- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
За жал засега не се оствари моето мислење откога си отиде Харалампие дека новото раководство ќе се фрли на работа и работие ќе почне да ги менува од корен.
А коренот секогаш се најмладите. Според мене многу е важно да се изнајде начин во секоја средина да има можност за младите да играат фудбал во нормални услови и терени. Потребно е да се направат лиги и за најмадите уште од најрана возраст во коски да им влезе тој натпреварувачки дух. Но сето ова неможе да го направи ФФМ туку потребна е помош и иницијатива на локалните жители.
Хрватска може да ни биде само пример како се сака и негува фудбалот. Бидејки почесту сум таму имам можност одвреме навреме да присуствувам на утакмици на дечиња кои имат инзворедни игралишта, соблекувални, реквизити и тн. Можам само да кажам дека по ништо не се разликуват од Германците иако Швабите се многу побогати. Но за најосновни услови не се потребни само пари. Туку и фудбалкса култура и образованост на населението. Конкретно и во Хрватска и во Германија помалите клубови живеат исклучиво од ентузијазмот на локалното население кое во најголем дел со сопствени средства и труд ги одржува ове клубови во игра. Кај нас и она што беше добро веќе одамна е згаснато. Порано во Струмичко секо село имаше свој клуб имаше ривалитет а младите играа фудбал денес на тие игралишта пасат овци.
Затоа според мене не треба да се размислува за големи стадиони и нашата лига која се нарекува прва а реално не е ниту дива лига во нормална фудбалска земја, нетреба да се размислува ниту за репрезентацијата туку најмногу енергија треба да се вложи во обезбедување на услови на секој регион и секое поголемо место за играње на фудбал и натпреварување уште од најмала возраст. Дури потоа треба да се оформат клубови околи кои овие помали ќе гравитираат и од кој ќе црпат кадар. За на крај тоа да допринесе формирање на една здрава лига која ќе има потреба од убави и модерни стадиони.
На крај ќе додадам дека за сето ова што го зборувам не се потребни само пари туку потребен е ентузијазам и желба.