Прва работа е платата. Таму најниска плата е 4000 F а невработеноста на државно ниво изнесува 2% (економистите најдобро знаат која е минимална невработеност), за разлика од нив, тука просечна плата е нецели 200 евра а невработеноста е околу 50%.
4000f = 3500 евра
А има и такви со по 6000 франци , 5000 евра.
Мои блиски роднини пред едно 15 години , маж , жена и 4 деца ... 5 плати зимаа , жената не работеше , не дека немало работа.
Да речеме дека сите имале по 4000 франци плата , тоа ти се 20.000 франци и повеќе за еден месец во едно семејство.
Живееја во еден стан , не трошеа многу ... рачунај колку пари издвојувале месечно.
Таму две плати да влезат во семејството , едната да ја трошиш , а другата да ја издвоиш , за една година ќе издвоиш 40.000 евра.
Втора работа-работно време. И тие работаат по 8 саата исто како тука. Јес да контролата е многу поголема и нема многу (читај: пак има) забушавање ама затоа пак те плаќаат. Тука и ко вол да работиш пак нема да успееш ни на сон да ги земеш тие пари. Виселе по скелиња, биле малтерџии бла бла бла. Да, работаат и таква работа, а чекај тука во Македонија нема такви кои работат по згради? Тука дури е и полошо-работаат и на +45 степени.
Првите кои отишле пред повеќе од 20 години , работале тешки физички работи , но имале и повисоки плати заради тешката работа.
Кај нас спротивно е , колку потешка работа , толку пониски плати.
Трета работа-одморот. Ми падна смешно кога прочитав пред некоја страна како тие земале одмор 3 недели и доаѓале да се чаламат тука. Да. Имаат тие 3 недели одмор ама за тука и не вклучувајќи го патот, идење-враќање се губат 4 дена сигурно плус уште два дена да се одморат од патот и толку е, се прават 26-27. Некој од тука да не добива случајно повеќе годишен одмор? А за одмор преку денот-имаат и тие. И тие завршуваат во 5 или 5 и пол. После ручекот излегуваат и тие на кафе или шопинг.
Во Швајцарија имаат одмор и преку лето и зиме.
На годишно ниво имаат едно 2 месеца одмор.
Ова се само некои минимални споредби на нашиот со швајцарскиот живот. Многумина мислиме погрешно за тамошната ситуација ама верувајте многу е подобро. Што дека јас утре ке завршам факултет и ке земам плата од максимум 400-500 евра (ке биде премија да биде и толку)? Дали ке можам да си дозволам во текот на животот да купам еден стан, кола, и секоја втора година да одам на одмор?
Во Македонија можеш да живееш само ако имаш во наследство доволно имот , па да имаш плата од 500 евра , но и така не можеш да живееш поубаво од тој во Швајцарија.
Ти си бил и си видел каков ред постои таму , каква организираност , тоа нам многу ни фали.
Ситуацијава тука не е на арно, верувајте.
Каотична е , ништо не е како што треба.
Заборавив да спомнам кај купувањето од Германија-
Плус на граница ти го враќаат данокот!
Можда си фатил и попусти во Швајцарија , имам ствари од таму кои тука се дупло поскапи.