реакции
29
Хмммм, никако да ми тектнит, шо би можел јас да Ви честитам.....:confused:

Имате ли уопште некој празник, или Вија славите „онака„, на зборови, у стилу „..ние го славиме само Бога...„, а како, каде, зашто и сл. то уопште не е битно нели? Битно е само дека славите...
Славиме само она што е достојно за Слава, а тоа е Бог! А.... каиши, сандали, цокули....и „остале ствари“.......ЈОК!!!

А да! Имаме и празници кои што се поврзани со Бога, а не со „остале ствари“, така да тие празници ги славиме. Како што се: Божиќ, Великден, Спасовден, Духовден...и ред други.
--- надополнето: Sep 16, 2011 8:59 AM ---
А да му одговорам и на овој погоре.
користи цитати од Светото Писмо, па и јас че му одговорам со цитат од светото Евангели по Лука, 1,26-28

А во шестиот
месец беше испратен од Бога ангелот Гавриил во галилејскиот град, по име Назарет,
27. при една девојка,
*свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката $ беше Марија.
*Мат.1,18;
28. И кога
влезе ангелот при неа, рече: <Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!”

Господине, како што читаш, во Евангелието е запишано и тоа го сведочи следново:
Бог Господ испраѓа АНГЕЛ, не човек, не пророк, туку Ангел. тој Ангел, по име Гавриил го знае и го гледа она што човек не може да го знае или види, бидејќи е Ангел а не човек.
Потоа тој Ангел вели: „... благодатна! Господ е со тебе!“
Што значи ова, ако не дека во Дева Мрија е Благодатта Божја, милоста Божја, и дека во неа нема никаква друга благодат освен Божјата. Уште сведочи:
Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените.
Не е тоа благослов од пророк, не е тоа прорпштво од пророк, туку СВЕДОШТВО на Ангел испратен до Дева Марија, да преку овој Ангел ја дознае милоста и благодатта која Бог и ја припремил и славата што ќе ја има.
На ова не очекувам реплика, затоа што ова не е речено од човек, па да му реплицираш, туку од Ангел кој токму за ова е испратен да го каже.
И што докажа со ова????? Не можам да ти ја разберам поентата, што сакаше да докажиш!!?????
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Славиме само она што е достојно за Слава, а тоа е Бог! А.... каиши, сандали, цокули....и „остале ствари“.......ЈОК!!!

А да! Имаме и празници кои што се поврзани со Бога, а не со „остале ствари“, така да тие празници ги славиме. Како што се: Божиќ, Великден, Спасовден, Духовден...и ред други.
Аааааа, значи, Вие Го славите Бога, така што Го славите Бога, не?
И од кај знаете дека Божик или Великден се токму на Божик и на Великден? Кај е то одредено во Светото Писмо?

И тркни на Матеј, 9.21 и кажи ми што пишуе...
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Славиме само она што е достојно за Слава, а тоа е Бог! А.... каиши, сандали, цокули....и „остале ствари“.......ЈОК!!!

А да! Имаме и празници кои што се поврзани со Бога, а не со „остале ствари“, така да тие празници ги славиме. Како што се: Божиќ, Великден, Спасовден, Духовден...и ред други.
--- надополнето: Sep 16, 2011 8:59 AM ---

И што докажа со ова????? Не можам да ти ја разберам поентата, што сакаше да докажиш!!?????
Кога нешто на некој протестант не му влегува во контекст, го вели ова што го вели, а тоа е НИШТО, ПРАЗНО МНОЖЕСТВО.
Зошто е тоа така? Што им фали на протестантите за да го разберат Бога?
 
Член од
4 февруари 2011
Мислења
23
Поени од реакции
10
Што вели Библијата за улогата на Марија, мајката на Исус?
Марија мајката на Исус има епизодна, измешана улога во Светото Писмо. Прво што станува јасно на секој читател на Новиот завет е дека таа игра навистина многу кратка и епизодна улога.
Впрочем, Марија не е ниту спомната во писанијата на Апостолот Павле, Петар, Јаков, Јуда, Јован. Исто така, во Евангелието по Марко и во Евангелието по Јован таа не е спомнато нејзиното раѓање на Исус Христос. Зар е можно Марија да има толку значајна улога во животот на црквата и на христијаните, а сите овие Библиски писатели, Апостоли и Евангелисти да не ја увидат таа нејзина важност?
Второто што е интересно е дека Марија, таму каде што е спомната, не е опишана во суперлативи, туку најчесто е критикувана. Во целото Свето Писмо опишани се само 6 случки од животот на Марија, а во три од нив, таа е укорена од Исус. Еве ги тие случки:

(1) Раѓањето на Исус
(2) Принесувањето во храмот (како бебе)
(3) Одењето во храмот (како дете)
(4) Свадбата во Кана
(5) Доаѓањето при проповедта на Исус
(6) Пред Исусовиот крст

Во три од овие случки (под редните броеви 3, 4 и 5) Марија е укорена од Исус заради нејзиното слабо разбирање на духовните вистини. Еве ги тие моменти:
3. (Доаѓањето во Храмот, Лука 2:43-50) „По празникот, тие тргнаа дома, а Исус остана во Ерусалим без знаење на Неговите родители. Мислејќи дека е некаде меѓу патниците, тие патуваа цел ден, барајќи Го меѓу роднините и пријателите. Бидејќи не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат таму. По три дена Го најдоа во храмот, каде што седеше со еврејските учители, ги слушаше и им поставуваше прашања. Сите што Го слушаа беа одушевени од Неговите умни одговори. Кога Го видоа, Неговите родители се изненадија, а мајка му Му рече: „Зошто ни го направи тоа, чедо мое!? И татко ти и јас се изнамачивме барајќи Те!“ Тој им одговори: „Зошто сте Ме барале? Зар не знаевте дека Јас треба да бидам во служба на Мојот Татко!?“ Но тие не го разбраа Неговиот одговор.“
Уште во првиот дијалог запишан во Библијата меѓу Исус и Марија, станува јасно дека Марија нема разбирање за духовната служба на Исус, и е укорена заради тоа.
4. (Свадбата во Кана, Евангелие по Јован 2:3-4) „Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“ „Зошто ме вовлекуваш во ова, жено?“ - и одговори Исус. „Моето време се уште не е дојдено!“
Впечатлив е остриот тон со кој Исус и се обраќа на Марија, дури нарекувајќи ја „жено“, наместо „мајко“.

5. (Доаѓањето при проповедта на Исус, Матеј 12:46-50; Марко 3:32-35; Лука 8:19-21) „Тогаш пристигнаа мајка Му и браќата на Исус. Стоејќи надвор, тие испратија некого да Го повика. Токму тогаш околу Него се беше насобрал многу народ и некои меѓу нив Му рекоа: „Ене ги надвор мајка ти, браќата и сестрите Твои и Те викаат!“ А Тој им одговори: „Која ми е мајка и кои ми се браќа и сестри?“ Покажувајќи на седнатите околу Него, додаде: „Еве ги мајка Ми и браќата Мои! Секој што ја извршува Божјата волја ми е и брат и сестра и мајка!“
Повторно гледаме една интересна конфронтација меѓу Марија и Исус, каде што Исус и става на знаење дека вистинското Негово семејство се духовните браќа и сестри, а не крвните роднини.

Освен овие три случки, запишан е уште еден дијалог со Исус, во кој се спомнува Неговата мајка (иако не била присутна во тој момент). Всушност, една жена доаѓа кај Исус воодушевена од Него, но заради тоа ја благословува мајката на Исус. Еве го дијалогот во целост:
„Додека Исус го кажуваше ова, од народот се огласи една жена, и рече: „Благословена е жената што Те родила и одгледала!“ Тој и одговори: „Уште поблагословени се оние што ја слушаат Божјата порака и ја спроведуваат во дело!““ (Лука 11:27, 28)

Уште еднаш се гледа дека Исус не и придавал никакво посебно значење на Марија како Негова мајка, туку напротив повторно ја приземјува нејзината улога, велејќи дека поблагословен од неа е секој послушен христијанин.

Се разбира, не е важно само тоа што Библијата и Исус го велат за Марија, туку важно е и тоа што НЕ го вели. Никаде во Светото Писмо Марија не е наречена Владичица, Пресвета, Пречиста, Спасителка, па дури никаде не е наречена ниту Богородица. Овој факт не смее да се занемари. Исто така, никаде не се спомнати молитви кон Марија. Никаде ниту Исус, ниту Апостолите, ниту Евангелистите не напишале дека треба да и се молиме на Марија. Напротив, во Светото Писмо се осудува секоја молитва која не е упатена кон Бог.

Никаде во целото Свето Писмо (Библијата) не е запишано ниту едно чудо кое Марија го направила. Дури, гледаме дека при свадбата во Кана, таа го молеше Исус да направи чудо. Зошто би го молела, ако самата имаше таква моќ? Зошто самата не ја претвори водата во вино?

Никаде дури не е запишано ни дека останала Девица по раѓањето на Исус. Има барем три стихови кои сугерираат дека после Исус, Марија имала и други деца. На пример, во Евангелието по Матеј 12:46 учениците му велат на Исус:
„Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.“ Матеј 12:46

Исто така, при враќањето во Назарет, неговите жители си зборуваат меѓу себе:
„Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка му не се ли вика Марија, и браќата негови- Јаков и Јосија, Симон и Јуда? И сестрите Негови не се ли сите меѓу нас?“ Матеј 13:55-56
Третиот стих е исто така интересен. Во него се вели:
„И (Јосиф) не се доближи до неа, додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.“
Матеј 1:25
Од овој стих јасно се гледа дека Јосиф не се "доближил" до Марија т.е. немал однос со неа додека таа не го родила Исус, што алудира на тоа дека потоа Јосиф се доближил до неа. Инаку стихот би гласел „никогаш“, а не „додека“.

Исто така стихот не вели "единороден", туку "првороден", што алудира на тоа дека по Исус следеле и втородениот, третородената итн.
Ако Исус бил единствен син на Марија, ќе бил наречен Единороден, како што за Исус често се вели кога е во релација со Бог Таткото, а никаде кога е во релација со Марија. Значи Библијата секаде вели дека Исус бил првороден на Марија и единороден од Отецот.
Едноставно, Светото Писмо вели дека Марија „нашла милост пред Бог“ (Лука 1:30) за да биде родилка на Исус. Штом е заради милост, јасно е дека не е заради заслуги. Исус никаде во своите бројни проповеди не рече дека Марија е одличен пример, никаде не спомна ниту дека треба да и се молиме.

Како постапувале раните христијани кон Марија?

Освен Библијата, интересно е да се забележи и дека раните христијани не и придавале никакво посебно место на Марија.

На пример, нема никаква потврда од најраните историски записи, дека со телото на Марија се случило било што мистериозно. Нејзиниот гроб (иако не е научно верифициран) најверојатно се наоѓа во Ерусалим, спротивно на тврдењата дека живеела и умрела во Ефес (денешен Измир, некои 1500 км подалеку). За тоа време, нечуено е мртво тело да се пренесува на толкава огромна оддалеченост пред да биде закопано.

Најраните шпекулации и измислувања на неточни приказни за животот и смртта на Марија се појавуваат тек околу 5 века после нејзиниот живот. Се започнува со дебатата на Третиот Вселенски Собор (431 г.) околу тоа како да се нарече Марија: Христородица или Богородица? Во таа дебата, во која христијаните биле остро поделени, преовладува мислењето дека зборот Христородица може да имплицира дека Христос не е Бог и затоа е подобро да се каже Богородица. Забележително е од документите на овој Вселенски Собор, дека темата не била Марија, туку Исус. Заради почитта кон божественоста на Исус, христијаните од 5-тиот век не сакале да остават никаков сомнеж дека тој навистина е Бог. Кирил Александриски кој го застапувал гледиштето дека треба да се користи терминот „Богородица“, јасно истакнува дека овој збор не имплицира ништо за природата на Марија, туку единствено имплицира нешто за природата на Исус.

Но оваа несмасна терминологија, која за прв пат се користи за Марија, ќе биде вешто искористена од спрегата на политичката-црковната власт, која ќе сака христијанството да го направи единствена религија во Римската империја. Наместо да ги искоренуваат паганските божици од свеста на варварското население, тие смислиле навидум Соломонско решение: наместо паганските божици, сега луѓето ќе можат да ја светкуваат христијанската Богородица.

Зачудува фактот што се до 6-8 век, немаме никакви записи за наводното чудесно раѓање на Марија, за нејзиното наводно вознесение, ниту за нејзините чуда. Зар е можно во првите 6 векови (оние кои биле најблиску до самите случувања) никој од раните христијани да не запишал дека Марија имала безгрешно зачнување, дека имала чудотворна моќ, дека не умрела туку се вознела на небото? Зошто ова не го наоѓаме ниту во списите на Иринеј, ниту Тертулијан, ниту Августин, ниту Ориген, ниту Јован Златоуст, ниту Јероним, ниту во ниту еден од раните црковни мислители?

Зошто дури имаме и спротивни изјави, како онаа на Кипарскиот Митрополит и светец според Православната црква Епифаниј, кој во 377 година запишал дека „никој не знае како завршила Марија“? Ако никој не знаел се до 377 година, како тоа некој „дознал“ во 600 или 700 година? Јасно е дека записите од 6-8 век за животот на Марија се фалсификати, бидејќи тоа би било слично како ние денес да пишуваме за животот на царот Самоил, кои претходно никој не ги запишал!

Дали е оправдано да се продолжи со молење и обожување на Марија?

Штом е јасно дека во Светото Писмо Марија игра епизодна и честопати негативна улога, а исто така е очигледно и дека раното христијанство 600 години не ја обожувало Марија, тогаш оправдано ли е ние денес да и се молиме и да ја обожуваме?

За оние кои сакаат да бидат доследни на учењето на Христос, на Евангелистите и на Апостолите, како и на праксата на раните христијани, одговорот е едноставен: не! Ние можеме да продолжиме со праксата на молење кон Марија, но само со претходната свест дека сме отстапиле од вистинското христијанско учење и сме прифатиле лажни учења од средниот век.

Сепак жално е што некои христијански служители продолжуваат да го промовираат култот на Марија, бидејќи претставува еден од најдоходовните приходи. Но со ова тие прават опасен грев и преседан: бидејќи наместо чистата Божја наука, тие проповедаат исклучиво заради своја материјална добит.

Особено одвратни во Божјите очи се празниците посветени на Марија, кои во нашиот народ се претворени во најобични панаѓури. Луѓето наместо црквите да ги користат како места на кои можат да се поучат за Бога, да му се помолат и да го обожуваат, тие одат за да си купат гаќи, чорапи, влечки, амајлии, за да се нагостат и напијат. Гнасно е Божјиот дом да се претвора во стоковна куќа или во кафана.

Се надеваме дека овој напис ќе даде свој скромен придонес кон освестувањето на македонската јавност од искривената претстава што ја имаме како Македонци за Марија, како и враќање кон искрената и чиста вера проповедана од Христос и од Апостолите.

Извор: http://www.veronauka.com.mk/osvrt/marija.html
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еј! На Чорба му се свиѓа текстот преземен од неговиот сајт. Колку богоугодно!

Like!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.451
Поени од реакции
58.578
Еј! На Чорба му се свиѓа текстот преземен од неговиот сајт. Колку богоугодно!

Like!
Чек сега, пошто многу групи се створија не можам да пратам кој е кој: Чорба е од повторно родените или...?

Да не сум оф-топик а осеќам дека ќе биде многу интересно: некој од католичките (па и од православните) пријатели да не просветли за крајот на животот на Дева Марија?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.729
Поени од реакции
12.162
Чек сега, пошто многу групи се створија не можам да пратам кој е кој: Чорба е од повторно родените или...?

Да не сум оф-топик а осеќам дека ќе биде многу интересно: некој од католичките (па и од православните) пријатели да не просветли за крајот на животот на Дева Марија?
Ако православните и католиците се windows xp sp3 professional и enterprise изданија, Чорбаџија според софтверскиве споредби е ваљда windows 7 premium
У 2 збора, Чорбаџија е протестант.

А кај ги снема Мики1 и Чорбаџија? Вие прашувате, нема кој да ви одговори.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.451
Поени од реакции
58.578
Оваа приказна...не е библиска. Дури вика дека апостолите Петар и Павле на свои раце го носеле одарот на пресвета Богородица. Чудно што апостол Павле не се сетил да напише збор-два за ова во секој случај важно и сигурно незаборавно искуство.

Како и да е, мислам дека католиците имаат уште „повесела“ приказна па би ги замолил да ни објаснат.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Оваа приказна...не е библиска. Дури вика дека апостолите Петар и Павле на свои раце го носеле одарот на пресвета Богородица. Чудно што апостол Павле не се сетил да напише збор-два за ова во секој случај важно и сигурно незаборавно искуство.
Ти не рече да ти дадеме Библиски цитат него:

некој од католичките (па и од православните) пријатели да не просветли за крајот на животот на Дева Марија?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Оваа приказна...не е библиска. Дури вика дека апостолите Петар и Павле на свои раце го носеле одарот на пресвета Богородица. Чудно што апостол Павле не се сетил да напише збор-два за ова во секој случај важно и сигурно незаборавно искуство.

Како и да е, мислам дека католиците имаат уште „повесела“ приказна па би ги замолил да ни објаснат.
Павле не се сетил никаде во сите свои посланиа да напиши и еден збор за мајката Боќја. Не ја ни споманал дека постела а ти сакаш и анегдоти од некзин живот.
Нигде Павле со ниту еден збор не спомна ни безгрешно зачнување.
Би рекол чоек, дека Павле и појма немал која била мајка на Исус и дека зачнала безгрешно.... како сето тоа да е измислено и придодаенопосле и Исуса и Павла.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Еве дел од текстот:
„Додека ги давала пред смртта овие упатства, одеднаш со голем татнеж се насобрале многу облаци и го опкружиле домот на Св. Јован Богослов; зашто по Божја заповед Светите Ангели ги собрале Светите Апостоли расеани по разните краишта на вселената за да го проповедаат Евангелието и неочекувано ги донесле на облаците и ги спуштиле пред вратата на куќата во која живеела Мајката Божја. “

Замислете, сите апостоли јавајќи на облаците дошле до куќата на Богородица. На крајот од текстот се вели и дека Богородица воскреснала на третиот ден (слично на Христос) и дури им рекла на апостолите: "Радувајте се, ќе бидам со вас навек.."(слично како што и Христос рекол)

Какво драматично и сензационално искуство на апостолите.
Замислете си ангели да во носат на облаци... мечтаење
Замислете да видете уште едно воскреснато тело...
Зарем не би го запишале ова во вашиот дневник? Зарем не би го напишале ова во вашето писмо до вашите браќа и сестри од другиот град?
Чудно, но апостолите, иако според наведеното житие, го доживеале сето ова тие сепак не изустиле ниту една буква во своите посланија? Никој ништо не напишал, никој ништо не спомнал за ова драматично и спектакуларно искуство во своите посланија.
Апостол Лука пишувајќи за делата на апостолите напишал 28 поглавја детални случки, патешествија, авантури, згоди и незгоди на апостолите, но заборавил да напише за нивното патување на облаците со ангелска придружба и за нивното сведоштво за УШТЕ ЕДНО воскресение и вознесение покрај Христовото?
Замислете, тоа го заборавил и апостол Јован, и апостол Јаков, и апостолот Петар, и апостолот Јуда. размислување
Па дури и Павле во своите 13 посланија до разните цркви заборавил и да го спомне пресветото и пречистото име на пресветата владичицата богородица, а камо ли да спомне за ова спектакуларно доживување на апостолите. Во своето писмо до христијаните во Коринт, тој на долго и широко зборува за воскресението на мртвите, но повторно, дури и во овој контекст, тој не го спомнува воскресението на пресветата и пречиста владичица богородица.

Што мислите вие, зошто? Зошто апостолите го изоставиле овој спекакуларен детал во нивните посланија? Зошто тие ни маргинално не го спомнале името на пресветата и пречиста владичица богородица - Марија?
ЗОШТО?


Дали можеби затоа што ништо од ова не се случило и сето тоа е продукт на рекла-казала, бабини деветини што се кроеле низ годините додека се оформувал култот за Богородица т.е. нејзиното обожување?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.451
Поени од реакции
58.578
Ти не рече да ти дадеме Библиски цитат него:

некој од католичките (па и од православните) пријатели да не просветли за крајот на животот на Дева Марија?
Така е да. Знам дека нема библиски цитат.

Павле не се сетил никаде во сите свои посланиа да напиши и еден збор за мајката Боќја. Не ја ни споманал дека постела а ти сакаш и анегдоти од некзин живот.
Нигде Павле со ниту еден збор не спомна ни безгрешно зачнување.
Би рекол чоек, дека Павле и појма немал која била мајка на Исус и дека зачнала безгрешно.... како сето тоа да е измислено и придодаенопосле и Исуса и Павла.
Јасно, Павле во оваа приказна е тежок автогол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom