Тетин ми, брачед ми, другар ми .... никој мајку му од сопствено искуство?
Незнам кој напиша погоре дека „пустите“ работеле од јутра до сутра од понеделник до петок и едвај викендашки ќе отишле некаде. Пази молим ти се, а ние овде као само у среда и петок работиме и тоа од 10 до 15ч. а?
Не може да се спореди работењето во Германија и во Македонија. Да, и кај нас има луѓе што се утепуваат од работа, ама кај нас повеќето се навикнати на далеку полежерна работа и работни обврски отколку таму. Она што нас ни се чини како "рмбање" таму им е "работа за добро утро". Дисциплината е 10 нивоа над нашата. Не може ни од далеку да се спореди работење во Германија и работење во Македонија. Таму не се работи, се ринта како коњ, и после си добиваш соодветна плата за тоа со која можеш да си дозволиш многу повеќе отколку тука. А, цените, замисли, исти како во Скопје, 90% од цените се комплетно идентични, дури некои работи и помалку чинат отколку кај нас.
Најголем број од Македонците кои работат во Германија работат на места за кои не се потребни големи квалификации, повеќето физичка работа. Сега, помладите генерации одат на интелектуална работа. Но, она што е заедничко за сите - штедат! И тоа многу штедат! Македонците кои ги запознав таму сите беа како Scrooge. Но, не може човек да им замери затоа што поминале сито и решето, повеќето се отидени од што немале друг избор и морале да се снаоѓаат.
Секако, како што веќе кажаа, оние кои не шиткаат дрога, работат
ко црнци, ги штедат парите максимално, но и добиваат соодветна плата со која не е воопшто луксуз да си купат Nike патики или голем телевизор. Конкретно знам за работа како металостругар (ваљда така се вика професијата), во фабрика еден Македонец зема околу 2500 евра месечно што е сосема доволно за прилично удобен живот и со само еден вработен во фамилијата. Па пресметајте која е разликата во стандардот, со исти цени, исти сметки и плата од 2500 евра наспроти 200 што би ги добивал во Македонија и многу е лесно да се сфати како доаѓаат нормално облечени и во "луксузни" коли. А, кога сме веќе кај колите, ретко кој од нив купува нова кола, освен дилерчињата кои се враќаат со оние коли што ги постирате во
темава.
Едит:
Грејвдигер не се прават мутави, туку стварно после одредено време на комуникација само на еден јазик, човек заборава. Јас кога се вратив, бидејќи цело време зборев таму на англиски, првите денови ми беше тешко да се префрлам на македонски, а не изводев
Сестра ми исто кога ќе дојде, меша зборови, на почеток мислев и јас дека се преправа, ама не е така.