Ај јас ке застанам на страната на странците оти гледам тука многу се критикуваат. Ке зборувам конкретно за Швајцарија од кај што се вратив пред 3-4 дена а претходно цел месец го поминав таму (на гости-не на работа).Ке праам споредби со нашава пренајубава држава за да се добие најреална слика.
Прва работа е платата. Таму најниска плата е 4000 F а невработеноста на државно ниво изнесува 2% (економистите најдобро знаат која е минимална невработеност), за разлика од нив, тука просечна плата е нецели 200 евра а невработеноста е околу 50%. За еден месец на македонскиот швајцарец на сметка му одат
минимум 8000 F а сиротото македонче прашање дали се еден или пак двајцата (и маж и жена) се во процентот на невработеноста т.е. нивното изненадување на сметката ке им изнесува околу 200 евра. Што сега со овие пари? Некој погоре спомна ајфон. Швајцарскиот македонец за еден месец ни да јаде, ни да пие, може да си дозволи околу 15 ајфони од 4-те да земеме, а македонскиот македонец треба 3 месеци ни да јаде, ни да пие за само еден ајфон. За бензинот е истата работа-цената таму е иста како и оваа тука па сега вие видите како размислуваат таму-Да одам на работа со гратски автобус или метро или да си одам со кола?! Исхраната, козметичките средства во Швајцарија се скапи, тука нема дилема ама какво е тоа македонче ако не се снајде и не ги заебе дури и на швајцарците-тука е Германија, во Германија истите тие работи се поефтини дури и од Македонија и сега кога би се зафатил со споредби за трошковите за јадење, пиење, миење и тоалетна хартија во споредба со Македонија ај што би било смешно туку би било и трагично. Доста е за платата.
Втора работа-работно време. И тие работаат по 8 саата исто како тука. Јес да контролата е многу поголема и нема многу (читај: пак има) забушавање ама затоа пак те плаќаат. Тука и ко вол да работиш пак нема да успееш ни на сон да ги земеш тие пари. Виселе по скелиња, биле малтерџии бла бла бла. Да, работаат и таква работа, а чекај тука во Македонија нема такви кои работат по згради? Тука дури е и полошо-работаат и на +45 степени.
Трета работа-одморот. Ми падна смешно кога прочитав пред некоја страна како тие земале одмор 3 недели и доаѓале да се чаламат тука. Да. Имаат тие 3 недели одмор ама за тука и не вклучувајќи го патот, идење-враќање се губат 4 дена сигурно плус уште два дена да се одморат од патот и толку е, се прават 26-27. Некој од тука да не добива случајно повеќе годишен одмор? А за одмор преку денот-имаат и тие. И тие завршуваат во 5 или 5 и пол. После ручекот излегуваат и тие на кафе или шопинг.
Ова се само некои минимални споредби на нашиот со швајцарскиот живот. Многумина мислиме погрешно за тамошната ситуација ама верувајте многу е подобро. Што дека јас утре ке завршам факултет и ке земам плата од максимум 400-500 евра (ке биде премија да биде и толку)? Дали ке можам да си дозволам во текот на животот да купам еден стан, кола, и секоја втора година да одам на одмор?
Ситуацијава тука не е на арно, верувајте.
--- надополнето: 8 август 2012 во 13:04 ---
Заборавив да спомнам кај купувањето од Германија-
Плус на граница ти го враќаат данокот! ![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)