Како против мислите?

C

Cool Hand Luke

Гостин
Мене за жал одамна не ме мачат љубовни и постљубовни тегоби, срцево од камен тоа не го дозволува :) но кога ме мачат други лоши мисли, од душмани, со насмевка совршено им се спротивставувам! КОга ќе им се препуштам на тие мисли права војна водам со нив во која однапред сум осуден на пораз, но кога ќе дадам насмевка сами се одбиваат од мене, испаѓа како да ги исмејувам. Тешка е таа насмевка но е сто посто делотворна кај мене. Само треба да се одржи.
Само биди среќен.
А зошто да бидам среќен?
А зошто да не?
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Со една голема точка на крајот на приказната и вртење нов лист.
Ако е крај нека е крај.. Нови луѓе, нови шеми.. Нов почеток.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
ЗНачи,да не бидеме многу јаки на збор...ќе свртам нов лист,тоа да... нови шеми...нови луѓе... сепак најдобар начин да не мислиме на нештото ...начин кој навистина ми помогнал е тоа да шеткаш значи станува збор за празно пешачење,да одиш на шопинг...шопингот смирува... максимално користење на времето....целосно потполнување на денот,зголемување на обврските...во ниеден случај затворање дома и лежење на креветот и слушање тажни песни... па сега не сме сите силни ама мораме да се потрудиме да заборавиме на нештата :)
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.797
Без разлика дали се работи за период после врска или после одржување на чиста платонска љубов, едноставно одреден период се чувствуваме повредени, отфрлени или несакани... Цело време е дотичниот/та во мислите, без разлика дали сакаме или не. Се ослободуваме од сите предмети кои носат спомени и будат сеќавања за таа личност, но сликите во главата остануваат уште долго време и тешко е да се избришат... Прашањето е, како успешно и побезболно да се избориме против мислите и периодот кога е најтешко?
Па гледам некако да го одглавам вниманието, со тоа што ќе си го окупирам умот за други работи.Значи се зафаќам за некоја работа за која што е потребно да употребам многу енергија и концентрација и ништо не преостанува за останатото нешто.Или трчам (џогирам) по автопат дење на пладне среде лето на 50 степени целзиусови.
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Јас скоро никако не можам против мислите..Се трудам да се зафатам со неои активности, со некои нови работи, ама мислите остануваат само можеби со помал интензитет..Некогаш баш сакам да се изнамислам за на крајот да се изнервирам скроз и да речам у пм ајде батали ...готово со тоа...И после пак нешто друго се појавува за мислење и така без крај :)
 

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
јас не можам против мислите никако...само како што се правам среќен секогаш го оставам изразот насмеан...т.е. како на пауза да ми е...а умот друго си работи....
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Со интензивна физичка активност и со што поголема гужва и врева околу себе.Проверено.
 
Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Многу лесно работа работа и работа. А пак додека сте заедно а осетиш,дека неја бива работава си бараш замена со време, за дане остеиш,како и шо било, а она работа и само работа важи ако си се нашол затекнат во моментот и не си нашол,соодветна замена, и се разбира после работата во слободно време ,смислуваш мали гадости и нивно спроведување :pos2: а !!
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Чисто философска тема и доста интересна, конкретно по неа т.е по прашањето можам да кажам само дека нема начин да не бидеме прогонувани од мислите... единствено смртта можеби е таа која би го прекинала тој болен процес на навраќање кон спомените, минатото и болката причинета од нив... човекот за да биде човек никогаш не треба да прекине да мисли.
мнг депримирачко и песимистичко размислување

Мојата совршена формула во овој случај е едноставна, ќе работиш како луд, а кога нема да работиш ќе се опиваш како луд и едното и другото ќе те уништат ако претераш, ама со тоа ќе ги уништат и мислите.
Среќа за мене е дека ова темпо го живеам многу малку време, недела, две, потоа од никаде, секогаш се појавува некој нов.:nesum:
ова ми е најлогично. Теба или да си преокупиран со друго нешто, или да не можеш да мислиш ама баш на ништо. Сепак, еден мој другар беше во оваа фаза месец дена, и веруј не беше убава глетка
 

Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Хмм ми се погоди темава:pos2:Како против мислите...Најлогичното решение коа јас го најдов да не мислам на одредената работа или личност која ми ја преокупирала главата е работа,учење,читање или било каква занимација која не ве потсеќа на нештото:pipi:
Разговори со блиски,песни и романтични филмови не се препорачливи:wink:
Така уште повеќе се преоптеретувате со тие мисли што не сакате да ги мислите:wink:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Многу лесно против мислите, само доколку не се од срцето...Инаку нема против нив...А воглавно тие мисли идат директно од срце...така да...ајт наздравје
 
Член од
21 октомври 2008
Мислења
178
Поени од реакции
3
ne se boram tuku jas ne ni mislam za sekoja devojka koja me nagraduva so exstazata na pogledot vejke sigurno ziveam vo nov svet
taka da ako postojat 10 devojki vo mojot zivot bes razlika dali se platonski ili ne ziveam vo 10 svetovi sekoja so posebna magija
 

Kajgana Shop

На врв Bottom